Номинација за Нобелова награда за мир

На денешната свечена церемонија која се одржа на Универзитетот ФОН во Скопје, Премиерите на Република Македонија Зоран Заев и Република Грција Алексис Ципрас беа промовирани за Нобеловата награда за мир за 2019.

Промоцијата ја изврши добитничката за Нобелова награда за мир за 2015 - Уидед Бушамауи од Тунис, која воедно е и professor honoris causa, почесен професор на Универзитетот ФОН.

Во нејзината свечена реч таа истакна дека е почестена што ги номинира Премиерите Заев и Ципрас. Ова не е признание само за нив, туку за сите граѓани на Македонија и Грција. Договорот од Преспа е пример и порака за сите како со дијалог може да се реши се, додаде Бушамауи.

Номинацијата ја поддржа и Европратеникот Стелиос Кологлу кој во своето воведно излагање рече дека решението за спорот за името е единствената добра вест која доаѓа од Европа овие денови. Тие ја занемарија домашната политичка пресметка и книжење на националистички поени на двете страни на границата на сметка на заеднички напредок и подобро утре за сите. Договорот од Преспа им овозможува на двете страни да гледаат напред а не позади себе. 

Во својот свечен говор по повод номинацијата, генералниот менаџер на Универзитетот М-р Сефер Цаноски го цитираше американскиот претседател Кенеди кој истакнал дека работите се прават затоа што се тешки а не затоа што се лесни. Г-дин Заев и г-дин Ципрас, ја донесоа најтешката одлука во нивните политички кариери, со идеја да се надмине пречката која двете држави ги спречуваше да градат нормален, соседски, пријателски однос. Овие премиери, политичари презедоа политички ризик за решение за кое ниту еден од нивните претходници не најде храброст и сила. Додаде Цаноски. 

Ректорот на Универзитетот. Проф. д-р Нано Ружин истакна: Денес сме овде за еден свечен настан. Од ова место, од овој ФОН универзитет кој е персонификација на независна и автономна институција во нашата држава да направиме еден хуман, еден космополитски, еден мировен гест: да промовираме двајца државници, двајца балканци, два лидера, двајца премиери, двајца хуманиста и демократи, двајца обични но големи луѓе кои отстапуваат од балканскиот стереотип на политичар, индивидуи, личности како Алексис Ципрас и Зоран Заев. Еден ден и историјата и народите на Балканот ке ги признааат како значајни историски личности, чиј пример го пофалија сите светски лидери. Од оваа просторија, Добитникот на Нобелова награда за мир за 2015 Оуидед Бушамауи, подржана од сите нас ке му предложиме на Нобеловиот Комитет од Осло да ги номинира Г-динот Алексис Ципрас и Г-динот Зоран Заев за Нобелова награда за мир за 2018/2019г.

 

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?