Инструкции за студирање за нови студенти

Почитувани новозапишани студенти,

На вашите телефонски броеви кои сте ги оставиле при упис ќе ви бидат испратени корисничкото име и првична лозинка за пристап до вашиот електронски индекс. Електронскиот индекс е правна исправа преку која го контролирате своето студентско досие и го користите за пријавување колоквиуми и испити, ги гледате резултатите од полагањата и го дизајнирате своето образование.

Актите за студирање, правилниците за студии и обврските и правата на студентите може да ги преземете детално на овој ЛИНК во делот Акти на Универзитетската страница. 

Ве замолуваме да ги следите следниве упатства:

1) По првиот академски час во форма на СМС ќе го добиете вашиот електронски индекс, односно корисничко име и лозинка Детално треба да ги прочитате сите линкови кои се однесуваат на вашиот е-индекс, кој е ваша студентска легитимација. 

2) Најпрво се упатувате на вашиот службен емаил кој истовремено се користи и како корисничко име за најава на студентскиот индекс. Одите на mail.fon.mk и тука ги внесувате вашиот емаил и првичната лозинка која ја добивте. Веднаш потоа системот ќе побара да ја смените лозинката и да внесете ваша. Лозинката мора да содржи голема буква, бројка и специјален знак, и да е најмалку 8 карактери долга.

3) Откако сте се најавиле на студентскиот емаил, треба да одите на студентскиот портал (student.fon.edu.mk) пожелно е да го ставите во букмарк линкот. 

4) За секоја следна најава како корисничко име ќе го користите службениот емаил и лозинката која сте ја внеле за службениот емаил.

5) Точка по точка упатство може да го преземете и зачувате од овој ЛИНК 

6) Во случај на нејаснотии или пак проблеми или пак заборавена лозинка секогаш може да го контактирате IT тимот на support@fon.mk

7) По добивање на вашиот електронски индекс, ќе бидете повикани да запишете зимски семестар 2018-2019 од страна на службата за студентски прашања.

8) Финансиските обврски за рати за студирање и уплати треба да се почитуваат кај сите студенти без исклучок и се вршат согласно потпишаниот договор за студирање а инструкции секогаш може да добиете на студентски прашања и во службата за сметководство. Согласно договорите за студирање најдоцна до 1 октомври 2018, треба да ви биде подмирена октомвриската рата за студии за да може да запишете зимски семестар.

9) Распоредите за настава ќе бидат објавени на интернет страницата на ФОН во делот Распореди. Редовно запишаните студенти се законски обврзани да посетуваат настава, а посетата на настава е дел од нивното оценување.

10) Сите информации поврзани со вашите студии ќе ги добивате навремено во форма на СМС, известување на интернет страницата во делот Соопштенија и преку социјалните медиуми.

11) Запишувањето на зимскиот семестар ќе започне на 03.10.2018, за што ќе бидете известени.

ФОН на FACEBOOK> https://www.facebook.com/FONUniversity/

ФОН на TWITTER> https://twitter.com/fonuniversity

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?