асс. м-р Адмир Шазиманоски Факултет за економски науки

  • Образование:
  • Предмети:

Научна област: Макроекономија

Службен емаил: admir.sazimanoski@fon.edu.mk

Кратка биографија

Асс. м-р  Адмир Шазиманоски е роден во Струга на 25.05.1981 год. Основно образование завршил во ОУ “Браќа Миладиновци” во Струга. Средното образование го завршил во Средното училиште “Нико Нестор” во Струга. Во 1999 год. се запишува на Универзитетот “Св. Климент Охридски” - Битола на факултетот за туризам и угостителство – Охрид на насоката царина и шпедиција. На ден  03.12.2003 год. дипломира на факултетот за царина и шпедиција и се стекнува со звањето дипломиран менаџер по царина и шпедиција. Во јануари 2004 год. се запишува на последипломските студии на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот “Св Кирил и Методиј” – Скопје  на насоката Меѓународни финансии и Економски развој. Во март 2005 год. се вработува во ТТК Банка АД Скопје  каде работи на неколку работни позиции се до 2009 год. Во јануари 2010 год. се вработува во Прв приватен универзитет ФОН Скопје во одделението во Струга . На ден 07.12.2011 год. успешно го одбранува магистерскиот труд на тема “ Координација на макроекономските политики во ЕУ” под менторство на академик Таки Фити и се стекнува со звањето магистер по економски науки од областа на меѓународните финансии и економскиот развој.


Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?