Уписи на постдипломски студии 2017-2018

Ве известуваме дека заклучно со 30 октомври 2017 трае уписот на студенти на последипломски студии односно:

- 4та година (специјалистички студии) за додипломците со завршени 3 годишни студии и 180 кредити

- 5та година (магистерски студии) за дипломците со завршени 4 годишни студии по стар систем или ЕКТС (3 години додипломски + 1 година специјалистички, вкупно 240 кредити). 

Факултети на кои се врши упис:

Правни науки

Економски науки

Информатика

Дизајн и мултимедија

Факултет за странски јазици

Политички науки и дипломатија

Детективи и безбедност

Спортски менаџмент

Архитектонски факултет

Школарината за 4та година изнесува 61.700 денари, со тоа што депозит на школарина од 19.310 ден. се уплаќа при поднесување на документацијата а останатите се делат на 3 рати.

Школарината за 5та година изнесува 124,200 денари, со тоа што депозит на школарина од 31.850 ден. се уплаќа при поднесување на документацијата а останатите се делат на 4 рати. 

Документи потребни за упис:

1. Решение за положени испити од прв циклус (3 или 4 години)

2. Копија од диплома

3. Извод од матична книга на родени

4. Државјанство

5. Уплатница за депозит (19,310 за 4та или 30.850 за 5та година на студии) 

6. Приемен лист (се добива на студентски прашања)

Доколку ви се потребни дополнителни информации, надлежните служби ви стојат на располагање на info@fon.edu.mk или 02 2 44 55 03 или 070 345 999

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?