доц. м-р Антонио Аранѓеловиќ Факултет за дизајн и мултимедија

  • Образование:
  • Предмети:

Научна област: Ликовна уметност

Службен е-маил: antonio.arangelovic@fon.edu.mk

Биографија

Антонио Аранѓеловиќ е роден во Скопје, Македонија на 23.02.1986. Завршува средно уметничко училиште Д.С.У.П.У. Лазар Личеновски на отсекот Графика во Скопје во 2004. На Ликовната Академија во Скопје се запишува во 2006 година, а дипломира во 2010 на отсекот Графика во kласата на Проф. М-р Мирко Вујисиќ. Во 2011 се запишува на постдипломски студии на Ликовната Академија во Скопје во област Графика кај Проф. М-р Мирко Вујисиќ. Магистрира во Мај, 2014 со магистерскиот труд ,,Куќичка на дрво”. Од најрана возраст  твори успешно во повеќе уметнички медиуми како што се ликовната уметност, стрипот, музиката, графичкиот дизајн и анимацијата.

Творечки актовности

Во полето на ликовната уметност досега има остварено две самостојни изложби, првата во 2011 во Младинскиот Културен Центар каде беа изложени 28 дела (графики, цртежи и слики), а втората во Графичкото студио во Музејот на Град Скопје каде беа изложени 10 традиционални графики. Има учествувано на повеќе групни изложби и ликовни колонии во Македонија и во соседните земји. Моментално работи на својата трета самостојна изложба која ќе ја отвори во 2015 година.

Во полето на стрипот  досега има издадено 3 изданија заедно со својот стрип партнер, Филип Алексовски. Станува збор за трите продолженија на сега веќе култниот стрип насловен ФАЦИЗАМ. Вреди да се спомне дека првиот дел (Фацизам 1), издаден во Декември 2010, на промоцијата одржана во Музејот на Град Скопје, успеа да продаде над 250 примероци за една вечер и цел тираж од 500 примероци низ текот на следната година што е рекорд во оваа област. Стрипот учествувал на неколку Стрип фестивали ширум Балканот. Моментално се работи на издавањето на Фацизам 4 кој ќе биде издаден во 2015.

Во полето на музиката е познат како ТОНИО САН кое подоцна му станува уметничко име во сите области и уметнички и творечки медиуми, член е на култната хип хоп групација ЛЕГИЈАТА и дел од триото ГРИН АУТ (GREEN OUT) . Досега има издадено три соло албуми, два со својот бенд ГРИН АУТ, два албуми со ЛЕГИЈАТА и еден во коалиција со КЕМП О.Д., има учествувано на многу хип хоп компилации во Македонија и надвор од неа,

и настапувано на сите можни важни фестивали кои подржуваат субкултурна музика во скоро сите градови во земјава. Со својот бенд има настапувано  во Македонија, Србија, Бугарија, Словенија, Хрватска... има учествувано на два документарни филмови за Македонската Хип Хоп сцена и неколку години бил радио водител на Канал 103 на емисијата ЗДРАВА ХРАНА посветена на хип хоп музиката.

Во полето на анимацијата досега има еден краткометражен цртан филм ,,Празен Ум’’ (Empty Mind) од 5 минути каде се јавува како комплетен автор (режисер, аниматор, карактер дизајнер, цртач и монтажер). Цртанот беше завршен во 2014 и истата година учествуваше на Белградскиот фестивал за анимација Балканима и на Скопскиот Филмски фестивал каде во програмата беа и филмови кои добија оскар во 2015. Цртанот е одлично прифатен и на двата фестивали каде што е проектиран.

Во полето на графичкиот дизајн  има работено во Маркетинг Агенцијата JWTво Скопје од 2010 до Септември 2011 кога ќе реши да ја напушти агенцијата за да запише постдипломски студии. Како графички дизајнер во фирмата и како freelancer има изработено безброј дизајни како што се амбалажи на продукти, банери, постери, плакати, клубови и дискотеки, музички кавери и омоти, насловни страни на книги, каталози, логоа и така натаму. 

Некои од поважните издадени творечки активности, истакнати хронолошки

1996 – издавање на боенка за деца од приватната сликарска школа ,,ДЕГА’’

2002 – музички компилација:  SHURIKEN records  - Skopje Street Beats

2004 – музички албум: Тонио Сан (Р.Н.С.) – Цветот на Светот

2005 – документарен филм за Хип Хоп музиката во МК: Магијата на една Култура

2008 – музички албум: Легијата – Лош ден за Империјата

2009 – музички албум: Грин Оут – Некои градски бандити

2010 – стрип: Фацизам 1

2010 – музички албум: Легијата – Деценија

2010 – музички албум: Тонио Сан – Друштвото на мртвите поети

2010 – музичка компилација: Living Records Tokyo/Japan – World Rap

2011 – стрип: Фацизам 2

2012 – музички албум: Тонио Сан – Синтеза на ум и меч

2012 – стрип: Фацизам 3

2013 – музички албум: Тонио Сан и Кемп О.Д. – Чаирскиот Албум

2014 – музички албум: Грин Оут – Рапаноја

 Позначајни јавни и културни активности:

1998 – групна изложба на приватната сликарска школа ,,Дега’’

2001 – концертен настап со Легијата на Таксират Демо Вечер, МКЦ, Скопје

2004 – концертен настап на Тонио Сан на 103 Фестивал, Градски Парк, Скопје

2005 – концертен настап со Грин Аут на 103 Фестивал, МКЦ, Скопје

2006 – концертен настап со Грин Аут на EXIT FESTIVAL, Нови Сад, Србија

2007 – концертен настап на Грин Аут ,,Звуците на Чаршијата’’ , Скопје

2008 – Самостоен концерт на Грин Аут во Кастро, Скопје

2008 – концертен настап на Грин Аут на Фонетика Фестивал, Струга

2009 – Самостоен концерт на Легијата во МКЦ, Скопје

2009 – концертен настап на Грин Аут на SILVER FEST, Градиште, Охрид

2009 – концертен настап на Легијата на Фонетика Фестивал, Струга

2010 – Групна изложба на Остен, Скопје

2010 – концертен настап на Легијата во Дом на Млади, Штип

2010 – концертен настап со Грин Аут во Велес

2011 – Самостојна изложба на графики, цртежи и слики во МКЦ, Скопје

2011 – концертен настап на Грин Аут на KAM FEST, Камник, Словенија

2011- Самостоен концерт на Легијата во клуб Кадмо, Охрид

2012 – учество на Ликовна колонија во Плав, Црна Гора

2012 – групна изложба на слики во Нови Пазар, Србија

2012 – концертен настап со Грин Аут на ,,Здраво Млади’’ Мкц, Скопје

2012 – Самостоен концерт на Грин Аут во Клуб Хавана, Скопје

2012 – концертен настап на Тонио Сан на Хип Хоп Камп, Градиште, Охрид

2012 – изложба на цртежи и слики во Јапонски дух, МКЦ, Скопје

2013 – учество на Стрип изложба и презентација на Фацизам 1, 2 и 3 на Стрип Фестивалот во Лесковац, Србија

2013 – Самостојна изложба на традиционални графики во Графичко Студио, Музеј на Град Скопје

2013 – учество на ликовната графичка колонија ,,Софија’’, Богданци

2013 – групна изложба на графики во Музеј на Град Скопје

2013 – концертен настап на Грин Аут на Д Фест, Дојран

2013 – концертен настап на Грин Аут на Фонетика Фест, Охрид

2013 – концертен настап на Грин Аут на Mix-Tape Fest, Софија, Бугарија

2014 – групна изложба на цртежи, слики и графики во К.И.Ц., Скопје

2014 – концертен настап на Грин Аут на Chill Out Fest, Пловдив, Бугарија

2014 – Самостоен концерт на Грин Аут во МКЦ, Скопје

2014 – учество на фестивал за анимација со краткометражниот цртан филм ,,Empty Mind’’ на BALKANIMA FEST, Белград, Србија

2014 – учество на Скопскиот Филмски фестивал CINEDAYS со краткометражниот цртан филм ,,Empty Mind”

2014 – концертен настап на Грин Оут  на Фестивалот ,,Слободна Зона’’, Виница

Работно искуство:

Од 2005 до 2007 – Радио водител на емисијата посветена на Хип Хоп музиката ,,Здрава Храна’’ на Канал 103

2008 – Водител на Телевизиското Шоу ,,Бакалница” на К-15 Телевизија

2011 – графички дизајнер во Маркетинг Агенцијата JWT во Скопје

Како слободен графички дизајнер и илустратор има работено на повеќе проекти за разни клиенти, фирми и агенции.


Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?