проф. д-р Осман Кадриу Факултет за правни науки

  • Образование:
  • Предмети:

Научна област: Облигационо право

Службен е-маил: osman.kadriu@fon.edu.mk

ОБРАЗОВАНИЈЕ

По завршување на основното образование во родниот крај во Кичево, Осман Кадриу го продолжува школувањето во Белград каде го заврши средното образование.
Се запишува на Правниот факултет во Белград и на истиот дипломирал во 1973 година.  На Правниот факултет во Белград ги завршил и последипломските студии и во 1992 година ја одбранил магистерската теза од граѓанско- правната област под наслов: “ Одговорност за штета сторена спрема трето лице”. Пред десет години на истиот Правен факултет ја одбрани и докторската дисертација под наслов:”Незаконитиот престанок на работен однос и одговорност на претпријатието за штета”. Со наведената одбрана се стекнува со научен степен- доктор по правни науки.

РАБОТНА КАРИЕРА И ДВИЖЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА

По дипломирањето на Правниот факултет, Кадриу се вратил во Кичево и засновал работен однос во тогашниот Општински суд во Кичево и тоа прво во својство на судски приправник, а по полагањето на правосудниот испит како стручен соработник.
Од изборните функции кои ги вршел професорот Кадриу ќе ги наведеме некои од нив:

  • судија на Општинскиот суд во Кичево, избран 1976 година;
  • секретар на Собранието на Општината Кичево во два мандата во траење од осум години;
  • со Одлука на Собранието на Република Македонија од јануари месец 1994 година Кадриу беше избран за член на Републичкиот судски совет со мандат од шест години, 1994-2000 година;
  • од 2001 година Кадриу обавувал адвокатска должност со седиште во Скопје до 2005 година;
  • бил избран за професор на Педагошки факултет при универзитетот”Кирил и Методиј” во Скопје  и го предавал предметот-Основи на општествено уредување. На овој факултет бил ангажиран скоро 15 години;
  • преку десет години бил ангажиран како професор и на Правниот факултет при државниот Тетовски Универзитет и ја покривал целата граѓанско-правна област;
  • на ФОН Унивезитет е ангажиран повеќе од 4 години, а од 01. 04. 2007 година е именуван во наставно звање-вонреден професор и ја покрива целата граѓанско-правна област на настава на албански и македонски јазик.

НАУЧНА АКТИВНОСТ

Во досегашнит период Кадриу објавил 4 книги од граѓанско-правната област, трудово-правните односи и политичкиот систем. Исто така има објавено повеќе од 50 библиогравски единици-научни теми и статии објавени во познатите стручни списанија во Македонија и надвор од неа. Редовно пишува и објавува на албански, македонски и српски јазик. Учествувал на повеќе семинари, научни трибини, тркалезни маси и симпозиуми како во република Македонија така и во други држави. Се служи со францускиот и англискиот јазик 
Важи за угледен и истакнат и признат правник во р. Македонија и надвор од неа.

НАУЧНИ ТРУДОВИ

  1. Реформите во судството и евроатлантската интеграција на Република     Македонија, објавено во списанието на ФОН Универзитетот, Скопје, 2007 година.
  2. Правото на работа како уставно социјално право, објавено во         списанието “Зборник” на Институтот за социолошко-правни политички     науки, Скопје, 2008 година;
  3. Теоретскиот осврт врз кодификацијата на Граѓанското право и     нејзината потреба и неминовност за Република Македонија, објавено во списанието на МАНУ, Скопје, 2008 година;
  4. Стекнување на правото на сопственост врз недвижности според    позитивната регулатива на Република Македонија, објавено на         српски јазик во списанието “Правни живот”, Београд, 2008 година, број 11;
  5. Позитивната регулатива и реформите во судството, објавено во     “Зборникот” на МАНУ, Скопје, 2008 година;
  6. Уставните измени, предуслов за реформите во судството, објавено на        албански јазик во списанието “VIZIONI”, Скопје, 2008 година, број 10.  
  7. Правно дело и стекнување право на сопственост врз подвижна ствар,      списанието “Деловно право” на Здружението на правниците на            Република Македонија, Скопје, 2009 година, број 21;
  8. Совладението и правото на заштита, објавено на српски јазик во     списанието “Правни живот”, Београд, 2009 година, број 12;
  9. Правото на правна заштита поради престанувањето на работниот однои и улогата на синдикатот, посебна публикација на Синдикатот, Скопје, 2009 година;
  10. Политиката на вработување и економската криза, во списанието “Ревија за социјална политика”, Скопје, 2009 година, број 4;
  11. Организираниот криминал и позитивна регулатива за заштита и безбедност на граѓаните, од меѓународна научна конференција одржана во Приштина, Република Косово во 2007 година;
  12. Дискриминација во работните односи и одговорност, во списанието “Правник”, Скопје, месец мај 2007 година;
  13. Одговорност на работодавачот за штета причинета на работник спрема решениата на Законот за работните односи, “Деловно право”, Скопје, 2008 година;
  14. Недискриминацијата, услов за остварување на човековите права и слободи на Република Македонија, списание на МАНУ “прилози 2”, Скопје, 2009 година
  15. Демократија во теорија и практика (на албански јазик), “VIZIONI” број 13/14, Скопје, 2010 година;
  16. Радиодифузна такса како должност на граѓаните и правните лица, списание на Народниот правобранител, Скопје, 2010 година;
  17. Отказот како правен инструмент за престанок на работен однос, списанието на сојузот на синдикатите на Македонија – синдикатот на УПОЗ, Скопје, 2010 година;
  18. Деловните причини како правен однос на престанувањето на работен однос, “Правник”, Скопје, септември 2010 година;
  19. Случајот Сопот и што сега? (на албански јазик), во дневниот весник на албански јазик “KOHA” од 13.01.2010 година;
  20. Совладението и нашата правна регулатива, “Адвокатура”, Скопје, фебруари 2010 година;
  21. Надомест на штета поради половото вознемирување во работниот однос, “Деловно право” – списание на здружението на правниците на Република Македонија, Скопје, 2011 година;
  22. Кемал Мустафа Ататурк и неговиот придонес во кодификацијата на граѓанското право на Република Турција, кој труд е презентиран на 7-от Конгрес за Ататурк одржан во Скопје, во организација на МАНУ од 18.10 до 22.10.2011 година. 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?