Заеднички постдипломски студии и диплома за ЕУ интеграции

Универзитетот ФОН претставуван од Генералниот директор Сефер Цаноски и Европскиот Институт "CIFE" од Ница- Франција претставувана од Директорот Матијас Вахтер денеска објавија дека го отпочнуваат процесот за заеднички студии, двојни дипломи, краткорочни и долгорочни курсеви како и летни и зимски школи од областа на евроинтеграциите.

Претседател на одборот на Институтот ЦИФЕ е поранешниот претседател на ЕУ господинот Ван Ромпуј. Оваа реномирана институција е под директно покровителство на Европската комисија која работи според Жан Моне програмата и истиот повеќе од 50 години создава кадар за потребите на европските институции. Сегашниот претседател на ЕУ - Жан Клод Јункер е почесен Претседтел на овој институт.

Со одлуката на ЦИФЕ да го направи Скопје и ФОН регионален центар за ваков тип студии, првенствено ќе добијат студентите и младите професионалци, но и самата држава која ќе стане универзитетски центар на најдобрите стратези, дипломати и лобисти.

Заедничките постдипломски студии се планирани да започнат во Ноември оваа година


 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?