Саем за кариера

На ден 12.12.2017 год. (вторник) со почеток во 10 ч., во аулата на ФОН Универзитет, се одржа Саем за кариера и алумни организиран од страна на Центарот за кариера и алумни, ФОН Универзитет.

На настанот учество земаа 15 престижни домашни и меѓународни компнаии и институции: ЕВН Македонија, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, Халкбанк АД Скопје, Кроациа Осигурување Живот АД Скопје, ДТУ Кариера онлајн ДОО Скпоје, Виталиа Никола ДОО, CEED Hub Скопје, ЦМХ Солушнс, ДТУ Стаф 2014, ХАСЕЛТ ДООЕЛ, Семос, Семос едукација, Европска асоцијација зa локална демократија (АЛДА) – Скопје, ВФП АД Скопје, Циклама инженеринг и домаќинот ФОН Универзитет.

Саемот овозможи дирекна комуникација помеѓу компаниите и студентите со што се оствари можност за селкетирање на голем број студенти за идни обуки, пракси и вработувања.

За време на саемот за студентите беа обезбедени бесплатни обуки и пракси за нивно професионално надоградување. Агендата предвиде oбука Професионално пишување на Биографија и Мотивационо писмо”, предавач д-р Силвана Јовческа; предавање, Фондација CEED Hub, Македонија на тема Како да започнеш свој бизнис, предавач Елена Хаџи Пецова; предавање, СЕМОС Едукација, тема: “Моделирање со Autodesk Maya”, предавач Иво Богојевски (Autodesk Certified Instructor), и предавање "Техники на работа со боја во Adobe Illustrator", предавач Елена Ѓорѓиевска (Adobe Certified Expert), како и информативна воведна обука за животно осигурување, од страна на Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје.

Придобивките и можностите кои произлегоа од професионално организаираниот настан позитивно беа поздравени и од студентите и од компаниите учеснички на Саемот за кариера и алумни.

Галеријата од настанот може да ја погледнете на овој ЛИНК

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?