проф. д-р Мумен Абуаркуб Архитектонски факултет

  • Образование:
  • Предмети:

Научна област:

Службен е-маил:

Биографија

Мумен Абуаркуб е роден на 25 Март во Дури во Палестина.Во 1984 година завршил гимназија,природно математичка насока,во Аман во Јордан. Во 1986 година се запишува на Архитектонски факултет во Скопје при Универзитетот Св.Кирил и Методиј каде што и дипломира. Во 1995 година на истиот факултет запишува посдипломски студии и магистрира. Во 2000 година Специјализира градежна хемија во институтот за развој во АДИНГ-АД во Скопје.Во 2005 година докторира на Архитектонскиот во Скопје. Го владее арапскиот,македонскиот и српскиот јазик и се користи со англискиот јазик.  Целосно ги применува компјутерските програми MS Office ,Internet и AUTOCAD.

Образование и усовршување

Во 1995 година дипломира на Архитектонскиот факултет во Скопје при Универзитетот Св.Кирил и Методиј,насока проектирање.Магистерскиот труд под наслов „Домување во градот Наблус во Палестина,на примерот на населбата Ел-Хабалех “ работен под менторство на проф. д-р Зорица Блажевска,успешно го одбранува во 2000 година на Архитектонскиот факултет при Универзитетот  „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во 2005 година специјализира градежна хемија во Институтот за развој во АДИНГ-АД Скопје,каде што успешно го одбранува стручниот труд под наслов “Влијание на хиперпластификатори ( полиикарбонати ) на физичките и механичките својства на бетонот”, под менторство на Коста Костов.

Докторира на факултет во Скопје при Универзитетот Св.Кирил и Методиј,под менторство на проф. д-р  Тихомир Стојков. Докторската дисертација под наслов: „Трансформација на просторните структури на градот Наблус-Палестинска Афтономија од аспект на одржлив развој” успешно ја одбранува на 10.06.2005 година.

Во 2015 година се запишува на посдокторски студии на Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Загреб под тема: „Архитектонски урбан карактер на палестинска традиционална куќа“.

Напредување во структура

Во период од 03.01.1996 година до 03.01.1999 година работи како проектант во К.Г.В –Доо-Друштво за трговија, производство,проектирање и инжинеринг Скопје.

Како проектант во период од 05.07.2001 до 20.08.2003 година работи во проектантска фирма во Ел Вазал во Аман-Јордан.

Од 03.08.2005 година работи во АДИНГ –АД во Скопје како стручен соработник и консултант за примена и пласман за хемиски материјали и градежно инжинерски работи на Блискиот исток .

На МИТ Универзитет, Архитектонски факултет во Скопје,работи како доцент во период 15.10.2008 до 30.09.2009 година.

Од 01.10.2009 година до ден денес работи како вонреден  професор на Универзитетот Унион – Никола Тесла. Факултет за градежен менаџмент во Београд насока архитектура и градежништво.

Активности,конгреси,синпозиуми,семинари и конкурси

Предлог решение за нова урбано организациона структура на градот Наблус, Палестина до 2015 година,го презентира на 6-тиот меџународен синпозиум и урбанистички предизвици, организиран од здружението на урбанисти на Србија во Ниш, Република Србија во периот од 8-15 ноември 2007 година.

На 19.09.2008 година во контекс на научни истражувања и студии го презентира проектот „Реставрација и ревитализација на градот Наблус-Палестина’’, на Палестинскиот политехнички универзитет, Институт за инжињерска технологија насока архитектура и градежништво.

Научно истражувачкиот труд под наслов „Последици од израелската агресија на архитектонско-урбаниот карактер на градот Наблус-Палестина’’ го изложува на 20-тиот меѓународен синпозиум за урбанизам и урбанистички предизвици, организиран од здружението на урбанисти на Србија во Ниш, Република Србија,во периот од 6-13 ноември 2009 година.

Во 2011 година учествува на меѓународниот конкурс за Бетон Хала, под организација на Градската Управа на Белград.

На 21-иот меѓународен синпозиум за урбанизам и урбанистички предизвици организиран од Здружението на урбанисти на Србија, во Лесковац, Република Србија во периодот од 6-15 ноември 2012 година ја презентира научно докажаната студија „Архитектонската и социјална состојба на палестинскиот канп за бегалци во Бејрут-Либан’’.

Визија за остварување на одржлив развој на Палестина,научен труд презентиран на првата глобална конференција за палестински академци и дијаспора, одбрана на 10-11 април 2013 година во Наблус-Палестина,под организација на оделот за иселеници  во Палестинска Ослободителна Организација и Националниот Универзитет Ал-Нахах.

Монографии за 12 познати југословенски архитекти објавени во часописот Изградба во организација на Сојузот на градежни инжинери и техничари на Србија. Друштво за механика на почвите и фундирање на Србија формирани во Белград. Оргиналите се на српски јазик.

Повеќе текстови од областа на архитектура и урбанизмот објавени во повеќе дневни и неделни списанија: Вечер, Дневник, Утрински весник и Порта 3.

Рецензент и промотор на книгата Бесконечност од афторот Зоран Илиев.

Наставна дејност :

-  Мит Универзитет во Скопје, одржана настава предавање и вежби:

Во 2008 година настава по предметот Архитектонски конструкции 1.кој се предава во прва година на студии

Во 2009 година настава по предметот Архитектонски конструкции 2.кој се предава во втора година на студии.

Во 2009 година настава по предметот Архитектонски конструкции 3.кој се предава во трета година на студии.

Во 2009 година настава по предметот Моделарство,кој се предава во втора година на студии.

 - Универзитет Унион-Никола Тесла во Белград, одржана настава предавање и вежби:

 Во 2009 година до денес,по предметот Архитектонски конструкции 1.на Факултетот за градежен менаџмент кој се предава во прва година на студии.

Во 2009 година до денес ,по предметот Архитектонски конструкции 2 на Факултетот за градежен менаџмент кој се предава во втора година на студии.

Во2010 година до денес попредметот Градежни конструкции 2 на Факултетот за градежен менаџмент насока градежништво кој се предава во трета година на студии.

Во 2010 година до денес по предметот Проектирање на општествени загради 1 на Факултетот за градежен менаџмент  насока архитектура кој се предава во четврта годинана студии .

Во 2010 година до денес по предметот Градежни конструкции 1 на Факултетот за градежен менаџмент насока градежнисштво кој се предава во втора година на студии

Во 2011 година до денес по предметот Проектирање на општествени згради 2 на Факултетот за градежен менаџмент насока архитектура кој се предава во четврта година на студии.

Во 2012 година до денес попредметот Одржлив развој на Фаултетот за градежен менаџмент кој се предава на докторски студии.

Во 2012 година до денес по предметот Менаџмент на знаење на Факултетот за градежен менаџмент кој се предава на докторски студии.

Индикатори за научна настава и стручна конпетентност и дејност :

Одбрана на магистерска и докторска дисертација:

Магистерска теза под наслов „Домување во градот Наблус во Палестина на примерот на населбата Ел-Хабалех“ работен под менторство на Проф.Д-р Зорица Блажевска, успешно одбранет во 2000 година на Архитектонскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ под менторство на проф.д-р Тихомир Стојков. Докторска дисерција под наслов „Трансформација на просторните структури на градот Наблус Палестинска Афтономија –од аспект на одржлив развој “ успешно ја одбранува на 10.06.2005 година.

Други прилози

- Дом, бесконечност,архитектура и дизајн, труд објавен во списание на инжинерите и техничарите на Србија и на урбанистите на Србија-Изградња во Белград, Република Србија. Оргиналот е на српски јазик.

- Палестина за сите времинња,публикација објавена во часописот на инжинери и техничари на Србија и на урбанистите на Србија-Изградња во Белград, Република Србија.

Стручни трудови

- Безбедноста на Блискиот Исток, труд презентиран на социолошки и правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

- Модели на одржан развој на градот Наблус во Палестина принципи на одржлив развој, проблеми, редифинирање и медодологија на уредување публициран на Универзитетот во Белград. Оргиналниот е на српски јазик.

- Еколошко деградирање на земјиштетона Западниот брег на Палестина како последица на изреалска окупација, труд објавен во Изградња во организација на Сојузот на градежни инжињери и техничари на Србија, Друштво за механика на почвите и фундирање на Србија објавени во Белград.Оргиналите се на српски јазик.

- Палестина помеѓу традицијата и современиот свет стариот град Наблус труд објавен во Изградња во организација на Сојузот на градежни инжињери и техничари на Србија. Друштво за механика на почвите и фундирање на Србија објавени во Белград.Оргиналите се на српски јазик.

- Влијание на хиперпластификатори поликарбонати на физичките и механичките својства на бетонот објавен во Изградња во организација на Сојузот на градежни инжињерии техничари на Србија. Друштво за механика на почвите и фундирање на Србија објавени во Белград.Оргиналите се на српски јазик.

- Вредности на традиционалната култура во функција на одржлив развој,публицирано на МИТ универзитетот во Скопје.

- Нова урбана организациона структура на градот Наблус во Палестина труд објавен во Изградња во организација на Сојузот на градежни инжињерии техничари на Србија. Друштво за механика на почвите и фундирање на Србија објавени во Белград. Оргиналите се на српски јазик.

- Примена на битумнската шиндра во кровните  конструкции труд објавен во Изградња во организација на Сојузот на градежни инжињерии техничари на Србија.  Друштво за механика на почвите и фундирање на Србија објавени во Белград. Оргиналите се на српски јазик.

- Санација и заштита на оштетени архитектонски конструктивни елементи труд објавен во Изградња во организација на Сојузот на градежни инжињерии техничари на Србија.  Друштво за механика на почвите и фундирање на Србија објавени во Белград. Оргиналите се на српски јазик.

- Одржување и обновување на старите градови во арапските земји со посебен осврт на градот Наблус во Палестина труд објавен во стручниот часопис за архитектура и урбанизам Простор во Загреб. Оргиналот е на хрватски јазик.

- Визија за реализација на одржливиот развојна градот Наблус-Палестина и поширокото опкружување труд објавен во Изградња во организација на Сојузот на градежни инжињери техничари на Србија.  Друштво за механика на почвите и фундирање на Србија објавени во Белград. Оргиналите се на српски јазик.


Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?