доц. д-р Ќире Јаќимоски Факултет за информатика

  • Функција: Декан
  • Образование:
  • Предмети:

 

Кратка историја на образованието

Ќире Јаќимоски е роден на 17.11.1979 година во Гостивар, Р. Македонија. Основно образование има завршено во ОУ „Гоце Делчев“, Гостивар, а потоа своето средно образование го продолжува во гимназија „Панче Попоски“, природно-математичка насока во Гостивар, Р. Македонија. Средното образование го заврши прогласен како ученик на генерација во јуни 1998 година со просек 5,00. Истата година тој се запишува на Воената Академија „Генерал Михајло Апостолски“, Скопје, Р. Македонија, на родот Врски - Телекомуникации. Студирањето го завршува на 26.07.2002 година со изработка на дипломска работа со наслов „Геоинформацискиот систем во телекомуникациите“. Воената Академија ја завршува со највисок просек во генерацијата - 9,41. 

На 12.02.2003 година се запишува на постдипломски студии на Институтот за телекомуникации на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Р. Македонија под менторство на проф. д-р Борис Спасеновски. Во период од 3 години на 07.04.2006 година ги завршува предвидените испити со средна оцена 9,5 и се пријавува за одбрана на магистерски труд со наслов „Анализа на влијанијата на конфигурациите на антените од базните станици и конфигурациите на сајтовите од базните станици на клучните параметри во WCDMA целуларните мрежи“. Магистерскиот труд успешно го одбрани на 08.06.2007 година.

После одбраната на магистерскиот труд веднаш започнува со подготовка на докторски студии на Институтот за телекомуникации на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Р. Македонија. После една година работа на докторските студии Наставно-научниот совет на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје на седницата одржана на 29.10.2008 година донесе одлука за прифаќање на темата „Решенија за интеграција на мобилни целуларни мрежи и безжични мрежи со поддршка на квалитетот на сервисите“ за изработка на докторска дисертација под менторство на проф. д-р Тони Јаневски. Докторската дисертација јавно е одбранета на 22.10.2013 година со што се стекнува со академски степен доктор на технички науки.

РАБОТНО ИСКУСТВО

01.08.2002 – 11.01.2006 - офицер за телекомуникации во Армијата на Република Македонија.

12.01.2006 – 28.02.2007 - советник за безбедносна акредитација на комуникациски системи во Секторот за   информатичка безбедност во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Скопје, Република Македонија.

01.03.2007 – 06.03.2012 - советник за криптографски системи во Секторот за информатичка безбедност во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации во Скопје, Република Македонија.

07.03.2012 – 18.02.2014 - асистент на Факултетот за информатика при ФОН Универзитетот.

19.02.2014 -  универзитетски професор, доцент на Факултетот за информатика при ФОН Универзитетот.

13.10.2014 – 03.11.2015 - член на Сенатот на ФОН Универзитет.

28.10.2014 - судски вештак од областа на техничките науки со број на лиценца 07-3408/2 издадена од Министерството за правда на Република Македонија на 28.10.2014.

03.11.2015 – 22.09.2017- продекан на Факултетот за информатика при ФОН Универзитет – Скопје, Република Македонија.

27.09.2018 - декан на Факултетот за информатика при ФОН Универзитет – Скопје, Република Македонија.

СЕРТИФИКАТИ и ЛИЦЕНЦИ:

Во септември 2003 година се стекна со сертификат за инсталирање, оперирање и функционална проверка на Харис опрема (радио уреди за VHF и HF) – софистицирана телекомуникациска опрема набавена од САД.

На 01.08.2006 година на Академијата за информатички технологии „Александрија“ во Скопје го заврши курсот Security+ и се стекна со сертификат: CompTia Security+ Certified Proffesional.

Во март, 2014 се стекна со сертификат издаден од Stanford University за курсот „Cryptography 1“ преку Coursera Inc., https://www.coursera.org.

Во април, 2014 се стекна со сертификат издаден од University of Washington за курсот „Computer Networks“ преку Coursera Inc., https://www.coursera.org.

На 28.10.2014 година се стекнува со лиценца за вештачење од областа на техничките науки со број 07-3408/2 издадена од Министерството за правда на Република Македонија.

На 16.07.2017 година се стекнува со сертификат издаден од Ralph P. Sita, CEO преку Cybrary, https://www.cybrary.it/, за курсот „ISC2 CISSP“ со број на сертификат C-e2911087d2-5517b2.

На 17.07.2017 се стекнува со сертификат издаден од Ralph P. Sita, CEO преку Cybrary, https://www.cybrary.it/, за курсот „Web Application Penetration Testing” со број на сертификат C-e2911087d2-1d0c451.

На 28.07.2017 се стекнува со сертификат издаден од Ralph P. Sita, CEO преку Cybrary, https://www.cybrary.it, за курсот „Cisco CCNA” со број на сертификат C-e2911087d2-8c7f89.

На 03.08.2017 се стекнува со сертификат издаден од Ralph P. Sita, CEO преку Cybrary, https://www.cybrary.it, за курсот „Incident Response and Advanced Forensics“ со број на сертификат C-e2911087d2-efc0bb.

На 21.01.2018 се стекнува со сертификат издаден од Ralph P. Sita, CEO, „Privileged Password Security”, со број на сертификат SC-e2911087d2-dea149, https://www.cybrary.it/.

На 05.02.2018 се стекнува со сертификат број 414704 за успешно завршен курс за “Certified Ethical Hacker v9” издаден од EC-Council.

ПРОЕКТИ:

Учество во проект за развој и имплементација на „Национална разузнавачка база на податоци“ раководен од Министерството за внатрешни работи, 2008.

Учество во проект за развој и имплементација на „Меѓусебно поврзување на регистрите и базите на податоците на државните институции“ раководен од Министерството за информатичко општество, 2008.

Учество во проектот “DL@WEB – Enhancing the quality of distance learning at Western Balkan higher education institutions”, TEMPUS, University of Kragujevac, Serbia, 2010-2013.

Учество во проектот “iKNOW – Innovation and Knowledge Management, eStudents Information System”, TEMPUS, LSBU London, United Kingdom, 2010 – 2013.

Учество во проектот “Free teaching web resources for visually impaired people”, carrier: Faculty of Informatics, FON University, financed by UNESCO (September 2012 – December 2013).

Учество во проектот „Фабрика на знаење“ на ФОН Универзитет во периодот од 2012 до 2018 година.

Учество во проектот “Implementation of fuzzy logics in personalized adaptive systems for e-learning”, Ministry of Education and Science of Republic of Macedonia and Montenegro (2016 – 2018).

Позиции во меѓународни научни списанија и конференции:

декември, 2011 - Reviewer на списанието Journal of Internet and Information Systems, ISSN: 2141-6478, http://www.academicjournals.org/journal/JIIS.

 ноември, 2012 - Reviewer на списанието Wireless Networks, The Journal of Mobile Communication, Computation and Information, ISSN: 1022-0038,Thomson Reuters JCR 2014 Impact Factor: 0.961, http://www.edmgr.com/WINE/default.aspx.

aвгуст, 2015 - член на Научниот одбор на ETAI (Society for Electronics, Telecommunications, Automation and Informatics).

јануари, 2016 - Reviewer на списанието Journal of Electrical Engineering, ISSN: 2328-2223, http://www.davidpublisher.org/Home/Journal/JEE.

јануари, 2016 - Reviewer на списанието IEEE Communications Magazine, IEEE Communications Society, ISSN: 0163-6804, Thomson Reuters Journal Citation Report Impact Factor: 4.007, http://www.comsoc.org/commag.

февруари, 2016 - Reviewer на списанието IET Communications, Print ISSN: 1751-8628, Thomson Reuters Journal Citation Report Impact Factor 2014/2015: 0.742, http://www.digital-library.theiet.org/content/journals/iet-com.

април, 2016 - член на Уредувачки одбор на ИнФорма – Македонско списание за информатика, ISSN 1409-5122.

јуни, 2016 - Reviewer на списанието Ingeniería e Investigación Journal, Print ISSN 0120-5609.

декември, 2016 - член на Уредувачки одбор на списанието “International Journal of Information and Communication Sciences”, Science Publishing Group, New York, USA.

јануари, 2017 - Associate Editor на списанието “Academic Journal of Information Security”, International Association of Scientists & Researchers, http://www.xournals.com/academic-journal-of-information-security/info/about.

јули, 2017- Editorial Board Member во “AR Research Publication & Conference World”, www.conferenceworld.in.

јануари, 2018 - Editorial Board Member во “International Journal of Information Technology Convergence and Services (IJITCS)”, http://airccse.org/journal/ijitcs/index.html.

јануари, 2018 - Reviewer на списанието “IEEE Access – The Multidisciplinary Open Access Journal”, http://ieeeaccess.ieee.org/.

јануари, 2018 - Reviewer на списанието “International Journal of Sensors, Wireless Communications and Control”,https://benthamscience.com/journals/international-journal-of-sensors-wireless-communications-and-control/.

ОБЈАВЕНИ НАУЧНИ ТРУДОВИ:


ITU Lectures and Talks

  1. Kire Jakimoski, “Performances of High Speed Packet Access in 3GPP Mobile Networks”, ITU Workshop on 3G-HSPA & LTE: Towards the Next Generation of Mobile Networks, Skopje, Macedonia, 3-5 February 2010.

Меѓународни списанија:

  1. T. Janevski, K. Jakimoski, “Comparative Analysis of Packet Scheduling Schemes for HSDPA Cellular Networks”, Pages: 2-5, Telfor Journal (ISSN 1821-3251) Vol.1 No.1, 2009.
  2. Toni Janevski and Kire Jakimoski, “Improving Vertical Handovers for Real-Time Video Traffic between UMTS and WiMAX Networks”, International Journal of Research and Reviews in Next Generation Networks Vol. 1, No. 1, March 2011, United Kingdom, www.sciacademypublisher.com.
  3. K. Jakimoski, T. Janevski, “Vertical Handover Decision Algorithm from WiMAX to WLAN based on the Mobile Node’s Speed and the Session’s Priority”, International Journal of Advanced Science and Technology, Vol. 49, December, 2012.
  4. Kire Jakimoski, Toni Janevski, “Improvement of the QoS for WiMAX Service Classes”, Tem Journal, Vol. 2, No. 2, pp. 107-114, May 2013.
  5. K. Jakimoski, T. Janevski, “Priority Based Uplink Scheduling Scheme for WiMAX Service Classes”, International Journal of Information Technology and Computer Science (IJITCS) Vol. 5, No. 8, pp. 66-74, July 2013.
  6. K. Jakimoski, T. Janevski, “Vertical Handover Decision Algorithm from WWAN to WMAN or WLAN Environments”, International Journal of Advanced Science and Technology, Vol. 56, July, 2013.
  7. K. Jakimoski, “Analysis of the Usability of M-Commerce Applications”, International Journal of u- and e- Service, Science and Technology, Vol. 7, No. 6, pp. 13-20, December, 2014.
  8. E. Doko, K. Jakimoski, “Proposed Module for Gynecological Integration – Preventive Measures in the Electronic Health in Republic of Macedonia”, International Journal of Bio-Science and Bio-Technology, Vol, 7, No. 1 pp. 81-92, February, 2015.
  9. K. Jakimoski, T. Janevski, “Radio Access Technology Selection and Vertical Handover Decision Algorithms for Heterogeneous Mobile and Wireless Networks”, Ad Hoc & Sensor Wireless Networks, Impact Factor ISI Web of Knowledge 0.478, Vol. 27, Issue 1-2, pp. 95-109, May, 2015.
  10.  K. Jakimoski, V. Bogoevski, D. Kochov, “Carrier-Class VPN to Cloud Evolution”, International Journal of Grid Distribution Computing, Vol. 8, No. 6, pp. 41-48, December, 2015.
  11.  K. Jakimoski, “Security Techniques for Data Protection in Cloud Computing”, International Journal of Grid Distribution Computing, Vol. 9, No. 1, pp. 49-56, January, 2016.
  12.  K. Jakimoski, “Challenges of Interoperability and Integration in Education Information Systems”, International Journal of Database Theory and Application, Vol. 9, No. 2, February, 2016.
  13.  K. Jakimoski, S. Arsenovski, L. Gorachinova, S. Chungurski, O. Iliev, L. Djinevski, E. Kamcheva, “Measurements of Available Bandwidth in Computer Networks”, International Journal of Grid and Distributed Computing, Vol. 9, No. 4, pp. 201-210, April, 2016.
  14. Kire Jakimoski, Slavcho Chungurski, Sime Arsenovski, “Evaluation of the Caching Placement Algorithms in Named Data Network for Video on Demand Service”, International Journal of Future Generation Communication and Networking, Vol. 9, No. 6, pp. 99-112, June, 2016.
  15. Kire Jakimoski, Sime Arsenovski, Slavcho Chungurski, Oliver Iliev, “Performance Analysis of Reprogramming Algorithms in Wireless Sensor Networks”, International Journal of Future Generation Communication and Networking, Vol. 9, No. 7, pp. 123-134, July, 2016.
  16. O.L.Iliev, K. Jakimoski and A. Zakeri, “Intelligent Supervisory Control of Discrete Event Systems - A Holon based Approach”, Journal of Emerging Research and Solutions in ICT, Vol.1, No.2, 75–85, 2016.
  17. K. Jakimoski, O. Iliev, V. Bogoevski and D. Kochov, “Cloud-Based Platform Solution for 5G Heterogeneous Networks”, International Journal of Future Generation Communication and Networking, Vol. 9, No. 9, pp. 267-278, September, 2016.
  18. L. Lazareska, K. Jakimoski, Analysis of the Advantages and Disadvantages of Android and iOS Systems and Converting Applications from Android to iOS Platform and Vice Versa”, American Journal of Software Engineering and Applications 
    Volume 6, Issue 5, October 2017, Pages: 116-120.

Меѓународни конференции:

  1. T. Janevski, K. Jakimoski, “Comparative Analysis of Packet Scheduling Schemes for HSDPA Cellular Networks”, 16-th Telecommunications forum TELFOR 2008, Serbia, Belgrade, November 25-27, 2008.
  2. K. Jakimoski, T. Janevski, “QoS Analysis of Packet Scheduling Algorithms for HSDPA Mobile Networks”, IWT 2009, International Workshop on Telecommunications, São Paulo – Brazil, February 16th – 19th 2009.
  3. K. Jakimoski, T. Janevski, “Performances of Vertical Handovers for Multimedia Traffic between WLAN, WiMAX and 3G Mobile Networks”, ICST MobiMedia 2009, 5th International Mobile Multimedia Communications Conference, London, United Kingdom, 7th-9th.09.2009.
  4. K. Jakimoski, T. Janevski, “Throughput Behaviour During Vertical Handovers between Heterogeneous Wireless Networks”, Ninth National Conference with International Participation – ETAI 2009, Ohrid, Republic of Macedonia, 26-29 IX 2009.
  5. K. Jakimoski, T. Janevski, “Performance Analysis of ertPS Traffic in IEEE 802.16e Standard”, 9th International Conference on Telecommunications in Modern Satellite, Cable and Broadcasting Services, Serbia, Nis, October 7 - 9, 2009.
  6. T. Janevski, K. Jakimoski, “Packet Scheduling for HSDPA Mobile Networks”, GMC 2009, Global Mobile Congress, China B3G and 4G Mobile Summit, Shanghai – China, October 12 – 14, 2009
  7. T. Janevski, K. Jakimoski, “Scheduling Optimization in HSDPA Networks Simulating Maximum Terminal Capabilities”, 17-th Telecommunications forum TELFOR 2009, Serbia, Belgrade, November 24-26, 2009. 
  8. K. Jakimoski, T. Janevski, “Analysis of Voice over IP during Vertical Handovers in Heterogeneous Wireless and Mobile Networks”, 7-th International Conference for Informatics and Information Technology (CIIT2010), Bitola, Macedonia, February 24-27, 2010.
  9.  K. Jakimoski, T. Janevski, “Cross-Layer Optimization in Heterogeneous Wireless and Mobile Networks”, Scientific – Professional Symposium INFOTEH®-JAHORINA 2010, Jahorina, Bosnia and Herzegovina, March 17-19, 2010.
  10. K. Jakimoski, T. Janevski, “QoS Challenges of Real Time Traffic during UMTS/WiMAX/WLAN Vertical Handovers”, 18-th Telecommunications forum TELFOR 2010, Serbia, Belgrade, November 23-25, 2010.
  11. Kire Jakimoski, Toni Janevski, “Improving the VoIP Performances during Vertical Handovers between WiMAX and WLAN”, 10th International Conference on Telecommunications in Modern Satellite, Cable and Broadcasting Services, Serbia, Nis, October 5 - 8, 2011.
  12. K. Jakimoski, T. Janevski, “Improving the Vertical Handover Latency for VoIP between WLAN and WiMAX Networks”, 19-th Telecommunications forum TELFOR 2011, Serbia, Belgrade, November 22-24, 2011.
  13. K. Jakimoski, T. Janevski, “Mobility Sensitive Admission Control Algorithm for WiMAX-WLAN Vertical Handovers”, ICT Innovations 2012, Ohrid, Macedonia, September 12-15, 2012.
  14. T. Janevski, K. Jakimoski, “Mobility-based Traffic Offload from WiMAX to WLAN”, IEEE SCVT 2012, 19th IEEE Symposium on Communications and Vehicular Technology in the Benelux, Eindhoven, November 16, 2012.
  15. T. Janevski, K. Jakimoski, “Mobility Sensitive Algorithm for Vertical Handovers from WiMAX to WLAN”, 20-th Telecommunications forum TELFOR 2012, Serbia, Belgrade, November 20-22, 2012.
  16. K. Jakimoski, T. Janevski, “Performance Analysis of the Real Time Service Classes in Mobile WiMAX”, CIIT 2013, Bitola, 18-21 April 2013.
  17. K. Jakimoski, T. Janevski, “Vertical Handover Decision Algorithm from WMAN to WWAN or WLAN Networks”, XI International Conference – ETAI 2013, Republic of Macedonia, 26-28 September 2013.
  18. Kire Jakimoski, Toni Janevski, “Vertical Handover Improvements from WLAN to WMAN or WWAN Technologies”, accepted for presentation at 11th International Conference on Telecommunications in Modern Satellite, Cable and Broadcasting Services – TELSIKS 2013, Nis in October 16 - 19, 2013.
  19.  K. Jakimoski, V. Gjurovski, “Impact of the ACS, Carrier Frequency and Bandwidth in LTE Mobile Networks on the Average Bitrate Loss of the Reference Cell and of the Active Users”, XII International Conference – ETAI 2015, Republic of Macedonia, 24-26 September 2015.
  20. K. Jakimoski, S. Arsenovski, L. Gorachinova, S. Chungurski, O. Iliev, L. Djinevski, E. Kamcheva, “Evaluation of Caching Techniques for Video on Demand in Named Data Networks”, 39 International Convention on Information and Communication Technology, Electronics and Microelectronics, May 30 – June 3, 2016, Opatija, Croatia. 
  21. Lj. Vuchkovska, K. Jakimoski, “Improvements in the Quality of Service during Vertical Handovers between WiMAX and WLAN”, 25-th Telecommunications forum TELFOR 2017, Serbia, Belgrade, November 21-22, 2017.
  22. A. Andonoska, K. Jakimoski, “Performance Evaluation of Mobile Applications”, XIV International Conference – ETAI 2018, Republic of Macedonia, 20-22 September, 2018.

Објавена книга:

  1. Kire Jakimoski, Toni Janevski, “Quality of Service in Heterogeneous Mobile and Wireless Networks”, LAP LAMBERT Academic Publishing, July 17, 2013.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?