доц. м-р Игор Шокаровски Факултет за дизајн и мултимедија

  • Образование:
  • Предмети:

Научна област: Мултимедиа
Службен е-маил:  igor.shokarovski@fon.edu.mk


Образование
Докторски студии од областа на семиологија на медиумите во завршен стадиум .
Магистер по филмска и телевизиска режија, Национална Академија за Театарска и Филмска уметност НАТФИС во Софија , Р. Бугарија. Тема : Семантика на телевизискиот медиум.
Дипломиран Филмски и телевизиски монтажер , Факултет за драмски уметности Скопје, УКИМ Скопје , Р. Македонија.

Работно искуство:
1. Македонска Радио Телевизија
2. IDEA PLUS DDB
3. А1 Телевизија
1. 20 ИФФК „Браќа Манаки“ / 1999 г. Режисер на мултимедиалниот перформанс од свеченото отворање на Интернационалниот филмски фестивал „ Браќа Манаки “ во 1999 година во копродукција на „Друштвото на филмските работници на Република Македонија“ и националниот сервис „Македонска Радио Телевизија. Извршен продуцент Лазо Ѓорѓевиќ. (Архива на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).
2. 21 ИФФК „Браќа Манаки“ / 2000 г. .Режисер на мултимедиалниот перформанс од свеченото отворање на Интернационалниот филмски фестивал „ Браќа Манаки “ во 2000 година во копродукција на „Друштвото на филмските работници на Република Македонија“ и националниот сервис „Македонска Радио Телевизија. (Архива на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).
3. „Кој сака да биде Милионер“ мултимедиално гејм шоу. Режисер и извршен продуцент на гејм шоуто „Кој сака да биде Милионер“ лиценциран за работа со франшиза од „Sony Pictures Entertainment“. Водител: Сашко Мацановски Трендо. (Архива на „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).
4. „50 : 50“ мултимедиално гејм шоу. Режисер и извршен продуцент на мултимедиалното гејм шоу „50 : 50“ лиценциран за работа со франшиза од „ 2WAYTRAFFIC “. Водител: Жарко Димитриовски.
5. „Светско јуниорско првенство за мажи“ 2007 година. Главен режисер на Светското јуниорско првенство во ракомет за мажи во Охрид 2007 година. (Архива на „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).
6. „Македонски идол“. Помошник координатор и помошник режисер на проектот „Македонски Идол“ 2010/11 година во продукција на А1 Телевизија. Продуцент Хеди Рамковски. Извршен продуцент Нехру Хоџа. (Архива на „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).
7. Тоше Проески, режисер на последниот мултимедијален концертен настап на Тодор Проески на градскиот стадион во Скопје. Извршен продуцент Нехру Хоџа. Продуцент на тв. преносот на А1 Телевизија. (Архива на „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).
8. Рекламни клипови. Режисер на рекламни клипови за клиенти на А1 Телевизија. (Архива на „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).
9. „Стоби“ најавен спот за ИФФК „Браќа Манаки“ 2000 г. Сценарист режисер и монтажер на официјалниот најавен спот снимен и постпродукцијски реализиран во продукција на „Вардар Филм“ и националниот сервис „Македонска Радио Телевизија. Директор на фотографија Драги Таневски. (Архива на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија)
10. „Велосипед“ најавен спот за ИФФК „Браќа Манаки“ 1999 г. Режисер и монтажер на официјалниот најавен спот снимен и постпродукциски реализиран во продукција на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија по сценарио на Филип Унковски. Асистент на режија Јане Ќортошев. (Архива на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).
11. „50 години Универзитет Св. Кирил и Методиј“ документарен филм. Режисер и косценарист на јубилејниот наменски филм „50 години Универзитет Св. Кирил и Методиј“ за создавањето и развојот на најстариот универзитет во Република Македонија во продукција на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј “ и националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“. Сценаристи: Евица Камберова и Оливер Бранковиќ. Главен и одговорен уредник Снежана Клинчарова. (Архива на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).
12. „Македонија во С.Т.О.“ , три рекламни спотови. Режисер и сценарист на кампањата и маркетинг спотовите на проектот на Владата на Република Македонија за влез на РМ во Светската Трговска Организација во продукција на Министерството за економија на РМ и „Томато продукција“ од Скопје .Дирелтор на фотографија Дејан Димевски. (Архива на Министерството за економија на РМ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).
13. (Бебе, Кој штеди има, Светлина низ вековите) три рекламни спотови за нарачателот Електро Стопанство на Македонија (ЕСМ денес ЕЛЕМ). Режисер и сценарист на кампањата на Електро стопанство на Македонија (ЕСМ денес ЕЛЕМ) насловена „Кој штеди, има“ за која се изработени и четири рекламни спотови со апликативна и доминантна анимација во продукција на „Томато продукција“ од Скопје. Директори на фотографија: Дејан Димевски и Драган Гаиќ. Асистент на режија Чедомир Поповски. (Архива на ЕСМ ( ЕЛЕМ) и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија) .Линкови:
14. „Годови“документарен филм. Режисер на јубилејниот наменски филм „Годови“ за создавањето и развојот на најстариот Меѓународен фестивал од областа на културата и уметноста во Република Македонија „Охридско лето“ по сценарио на Ирина Шокаровска, Весна Малјановска и Татјана Грковска а во продукција на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“ и Уметничкиот совет на Меѓународниот Фестивал „Охридско Лето“.Директор на фотографија Димитар Владички-Манаки. (Архива на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).
15. „Охридска пастрамка“ прв прилог од осамостојувањето на РМ за CNN International. Монтажер и реализатор на првиот прилог за CNN од Република Македонија, посветен на ендемичниот вид на риба Охридска пастрамка со новинарот Маја Петрушевска. Копродукција на CNN International и националниот сервис Македонска Радио Телевизија. (Архива на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“ , „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија и CNN International).
16. „Родољуб Анастасов“ играно-документарен филм. Режисер на играно документарниот филм за животот и делото на академскиот ликовен уметник и универзитетски наставник Родолјуб Анастасов, по сценарио на новинарот Светлана Шуплевска и универзитетскиот професор по историја на уметност на УКИМ, господинот Владимир Величковски , во продукција на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“. (Архива на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).
17. „ На Ваше прашање“ информативно образовна контактна емисија во 20 епизоди. Режисер на проектот „На Ваше прашање“ на Владата на Република Македонија за поттикнување на берзанското работење во копродукција на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“ и надворешна маркетинг и консалтинг агенција. Уредник на емисијата Бранислав Димовски а водител Атанас Ковачевски. (Архива на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).
18. „Мислам дека имаме хит“ мултимедиален проект на забавно музичката редакција на МКРТВ. Режисер на забавно музичкиот серијал во 140 епизоди „Мислам дека имаме хит “ со водителите Антоно Димитриевски, Иван Мирчевски , Живкица Ѓурчиновска Каленикова , Ненад Ѓергиевски и Александар Блажевски во продукција на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“. Музички уредник Гордана Куновска Ангеловска . (Архива на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).
19. „ Бесконечно тркалање“ документарно музички серијал за историјата на поп и рок културата до крајот на минатиот век. Режисер на забавно музичкиот серијал „Бесконечно тркалање“ со водителот Диме Игњатов, во продукција на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“. Уредник на серијалот е Елена Добревска. (Архива на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија)
20. „Итар Пејо“интерактивен мултимедиален телевизиски квиз. Режисер, уредник и енигматичар на интерактивниот телевизиски квиз „Итар Пејо“ во продукција на „ТМЕ Студио“. Водители: Раде Павловски, Ана Јовковска и Славчо Неделковски. Извршни продуценти Август Лапан и Александар Костиќ. (Архива на „ТМЕ Студио“, „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија и архивата на режисерот).
21. „Скопје, балканскиот феникс“ документарен филм во три продолженија. Монтажер на документарниот серијал за настанувањето и развојот на градот Скопје насловен „Скопје, балканскиот феникс “ на авторите д-р Коста Балабанов и Хилдегард Караџа Кондовска, со повеќе анимирани сегменти за симулирање на флеш бекови во минатото, во продукција на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“. Режија Драган Савевски. (Архива на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).
22. „Фимчо Муратовски“ документарен филм. Режисер и косценарист на документарниот филм за животот и делото на музичкиот педагог, диригент и професор на Факултетот за музичка уметност на УКИМ, Фимчо Муратовски, по сценарио на Ирина Шокаровска, а во продукција на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“. (Архива на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија)
23. „Македонска повест“ документарен филм. Режисер на документарниот филм за животот и делото на македонскиот композитор Григор Смокварски по сценарио на Славица Велковска, во продукција на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“. (Архива на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).
24. „Македонска Филхармонија“. Најавен спот за нова сезона на Македонска Филхармонија. Режисер и автор на логото на најавниот телевизиски спот за новата сезона на Македонската Филхармонија 1998/99 и 1999/2000, во продукција на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“. (Архива на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).
25. „Моменти“ Режисер и монтажер на контактно забавниот квиз „Моменти“ со водителот Живкица Ѓурчиновска Каленикова, а во продукција на„ Idea plus DDB“ , „T Mobile“ и „СИТЕЛ“ . Извршен продуцент Игор Цветковски. (Архива на „Idea Plus DDB “ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).
26. „Сезаме , отвори се“ проект на детската редакција на МКРТВ. Режисер и косценарист на детскиот мултимедијален серијал во 30 продолженија „Сезаме, отвори се“ по сценарио на Рашела Гинова, во продукција на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“. Уредник Татјана Гоговска Максимовска. (Архива на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).
СПИСОК НА ПИШАНИ ТРУДОВИ:
1. Игор Шокаровски, Семантика на телевизијата денес, магистерски труд во печат. Изработен за Националната академия за театрално и филмово изкуство (НАТФИЗ) "Кръстьо Сарафов" София, Република България.


Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?