Реконструкција на детската занимална во Домот за деца без родители

Инспирирани од минатогодишните проекти за помош на општеството и хуманитарна работа, апсолвентите и студентите од втора година од Факултетот за дизајн и мултимедија, ФОН Универзитет, по сопствена иницијатива ја изразија својата креативност на ѕидовите во Домот за деца без родители „11 Октомври". Под менторство на професорите доц. м-р Милош Миросавлевиќ и проф. д-р Марија Ветероска и иницијатива на Тамара Грозданова, се започна првиот дел од проектот за разубавување на просториите на домот. Се надеваме дека целокупниот проект ќе им донесе исто толку среќа на децата колку што ни донесе и нам при неговата изработка. 

Голема благодарност за тимската креативност и неуморна работа на студентите: Мирјана Бошковиќ, Иван Мокров, Анастасија Јовческа, Тео Марковиќ, Харис Муриќ, Мартин Петровски, Зафир Јованов, Каролина Николова, Марија Чекичевска и Тамара Грозданова.

Инаку ова е четврта година во која Факултетот за Дизајн и мултимедија во рамките на програмата за општествена одговорност прави реконструкција на објекти. Во минатите години беа реконструирани и дел од живеалиштата во Зоолошката градина и соби во детскиот оддел на клиниката за онкологија.

Целокупната галерија може да ја погледнете на овој ЛИНК

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?