15 години свечена академија

Универзитетот ФОН со свечена академија ја одбележа 15 годишнината од своето основање.

Во присуство на голем број на амбасадори, министри, ректори на другите универзитети и гости се одржа свечената академија на која говоре Ректорот Нано Ружин, основачот на универзитетот Фијат Цаноски и министерката за Образование на Македонија Рената Дескоска, која во името на Владата ги пренесе пораките и желбите за понатамошен раст и успех на институцијата

По свечената академија беше презентиран универзитетскиот холограм, кој со комбинирање на најсовремени техники го изработија студентите на ФОН. По ова следуваше голема модна ревија создадена од студентите на Моден дизајн на Факултетот за дизајн и мултимедија.

Целата галерија може да ја погледнете на овој ЛИНК

 

 

 

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?