Стипендии за средношколци

Веќе 13 години Универзитетот ФОН ја спроведува кампањата „И во Македонија се може“. Преку оваа кампања 1000 стипендисти во изминативе 13 години се гордост на Универзитетот.

Стипендистите кои биле дел од оваа кампања се добитници на награди од Обединетите нации, Светска банка, Микрософт, Хјулит Пакард. Истите работат во Европската Комисија, како млади истражувачи на светски универзитети, меѓународни и домашни компании и институции.

Досега нашите студенти и стипендисти преку оваа кампања се вработени во следниве компании:

БиМилк, Тиквеш, НЛБ Тутунска Банка, ЕВН, Виталија, Фабрика А.Д Карпош,  ЕуроЛинк Осигурување, Ренова, Витаминка, ВИП оператор, ЕуроИмпекс, Конфи Ангел, ВезеШар, ЕуроСиг Осигурување, Попова Кула, Комерцијална Банка, Клиника Жан Митрев, Европа А.Д Скопје, Халк Банка, Рамстор, Грозд Струмица, Park Residence, Универзална Сала - Тоше Проевски, ТАВ Аеродроми (Скопје и Охрид), Дирекција за заштита на лични податоци на Македонија (Влада на РМ), Дирекција за пристап на информации од јавен карактер (Влада на РМ), Град Скопје, Музеј на Современа уметност итн.

Оваа година кампањата за стипендирање на средношколци се интегрира во проектот на ФОН Универзитет насловен “Фабрика на знаење”. Средношколците ќе имаат можност заедно со нивните постари колеги од сите факултети да работат на некој од проектите кои ги даваат најголемите компании во Македонија и да се изборат за стипендија за студирање на некој од факултетите на ФОН.

Идните стипендисти и студенти во текот на нивите студии ќе бидат менторирани од страна на професорите и претставници на компаниите а првите вработувања се очекуваат во текот на самите студии.

Преку проектот Фабрика на знаење се имплементираат теоретски стекнатите знаења во текот на студирањето, се промовира потенцијалот на нашите студенти пред идните работодавци, а воедно и се потенцира квалитетот на едукативниот процес со кој Универзитет ФОН може да се гордее. Подетални информации за проектот може да прочитате на овој ЛИНК.

Право на аплицирање имаат сите средношколци во 3та и 4та година кои се запишани во средните училишта во Македонија. По завршување на процесот на аплицирање (19 април) сите кандидати ќе бидат контактирани со понатамошни инструкции за вклучувањето во проектите за стипендии и вработувања.

По пополнувањето на формуларот треба да се приклучите ВЕДНАШ во заедничката група за сите апликанти на VIBER заради понатмошна координација. Приклучувањето се врши со кликнување на следниов ЛИНК 

Средношколците треба да аплицираат со пополнување на следниов формулар:

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?