Летна школа на Универзитетот во Валенсија и ФОН

Студенти од ФОН дел од првата летна школа во Валенсија 1 – 8 Јули на тема - Борба против корупцијата и модернизација на јавната администрација: зајакнување на одговорноста во демократијата на 21-от век.

Универзитетот ФОН во соработка со Универзитетот Валенсија ја организираа првата летна школа во Валенсија – Шпанија во периодот од 1 до 8 Јули на која што студенти од ФОН имаа можност да  бидат дел од образовениот проект New Generation Programme каде експертски предавачи од Валенсија се фокусираа на имплементацијата на нови протоколи при добро владеење и јавна администрација, демократски практики и механизми за професионализација на македонското општество користејќи ги европските искуства. 

Темата на летната школа во Валенсија е борбата против корупцијата и модернизацијата на јавната администрација - зајакнувањето на одговорноста во демократијата на 21 век .
Целта на овој проект е да се даде едно длабоко резиме и увид во еден од најрелевантните проблеми со кои се соочуваат јавните администрации во демократијата на 21 век и еден од најсложените предизвици, а тоа е како да се справат со корупцијата и спроведувањето модернизација во јавната администрација преку интензивен сет на часови каде студентите имаа можност за една недела да разменат мислења, идеи и да отворат дебати ,да учат од нивните предавања  и да имаат корист од истите стекнувајќи се со потполно искуство за нивно понатамошно формирање како идни адвокати или судии, државни службеници, избрани офицери, јавни администратори или само активни граѓани.

 
На дадената тема студентите од ФОН кои беа дел од летната школа на Универзитетот во Валенсија - еден од најдобрите универзитети во Шпанија, а воедно и во Европа се здобијаа со сертификат за учество меѓународно признат според ЕКТС системот од Болоња, кој што сертификат им овозможува на студентите поголеми квалификации при барање работа или продолжување на студиите и стекнување на потполно искуство кое во иднина ќе им ја отвори вратата за можности во Македонија и странство насочувајќи ги како да ги бранат интересите на својата земја и успешно да ја насочуваат кон вредностите на Европската Унија во рамки на демократијата.  

 

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?