Нобеловката Бушамауи почесен доктор на науки на ФОН

Добитничката на Нобеловата награда за мир - Уидед Бушамауи, беше промовирана во почесен доктор на науки на Универзитетот ФОН на денешната свечена академија.

Со едногласна одлука на Сенатот на Универзитетот, Г-ѓа Бушамауи ја доби почесната академска титула Honoris Causa Beneficiorum Publicorum која се доделува на исклучителни личности, чии активности придонесуваат кон градење на подобро општество.

На денешната церемонија во присуство на бројни гости и членови на дипломатскиот кор на Република Македонија Г-ѓа Бушамауи, одржа и приемен говор во кој ги елаборираше своите активности кои придонесоа кон добивањето на Нобеловата награда за мир, како и улогата на жените во градењето на современата економија.

Бушамауи, како претседател на УТИКА, една од четирите организации кои го сочинуваат „Тунискиот квартет“ во 2015 година ја добиваат Нобеловата награда за мир за придонес за градење плурално општество во Тунис по „Јасминовата револуција“ во 2011.

Бушамауи по револуцијата стана првата жена председателка на Стопанската комора на Тунис. Заедно со останатите постари активисти на невладиниот сектор, успеала да ја спаси државата од економски и политички колапс и да ги организира првите слободни парламентарни и председателски избори.

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?