доц. д-р Тони Малиновски Факултет за информатика

  • Образование:
  • Предмети:

Научна област: Информатички науки

Службен е-маил: toni.malinovski@fon.edu.mk

 

Биографија:

Роден е во 1971 година во Скопје. Основното училиште го завршил во Скопје, по што  се запишал во средното електротехничко училиште УСО “Орце Николов” во Скопје. Во текот на основното и средното образование учествувал на повеќе републички и регионални натпревари во областа физика и математика. Во периодот од 1989-1994 год. го завршил Електротехничкиот факултет - Скопје, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, на насоката Компјутерска техника, Информатика и Автоматика (КТИА). По дипломирањето, во 1995 година се запишал на постдипломските студии на истиот факултет, при што истите ги завршил во 1998 год и се здобил со називот Магистер по електротехника. Докторирал во 2015 год. на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје, на тема од областа на образование на далечина.

Во периодот од 1994 до 1999 год. работи во А1 Телевизија во Скопје, како систем инженер, a во 1999 год. се вработува во Народна банка на Република Македонија, каде напредува до самостоен советник во Дирекцијата за информациска технологија. Неговите работни задачи опфаќаат развој и инсталација на комплексни информатички и комуникациски системи, управување со инфраструктурни проекти, како и спроведување на стратегијата на Дирекцијата и стандардите за квалитет во работа.

Дополнително, во периодот од 2004 год. работи хонорарно како сертифициран предавач за Cisco курсеви во повеќе области, а воедно е и Microsoft сертифициран тренер. Во 2014 година избран е како истакнат стручњак од практиката за изведување на клиничка настава на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, а во 2015 година како доцент на Факултетот за информатика, при ФОН Универзитетот  Скопје.

Во текот на својот професионален развој се стекнал со бројни меѓународни сертификати од областа на информациските и комуникациските технологии од познати светски компании, како што се Cisco и Microsoft, како резултат на неговото одлично познавање од областа на сигурност на информационите системи, операциони системи, компјутерски мрежи и системи за колаборација. При тоа, има одлично познавање на меѓународните стандарди од областа на информатиката, вклучувајќи ги оние за организацијата на работата, подобрување на квалитетот во работењето и сигурноста. Автор и коавтор е на повеќе трудови објавени во меѓународни журнали од областа на информатиката и информатичките технологии и учествувал на повеќе национални и меѓународни конференции.

Објавени трудови

Меѓународни списанија:

  1. Т. Vasileva-Stojanovska, М. Vasileva, Т. Malinovski, V. Trajkovik, “An ANFIS model of quality of experience prediction in education”, Applied Soft Computing, vol. 34, pp. 129-138, 2015 (Thomson Reuters Journal Citation Report Impact Factor: 2.810)
  2. T. Malinovski, T. Vasileva-Stojanovska, D. Jovevski, M. Vasileva, V. Trajkovik, "Adult Students' Perceptions in Distance Education Learning Environments Based on a Videoconferencing Platform – QoE Analysis", Journal of Information Technology Education: Research, vol.14, pp. 1-19, 2015 (SCImago Journal & Country Rank Impact Factor: 0.27)
  3. T. Vasileva-Stojanovska, T. Malinovski, M. Vasileva, D. Jovevski, V. Trajkovik, ”Impact of satisfaction, personality and learning style on educational outcomes in a blended learning environment”, Learning and Individual Differences, 2015 (Thomson Reuters Journal Citation Report Impact Factor: 1.565)
  4. T. Malinovski, M. Vasileva, T. Vasileva-Stojanovska, V. Trajkovik, “Considering high school students’ experience in asynchronous and synchronous distance learning environments: QoE prediction model”, The International Review Of Research In Open And Distance Learning, vol. 15, no. 4, 2014 (Thomson Reuters Journal Citation Report Impact Factor: 0.690)
  5. M. Vasileva, V. Bakeva, T. Vasileva-Stojanovska, T. Malinovski, V. Trajkovik, “Grandma's Games Project: Bridging Tradition and Technology Mediated Education”, TEM Journal, vol. 3, no. 1, pp.13-21, 2014
  6. T. Malinovski, M. Vasileva, V. Trajkovik, "Students’ Perceptions during Integration of Computer Games in Primary Education: QoE Analysis”, International Journal of Informatics and Communication Technology, vol. 3, no. 1, pp. 13-22, 2014
  7. T. Malinovski, M. Lazarova, V. Trajkovik, "Learner–content interaction in distance learning models: students’ experience while using learning management systems", International Journal of Innovation in Education, vol. 1, no. 4, pp. 362–376, 2012

 

Меѓународни конференции:

  1. T. Vasileva-Stojanovska, M. Vasileva, T. Malinovski, V. Trajkovik, "The Educational Prospects of Traditional Games as Learning Activities of Modern Students", Published in C. Busch (Eds.), Proceedings of the 8th European Conference on Games Based Learning, Berlin, Germany, pp. 749-756, 2014
  2. T. Malinovski, M. Vasileva, V. Trajkovik, "Integrating Computer Games in Primary Education for Increased Students’ QoE", 5th ICT Innovations 2013 Conference, Ohrid, Macedonia, September 2013. Published in V. Trajkovik and M. Anastas (Eds.), ICT Innovations 2013, Advances in Intelligent Systems and Computing, vol. 231, pp. 35-44, Springer International Publishing, 2014
  3. T. Malinovski, M. Vasileva, T. Vasileva-Stojanovska, V. Trajkovik, “Teachers’ acceptance of the Smart Board in primary education schools – QoE analysis”, Published in I. Mishkovski and S. Ristov (Eds.), Proceedings of the Tenth Conference On Informatics And Information Technology, Bitola, Macedonia, pp. 11-15, 2013
  4. T. Malinovski, V. Trajkovik, "Context-aware QoS: Different Approaches for Classification and Provisioning", Published in S. Markovski and M. Gusev (Eds.), Web proceedings of 4th ICT Innovations 2012 Conference, Ohrid, Macedonia, pp. 153-162, 2012
  5. Т. Malinovski, V. Trajkovik, “Concept for deploying wireless in the enterprise infrastructure: Balancing security and positive QoE for the end-users”, 3rd ICT Innovations 2011 Conference, Skopje, Macedonia, September 2011. Published in L. Kocarev (Eds.), ICT Innovations 2011, Advances in Intelligent and Soft Computing, vol. 150, pp. 95-105, Springer-Verlag, Berlin Heidelberg, 2012
  6. T. Malinovski, V. Trajkovik, D. Davcev, “Students' perceived QoE in videoconferencing based e-learning system”, 5th International GUIDE Conference, Rim, Italy, November 2011
  7. V. Trajkovik, D. Davcev, T. Malinovski, E. Palmisaro, E. Caporali, J. Valdisari, “Videoconferencing – based educational system: a case study”, eChallenges e-2011 Conference, Florence, Italy, October 2011. Published in P. Cunningham and M. Cunningham (Eds.), eChallenges e-2011 Conference Proceedings, IIMC International Information Management Corporation Ltd, 2011
  8. D. Davcev, V. Trajkovic, Z. Stafilov, T. Malinovski, G. Mirceva, "Videoconferencing Educational System – QoE Analysis", Sixth International Conference - Computer Science'2011, Ohrid, Macedonia, September 2011
  9. T. Malinovski, S. Loskovska, D. Mihajlov, "The concept of Virtual Reality in Creation of Three Dimensional Medical Records For Patients", 21 International Conference on ITI'99, Pula, Croatia, June 15- 18, pp.22, 1999
  10. T. Malinovski, S. Loskovska, D. Mihajlov, S. Arsenovski, "The concept of Virtual Reality in Creation of Three Dimensional Medical Records For Military Hospital Patients", YA/EM'99, pp.151, 1999
  11. T. Malinovski, S. Gievska, S. Jordanovski, K. Mitrevski, D. Davcev, “Design of Multimedia Presentation Using Synchronized Video, Animation and Sound streams”, Proceedings of the 17th Int. Conf. ITI 95, June 13-16, Pula, Croatia, pp. 495-500, 1995

 

Дел од книги:

  1. T. Malinovski, T. Vasileva-Stojanovska, V. Trajkovik, “The Educational Use Of Videoconferencing For Extending Learning Opportunities”, Video Conference as a tool for Higher Education: the TEMPUS ViCES experience, E. Caporali and V. Trajkovik (Eds.), Firenze University Press, pp. 37-51, 2012
  2. D. Davcev, "Multimedia Systems: State of the Art, Research, Development and Our Experience", MEDIS - informatics, Skopje, 1995

 

Проекти:

  1. Планирање, координирање на инволвираните страни и имплементација на национална приватна мрежа од повеќе финансиски институции во Македонија , со високо ниво на сигурност и достапност,  1999 година
  2. Планирање и реализација на проект за ре-дизајнирање на локалната корпоративна мрежа со централна оптичка инфраструктура и брз десктоп пристап до мрежата. Имплементација на виртуелни приватни мрежи (VLAN-ови) помеѓу различните дирекции и ограничување на сообраќајот соодветно на потребите, 2002 година
  3. Планирање, дизајн и имплементација на Систем за заштита од неавторизиран влез во мрежата (Intrusion Prevention System) базиран на Cisco технологии, мониторирање и ран одѕив при напади, 2006 година
  4. Планирање, координирање на инволвираните страни и имплементација на проект за мобилност во работењето со овозможување на далечински пристап на вработените кон корпоративната мрежа од различни компјутери и преносни мобилни уреди, 2008 година
  5. Реорганизација на Дирекцијата за информациска технологија во Народна банка на Република Македонија, согласно ITIL/ISO27000  (а подоцна и ISO 20000) меѓународните стандарди, како и изработка на прописи и стандарди за работа во дирекцијата, 2009 година
  6. Планирање, дизајн и имплементација на проект за безжична мрежа во корпоративна околина која на вработените им овозможува сигурен и флексибилен начин  на работење, 2010 година
  7. Планирање и реализација на проект за зголемување на флексибилноста и ефикасноста на информатичкиот систем во корпоративна околина со воведување на виртуелизација на сервери на Microsoft HyperV 2008/2012 и миграција на постојната инфраструктура, 2012 година
  8. Обезбедување на флексибилност во избор на телекомуникациските оператори кај банките и другите финансиски институции при поврзување со  затворената финансиска мрежа за национални плаќања и доставување на извештаи кон Народната банка на Република Македонија, 2013 година
  9. Воведување на процес за управување со ризици во Дирекцијата за информациска технологија во Народна банка на Република Македонија, како дел од целосниот процес во компанијата, 2015 година

 

Поважни меѓународни ИКТ сертификати:

  1. Cisco Certified Internetwork Expert # 24743
  2. Cisco Certified Internetwork Professional
  3. Cisco Certified Network Professional Voice
  4. Cisco Certified Network Professional Security
  5. Cisco Certified Network Professional
  6. Cisco Data Center UF Support Specialist
  7. Cisco Data Center Storage Networking Support Specialist
  8. Certified Cisco Systems Instructor # 30509

 

  1. Microsoft Certified Solutions Associate for Windows Server 2012
  2. Microsoft Certified IT Professional: Enterprise Administrator on Windows Server 2008
  3. Microsoft Certified IT Professional: Server Administrator on Windows Server 2008
  4. Microsoft Certified Technology Specialist: Windows 7, Configuration
  5. Microsoft Certified Systems Engineer for Win2003
  6. Microsoft Certified Systems Engineer for Win2000
  7. Microsoft Certified Trainer

 

  1. IPv6 Forum Certified Network Engineer (Gold)
  2. NSA and CNSS 4013 Recognition

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?