доц. д-р Ирена Ашталкоска Факултет за економски науки

  • Образование:
  • Предмети:

Научна област:  Бизнис менаџмент

Службен е-маил:  : irena.ashtalkoska@fon.edu.mk

Кратка биографија

Д-р Ирена Ашталкоска е родена во Струга на 19.04.1981 година, каде што завршува основно и средно образование. По завршувањето на средното гимназиско образование, школувањето го продолжува на Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Дипломира на 13.01.2005 година по успешната одбрана на својата дипломска работа, со што се стекнува со звање дипломиран економист од областа на менаџментот. На постдипломски студии на Економскиот факултет во Скопје на насоката менаџмент се запишува во учебната 2005/2006 година, каде предвидените испити од наставната програма ги положува со среден успех 9,22. Во октомври 2008 година го пријавува својот магистерски труд на тема: “Управување со флуктуацијата и апсентизмот во организацијата”. Магистрира на 10.11.2009 година, со што се стекна со звање магистер по економски науки од областа на менаџментот. Во Октомври 2011 година ја пријавува својата докторска дисертација на тема: “Улогата и значењето на процесот на управување со перформансите на вработените за зголемувањето на развојните потенцијали на организациите”. Докторира на 18.12.2013 година и се стекна со звање доктор на економски науки.

Професионална кариера:

  • 2002-2004  - Управител на фирмата ДООЕЛ „Настел“ - Струга. Како управител се занимава со организација, планирање, стратегиски развој и други менаџерски активности.
  • 2005-2008 – Помлад асистент на Факултетот за економски науки, Прв приватен Европски Универзитет. Покрива група предмети од областа на економијата и менаџментот.
  • 2008-2010 – Помлад асистент на Прв приватен Универзитетот ФОН. Покрива група предмети од областа на економијата и менаџментот.
  • 2010 – 2014 - Асистент на Прв приватен Универзитетот ФОН. Покрива група предмети од областа на економијата и менаџментот.
  • 2014 -           - Прв приватен Универзитетот ФОН, каде на Факултетот за економски науки е избран во наставно-научно звање доцент во областа на бизнис менаџментот. Покрај одржувањето на редовни предавања и менторирањето на кандидати, со свои реферати учествува на повеќе меѓународни и домашни научни конференции и семинари.

Проекти:

- 2009-2010 учествувала во подготовката и реализацијата на Проектот за модернизација на образованието на МОК и ФОН, каде била и акредитиран обучувач од Бирото за развој на образование во состав на Министерството за образование на РМ.

- Учествувала во подготовката и реализацијата на проектот Фабрика на знаење во годините 2010/2011, 2011/2012, 2012/2013, 2013/2014.

Позначајни трудови: 

  • The impact of employees dedication and their commitment to work in banks on increasing their financial performance in the Republic of Macedonia”, Knowledge: International journal, Vol.4, Institute of knowledge management, 2014
  • The future of banking institutions under conditions of digitalization”, Knowledge: International journal, Vol.7, Institute of knowledge management, 2014
  • The impact of strategic human resource management on organizational performance, X International May conference on strategic management, Bor, Srbija May 23 - 25  2014.
  • The impact of performance planning of employees on the competitiveness of organizations in crisis conditions,  V Science symposium with international involvement Educons University, Sremska Kamenica-Novi Sad, 28 - 29 May, 2014
  • Crisis as a factor for appearance of conflicts between labor force in organizations and strategies to overcome them, IV Science symposium with international involvement Educons University, Sremska Kamenica-Novi Sad, May 24 - 25, 2013.
  • Foreign direct investment as a factor for raising the level of living standard, 2nd International Scientific Conference on economic development and standard of living, EDASOL, 2012
  • How corporate culture can influence financial performance of banks, Majska konferencija o strategijskom menadžmentu, 25 - 27 maj 2012, Bor, Srbija
  • The impact of organizational culture on employees performance in the organization, III Science symposium with international involvement Educons University, Sremska Kamenica, May 24 - 25, 2012
  • Support in the development of small and medium enterprises, Majska konferencija o strategijskom menadžmentu, 26 - 28 maj 2011, Zaječar, Srbija (коавтор)
  • Потребата за осовременување на системот за управување со флуктуацијата на вработените во организацијата”, International scientific journal, “International review”, PEP, Belgrade, 2011
  • Frustration of working as a problem of human resources management”, UTMS Journal of Economics 3 (2), 2011
  • Постојаноста на човечкиот потенцијал во компаниите како компаративна предност над конкурентите”, Интернационална научна конференција - Знаењето капитал на иднината, Зборник на трудови, Охрид, 2009 (коавтор)
  • Проблемите кои ги задава флуктуацијата на работната сила во процесот на управување со човечките ресурси, Меѓународен научен конгрес на тема: “Предизвици и перспективи во туризмот и менаџментот”, 26/27.09.2009 година, Скопје, Р. Македонија
  • Практикување на Family-friendly систем како начин за смалување на флуктуацијата на вработените во организацијата, Global Human resources, Октомври 2009
  • Вложувањето во обука и развој на вработените како основа за нивна подолгорочна приврзаност кон организациите, Global Human resources, Декември 2009
  • Управување со флуктуацијата и апсентизмот во организацијата (магистерски труд), 2009
  • Деловната политика во малите и средни претпријатија, Годишник 2008/2009, Универзитет ФОН – Скопје
  • Проблемот со ликвидноста на банките и стратегиите за нејзино подобрување, Годишник 2008/2009, Универзитет ФОН – Скопје (коавтор)

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?