Платена пракса во Accounting Point

Почитувани студенти на економски науки,

Accounting Point, распишува оглас за ПЛАТЕНА пракса со можност за вработување за студентите на Факултетот за еконoмски науки на ФОН Универзитет.

Accounting Point е едно од водечките сметководствени бироа во Македонија, со детално искуство во соработка со домашни и странски компании. Истовремено поседуваме комплетно портфолио кое нуди широк дијапазон на сметководствени, финансиски, правни и административни услуги. Accounting Point е совршениот избор без разлика дали сте Start Up бизнис или голема и веќе развиена компанија.

Обврски на практикантите:

  • Внесување на податоци
  • Систематизација на изводи и фактури (обука и реализација)
  • Усогласување на салда на клиенти (обука и реализација)
  • Пресметки на персонален данок (обука и реализација)

Кандидатите треба да ги испратат своите CV-а, најдоцна до 4 јуни 2018 на следнава адреса: info@accountingpoint.mk

Повеќе информации погледнете на http://accountingpoint.mk/

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?