асс. м-р Митко Гаџовски Факултет за политички науки и дипломатија

  • Образование:
  • Предмети:

Научна област:  Надворешна политика

Службен е-маил: mitko.gadzovski@fon.edu.mk

М-р Митко Гаџовски  своите додипломски студии ги завршува на ФОН Универзитет, во склоп на Факултетот за политички науки, дипломатија и новинарство со просек од 9,03. Како дипломска работа ја одбранува темата „ Кризниот менаџмент на меѓународната заедница за мирно решавање на кризи“ и се стекнува со звањето Дипломиран политиколог.

Своето понатамошно образование го продолжува на истиот факултет при ФОН Универзитет. Студиите ги завршува просек од 9,63 и со одбрана на магистерската тема: „ Структурата и организацијата на министерствата за надворешни работи во остварување на надворешно-политичката и дипломатска дејност – со посебен осврт на МНР на РМ“. Со одбраната на магистерската теза, тој се стекнува со звање Магистер по политички науки – отсек Дипломатија и меѓународна политика.

Своите докторски студии м-р Митко Гаџовски ги продолжува на Универзитет „Кирил и Методиј“ во Скопје, на Институт за социолошки и политичко – правни истражувања, на тема: „Промените и улогата на стратегискиот концепт на НАТО по настаните од 11 септември 2001“.

Професионално искуство

Од 2007 година па навака м-р Митко Гаџовски е асистент на Факултетот за политички науки при ФОН Универзитет и неговиот работен ангажман се состои од следниве активности:

  • Покрај одржување на наставни активности во оделението на ФОН Универзитетот во Скопје, одржување на наставни активности во оделенијата на ФОН Универзитетот во Гостивар и во Струмица;
  • Ангажираност по предметите: Надворешно политичка анализа; Лобирање; Дипломатија и дипломатска историја; Јавна политика и анализа; Реторика; Лобирање; Јавна и државна администрација; Локална самоупорава; Јавно мислење и мас медиуми;
  • Секретар на последипломските студии на ФОН Универзитетот во периодот од 2010 до 2012 година;
  • Организирање на настани како тркалезни маси и трибини со цел развивање на комуникациски вештини на студентите;
  • Организирање на практична настава за студентите во текот на летниот период;
  • Член на наставно научниот совет на Факултетот за политички науки, дипломатија и новинарство;
  • Посета и предавања низ средните училишта во Македонија со цел презентирање и афирмација на ФОН Универзитетот.

 

Објавени научни трудови:

  • Годишник на ФОН Универзитетот, Институции и органи на Европската унија, 2008/2009, Скопје, Р. Македонија;
  • Vizione, STEJT DEPARTAMENTI i SHBA-ve,  Mekanizmi bashkëkohor për udhëheqje të politikës së jashtme, 2011, Shkup;

(Vizione, СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ на САД – современ механизам за водење на надворешната политика, 2011, Скопје);

  • Учество на научна конференција на тема: EUROREGIONS: Integrating Societies, Generation Growth, Caring Resources. Наслов на трудот: “Балкански Бенелукс” како (не)можен модел во иднина.

 

СЕМИНАРИ, ОБУКИ, ДРУГИ АКТИВНОСТИ

 

Учество на голем број семинари, обуки, форуми, тркалезни маси, трибини меѓу кои:

  • Учество на трениг семинарот Rethinking the future – scenarios for the Balkan region in 2020, организиран од фондацијата Конрад Аденауер и Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија.
  • Учество на Школата за Еуроатлантизам во Бар, Црна Гора, организирана од Универзитетот Доња Горица (УДГ) од Подгорица.
  • Избран за надворешен експерт(евалуатор) од страна на “Националната агенција за европски образовни програми и мобилност” за програмата “Млади во акција”.
  • Тркалезни маси од проектот: Политички дијалог помеѓу младите во РМ, кои се одржаа во Куманово, Штип, Струмица, Битола, Тетово и Скопје во организација на Ohrid Institute for Economic Strategies and International Affairs, а финансирани од Американската амбасада во Скопје:
  • Три форуми одржани во Скопје во организација на Ohrid Institute for Economic Strategies and International Affairs на кои се разговараше за прашања поврзани со лидерството, политичката култура, допринесот на младите за евро-атлантска интеграција на Македонија.
  • Учесник од страна на академскиот кадар во проектот Фабрика на знаење организиран од страна на ФОН Универзитетот во соработка со најуспешните компании во Македонија како што се: TAV Airports, Тиквеш, Пежо, Комерцијална банка, Ренова, Грозд-Струмица.

 

 

 

 


Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?