Студенти од ФОН дел од НАТО кампус

Во периодот од 27 јуни до 08 јули, во Центарот за обука „Пепелиште“, се одржува осми по ред меѓународен, високо образовен и одбрамбено-безбедносен проект „Летен кампус 2017“. Оваа година земаа учество питомци од 12 земји како и студенти од Универзитетите во Република Македонија.

Најголем дел од земјите учеснички се водечки земји членки на НАТО меѓу кои Соединетите Американски држави, Германија, Норвешка, Полска, Чешка, Романија, Бугарија, Албанија, Црна Гора, како и земјите од регионот Босна и Херцеговина, Косово, и Република Македонија како домаќин.

Темата на „Летниот кампус 2017“ е миграциските кризи и меѓународниот воен одговор.

На дадената тема своите ставови и видувања ќе ги пезентираат реномирани професори од САД, Велика Британија, Германија, Чешка Република како и професори и експерти од областа од Република Македонија.

Целта на овој проект е меѓусебно запознавање на идните старешини од различни армии преку размена на искуства, дружење и запознавање на културните знаменитости, убавините и историјата на Република Македонија. Истата ќе биде постигната со реализација на планираните предавања во различни градови (Кавадарци, Штип, Дојран, Охрид), како и посета на привремениот транзитен центар на јужната граница „Винојуг“ – Гевгелија.

Оваа година Летниот кампус имаше интересни теми и богата програма, особено што фокусот беше ставен на миграциските кризи и меѓународниот воен одговор, а кампусот беше посветен на 100-годишнината од Дојранската битка во Првата светска војна. „Оваа година Летниот кампус се разликуваше од претходните, по тоа што фокусот беше ставен на академската елаборација на различни теми, но со иста цел – воспоставување на моќна мрежа на идните офицери и нивна подготовка за идна интероперабилност и соработка.

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?