проф. д-р Ана Лазарова Никовска Факултет за странски јазици

  • Образование:
  • Предмети:

Научна област: Наука за јазикот (лингвистика)

Службен емаил: ana.lazarova-nikovska@fon.edu.mk

Биографија

Проф. д-р Ана Лазарова-Никовска е родена во 1973 година во Скопје, Република Македонија. Основно и три години од средно училиште, јазична гимназија, завршува во Скопје, со континуиран одличен успех.  Четврта година од средното образование ја завршува во Флорида, САД, каде покажува највисоки резултати по сите предмети, а ги добива и училишните признанија и пофалници за најдобар ученик по предметите Англиски и Германски јазик.  Го изучува и шпанскиот јазик како училишен предмет таа година.

На Филолошкиот факултет во Скопје се запишува во 1991 година, каде студира Англиски јазик и книжевност под А, Италијански под Б и Шпански јазик под Ц.  Пред дипломирањето ја завршува преведувачката насока со просек 9.5, а по дипломирањето, поточно во 1997 година, завршува и доквалификација за наставна насока, со просек 10. 

На постдипломски студии се запишува во 1998 година на Универзитетот на Кембриџ, Велика Британија (University of Cambridge, UK), при Истражувачкиот центар за англиски јазик и применета лингвистика (RCEAL) и колеџот Тринити Хол (Trinity Hall).  За постдипломските студии ја добива престижната Чивнинг стипендија која ја доделува Британската влада.  Во текот на постдиломските студии изучува голем број предмети од теоретска и применета лингвистика.  Магистерските тези ги изработува од областа на усвојување на англискиот како мајчин јазик и морфологија (теза 1) и изучување на странски јазик и морфо-синтакса (теза 2).  Сите предвидени испити успешно ги положува во јуни 1999 година и во октомври 1999 година ѝ беше свечено доделено звањето Магистер (Master of Philosophy, MPhil).

Во октмоври 2000 година ги започнува докторските студии на Универзитетот на Кембриџ за што добива грантови  од следниве институции: Ректоратот, Факултетот и Колеџот на Универзитетот на Кембриџ, како и од Сорос Отворено општество. За време на докторските студии држи вежби по предметот Психолингвистика на Катедрата за лингвистика на Универзитетот на Кембриџ. Посетува и работлиница во Центарот за професионално усовршување на Универзитет на Кембриџ на тема ‘Teaching Skills for Graduate Students’ (2001), кој подоцна, во 2007-ма година во Лондон го надополнува со стекнување на Certificate in Personal Performance Coaching од The Coaching Academy.  За време на докторските студии, проф. д-р Ана Лазарова-Никовска учествува и на бројни семинари и конференции низ Велика Британија и странство. Докторската дисертација со наслов „Влијанието на возраста и јазичниот трансфер во почетните фази на изучување на англискиот како втор јазик“ ја предава во септември 2004, успешно ја одбранува во јануари 2005 година, а во февруари 2005 свечено ѝ е доделено звањето Доктор на науки (Doctor of Philosophy, PhD).

 Што се однесува до работното искуство, по препорака на нејзините професори од УКИМ, Graham and Margaret Reid, Ана Лазарова-Никовска е ангажирана како професор по англиски јазик во Центар за странски јазици во Скопје (1996-1997), каде предава англиски јазик на сите нивоа и возрасти.   Во 1997-ма година се вработува како помлад асистент по англиски јазик (а подоцна и предавач) при Катедрата за англиски јазик на нематични факултети, Филолошки факултет ‘Блаже Конески’, УКИМ, каде работи до 2000-та година, кога го напушта работното место заради долготрајниот докторски престој во Кембриџ, Англија.  Како кадар на Катедрата за англиски јазик на нематични факултети држи предавања и вежби по општ англиски и англиски јазик во струка на следниве факултети: политички, земјоделски, шумарски, ветеринарен, градежен, географија и етнологија, институт за национална одбрана, на групи кои броеја помеѓу 10 и 100 студенти.

По долгогодишен престој во Англија, во септември 2008-ма година се враќа во Македонија и во академската 2008-2009 е ангажирана како надворешен соработник на Факултетот за применети странски јазици на Универзитетот ФОН, а во 2009 е избрана во звањето доцент по група предмети од лингвистичките дисциплини на истиот факултет.  Во академската 2009-10-та година вработена е во редовен работен однос на Првиот приватен универзитет ФОН.  Во 2013-та година избрана е во звањето вонреден професор по група предмети од лингвистички дисциплини.

Во текот на својот наставен ангажман на Универзитетот ФОН ги предава следниве предмети: Општа лингвистика, Изучување на странски јазик, Семантика, Англиски јазик А7 и А8 (и една година Морфологија на англискиот јазик) на прв циклус на студии, како и предметите Психолингвистика и Учење на странски јазик на втор циклус на студии, а како ко-предавач и предметот Прагматика и анализа на дискурс, исто така на втор циклус на студии. Д-р Ана Лазарова-Никовска одржуваше настава по горенаведените предмети од прв циклус во трите одделенија на универзитетот ФОН, поточно во Скопје, Струга и Струмица.  На втор циклус на студии, ментор е на повеќе постдипломски тези од применета лингвистика.

Д-р Ана Лазарова-Никовска учествва во организација на меѓународни и локални конференции и симпозиуми (ФОН, Универзитет на Кембриџ, УКИМ). Акредитиран оценувач и испитувач е за меѓународниот тест за познавање на англискиот јазик IELTS (за усно испитување, 2010-2011, за писмено испитување, активно од 2010).

Проф. д-р Ана Лазарова-Никовска членува со следниве професионални здруженија: Лингвистичка асоцијација на Велика Британија (LAGB) и Британска асоцијација на применети лингвисти (BAAL), член. Лингвистичко друштво на Универзитет Кембриџ.

Научни области од нејзин интерес се: изучување на странски јазик, методика на подучување на странски јазик, психолингвистика, усвојување на мајчин јазик, јазични патологии, социолингвистика, јазични политики, преведување.

Досегашни раководни функции

  1. Декан, Факултет за странски јазици, ФОН Универзитет (2010-2012)
  2. Продекан, Факултет за странски јазици, ФОН Универзитет (2009-2010)
  3. Член на Одборот за доделување на националната награда за научни достигнувања во Република Македонија ,,Гоце Делчев’’ (2010-2012)
  4. Заменик претседател на Македонско-италијанската асоцијација (1992-1996)
  5. Студентски претставник на Управниот одбор на RCEAL, Универзитет Кембриџ  (2001-2002)
  6. Студентски претставник на постдипломците на Катедрата за англистика, Универзитет Кембриџ  (1998-1999)

Стипендии и грантови

  1. Chevening Scholarship (целосна стипендија) доделена од Британската амбасада во Скопје, Македонија, за магистерски студии на Универзитет на Кембриџ, 1998-99.
  2. Global Supplementary Grant доделен од Сорос Институт Отворено Општество; и Стипендии од Управниот одбор за постдипломски студии (Board of Graduate Studies), Истражувачкиот центар за англиски јазик и применета лингвистика (Research Centre for English and Applied Linguistics), како и од колеџот Тринити Хол (Trinity Hall), сите при Универзитет Кембриџ, за докторски студии на Универзитет на Кембриџ, 2000-2004.

Проекти

  1. ,, Ефектот на изучување странски јазик во предучилишна и раноучилишна возраст‘’,  Министерство за образование и наука, Република Македонија и ФОН Универзитет (2010-2012), раководител на проектот.
  2. ,,Осовременување на методологија за наставата по немајчин јазик’’,  Британски Совет, Биро за развој на образованието и ОБСЕ (2010), учесник на проектот.

Научни и стручни трудови

  1.  Ana Lazarova-Nikovska. 2014. ‘Insights from psycholinguistics for the L2 vocabulary acquisition’. Proceedings from the International Applied Linguistics Conference: Language in practice, practice in language (Proceedings PLLP). Skopje, Republic of Macedonia: pp.135-142. (peer-reviewed, international board)
  2. Ana Lazarova-Nikovska. 2014. Introducing Literacy in the UK: A Case for Phonics.  IBU Journal of Social and Human Sciences 1/1: 31-43. Skopje, Macedonia (peer-reviewed, international) http://www.ibu.edu.mk/sites/default/files/u7/JSHS_with%20cover.pdf
  3. Lazarova-Nikovska, A., Kardaleska, Lj. and I. Stamenkoska. (2014) On parents’ beliefs about early second language acquisition. ELLSEE Proceedings, Beograd, pp. 221-233.
  4. Ana Lazarova-Nikovska. 2013. The Issue of Age and Transfer in Second Language Acquisition.  Philologia 11: 33-47. (peer-reviewed, international), http://www.philologia.org.rs/Files/broj_11.pdf
  5. Лазарова-Никовска, А. 2013. Возраста како фактор во изучувањето на странски јазици. Просветно дело 2/3:101-120. (рецензирано, меѓународно)
  6. Лазарова-Никовска, А. и З. Танески. 2013. Ономатопејата во литературата за мали деца: англиско-македонски споредби. Спектар 61:103-115. (рецензирано меѓународно).
  7. Танески З. и А. Лазарова-Никовска. 2013. Дискурсивноста и комуникативноста на рекламните текстови на осигурателните компании во Македонија. Македонски јазик. Институт за македонски јазик., стр. 93-103. (рецензирано меѓународно)
  8. Лазарова-Никовска, А. 2013. Улогата на електронските ресурси во наставата по странски јазици на  универзитетско ниво. Зборник на трудовови од меѓународна конференција Електронските ресурси и филолошките студии, УКИМ, Скопје., стр. 350-363.
  9. Лазаревска, С. и А. Лазарова-Никовска. 2013. Преведување на дипломите од техничките факултети од македонски на англиски јазик – искуства и препораки. Зборник на трудови од меѓународна конференција „Јазични и културни проникнувања низ преведувањето и толкувањето“  УКИМ, Скопје.
  10. Лазарова-Никовска, А. 2012. За критичниот период во изучувањето на јазикот

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?