Летен Универзитет - Remeberance and Intercultural Dialog

Во Скопје, во просториите на Универзитетот ФОН , во периодот од 17 до 22 јули ќе се одржи " Летниот Универзитет " на тема " Сеќавања и меѓукултурен дијалог" организиран од "Центарот за кариера " на ФОН Универзитетот и невладината организација АЛДА, Република Франција, а поддржана од Централната Европска Иницијатива (CEI), регионот Нормандија и Европската Унија.
 
На настанот ќе земат учество триесет млади луѓе од земјите на Западен Балкан и Република Франција. Програмата опфаќа неверојатно актуелни интерактивни работилници, креативни предавања, отворени дебати и специфично реализирани теренски посети на универзитетски професори спроведени низ можноста на Ваше учество во излагањата на ставови со еминентни универзитетски наставници но и со добри познавачи на темите во пракса.
 
На отворањето ќе се обратат Н.Е. господинот Кристијан Тимониер, амбасадор на Република Франција во Република Македонија и Ректорот на Универзитетот ФОН и еден од доајените на космополитската дипломатија и политиколошките научни дисциплини во Република Македонија, проф. Д-р Нано Ружин.
 
Предаваќа ќе одржат и проф. Д-р Марија Зарезанкова Потевска , проф. Д-р Нано Ружин, доц. Д-р Љубица Кардалеска и доц. Д-р Силвана Јовческа , координатор на "Центарот за кариера " при Универзитетот ФОН.
 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?