доц. д-р Јелена Ристиќ Архитектонски факултет

  • Образование:
  • Предмети:

Биографија и академско образование:

Доц. д-р Јелена Ристиќ е родена на 29.05.1987 год. во Скопје. Во 2009 год. дипломирала прва во својата генерација на конструктивната насока на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со просечна оцена 9.86.

Постдипломските студии ги завршила исто така на конструктивната насока на Градежниот факултет во Скопје со просечна оцена 10 и во 2011 година се стекнала со титулата Магистер на технички науки од областа на градежништвото.

Во декември 2011 год. ги започнала докторските студии во Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија како докторант на првата генерација на Школата за докторски студии при УКИМ во Скопје. Испитите од генеричките предмети и предметите од потесната истражувачка област, како и сите рецензирани семестрални трудови од докторските семинари и научните презентации на годишните докторски конференции на УКИМ и’ биле оценети со највисока оцена 10. Докторската дисертација со наслов „Модерна технологија за сеизмичка заштита на мостовски конструкции со примена на нов систем за модификација на сеизмичкиот одговор“ успешно ја одбранила во март 2016 год. и се здобила со академско звање доктор на технички науки како најмлад кандидат во таа област.

 

Истражувачки престои на странски универзитети:

Во текот на академските студии, три пати престојувала во странство. Во 2006 год. како стипендист на сојузната држава Хесен, Германија учествувала на едномесечен Интернационален летен универзитет (ISU Kassel), каде се стекнала со сертификат од Универзитетот во градот Касел, Германија.

Во 2008 и 2009 год. престојувала како едномесечен стипендист и студент-истражувач преку Германската владина институција за академска размена (DAAD) на Рурскиот универзитет во Бохум, Германија. Во текот на двата престои, како резултат на нејзината истражувачка работа, предала две стручни монографии.

 

Учество во интернационални научноистражувачки проекти:

Како млад научен истражувач била стипендист на Програмата на НАТО Наука за мир и сигурност од 2010 до 2013 год. и учествувала во реализацијата на тригодишен интернационален иновативен проект со наслов „Сеизмичко унапредување на мостови во југоисточна Европа со примена на иновативни технологии (ISU Bridge) SfP: 983828“.

Од 2014 до 2015 год. работела како научен истражувач на иновативен проект со наслов „Seismo-Safe 2G3-GOSEB Building System“, реализиран во Република Србија, финансиран од Иновацискиот фонд на Република Србија, Светска банка и поддржан од Европската унија.

 

Работно искуство во наставно-образовна дејност:

Во академската 2012/2013 год. работела како соработник на Катедрата за Организација, механизација и технологија на градба на Градежниот факултет во Скопје.

 

Во академската 2014/2015 год. била избрана во звање асистент во областа Архитектонски конструкции и работела на Архитектонскиот факултет на Првиот приватен универзитет ФОН во Скопје.

 

Работно искуство во стручно-апликативна дејност:

Од 2011 година има работно искуство како проектант и ревидент при реализација на проекти на конструкции од различни категории од областа на градежништвото. Повеќе од 9 години активно се служи со повеќе напредни софтверски пакети за статичка и динамичка, линеарна и нелинеарна анализа на конструкции.

 

Публикувани истражувачки и научни трудови со оригинални резултати:

Автор и ко-автор е на повеќе од 34 рецензирани научни и стручни трудови со оригинални истражувачки резултати објавени во зборници на меѓународни собири, Европски конференции и Светски конференции од највисок значај во областа на градежништвото и земјотресното инженерство.

 

 

  1. Ристиќ, Ј., и други. ‘Анализа на влијанието на вертикалната компонента на сеизмичкото забрзување при проектирање и санација на свлечиште во флишни наслаги’, Прв Интернационален конгрес ‘Георекс’, 26-29.04.2007. Рударско Геолошко Градежен факултет, Тузла, Босна и Херцеговина.
  2. Ристиќ, Д., Иемура, Х., Ристиќ, Ј., ‘Иновативен сеизмички систем за изолација на згради ефикасен за целосна контрола на сеизмичката енергија’, 14-та Светска Конференција за Земјотресно Инженерство, Пекинг (WCEE), Кина, 12-17 Октомври 2008.
  3. Ристиќ, Ј., ‘Современо димензионирање на армиранобетонски и композитни конструкции и пресеци базирано на Еврокод’, Финален труд како резултат на едномесечен престој на Рурскиот Унивезитет во Бохум, Германија, 21 Август 2008.
  4. Ристиќ, Ј., ‘Компаративна анализа на динамичките карактеристики и сеизмичкиот одговор на армирано бетонски мостови со 8 и 16 распони со пресметка на капацитет на носивост и анализа на сигурност на критичните попречни пресеци на средните столбови’, Финален труд како резултат на едномесечен престој на Рурскиот Унивезитет во Бохум, Германија, 9 Октомври 2009.
  5. Ристиќ, Ј., Думова-Јованоска Е., ‘Современ концепт за анализа на сеизмичката стабилност на АБ мостови со неопренски лежишта потврден со експериментално верифицирани теоретски модели’, Прв национален симпозиум ‘Теориски и експериментални истражувања на конструкциите и нивна примена во градежништвото’ (ТЕИК 2010), Ниш, Србија, 18-19 Март 2010.
  6. Ристиќ Д., Ристиќ, Ј., ‘Иновативен GOSEB-LB само-адаптирачки систем за сеизмичка изолација применлив за сеизмичка заштита на вообичаени и многу долги мостови’, 14-та Европска Конференција за Земјотресно Инженерство (ECEE), Охрид, Р. Македонија, 30 Август – 3 Септември 2010.
  7. Ристиќ, Ј., Думова-Јованоска Е., ‘Сеизмичка анализа на АБ мостовска конструкција со неопренски лежишта спроведена со користење на експериментално потврдени унапредени теоретски модели’, 14-та Европска Конференција за Земјотресно Инженерство (ECEE), Охрид, Р. Македонија, 30 Август – 3 Септември 2010.
  8. Ристиќ Ј., Думова-Јованоска Е., ‘Pushover Анализа на АБ Мостовска Конструкција со Примена на Еврокод 8’, 14ти Симпозиум на Друштво на Градежни Конструктори на Македонија (ДГКМ), Струга, Р. Македонија, 28.09-01.10.2011.
  9. Ристиќ Д., Ристиќ Ј., ‘Seismically safe cities of the future with advanced innovations and education: New ML-MD seismic response modification system’, Innovation as a Function of Engineering Development, IDE 2011, Ниш, Србија, 25-26.11.2011.
  10. Ристиќ Ј., Думова-Јованоска Е., ‘Pushover analysis of RC bridge structure using Eurocode 8 regulations’, Innovation as a Function of Engineering Development, IDE 2011, Ниш, Србија, 25-26.11.2011.
  11. Ристиќ Д., Ристиќ Ј., „Напреден 2G3 концепт за сеизмичка изолација за ефикасно сеизмичко унапредување на мостови во југоисточна Европа“, Меѓународен стручен собир GTZ 2012, Тузла, Босна и Херцеговина, 7-9.06.2012.
  12. Ристиќ Д., Ристиќ Ј., „Аdvanced 2G3 seismic isolation concept for efficient seismic uppgrading of bridges in South-East Europe“, Journal of Faculty of Mining, Geology and Civil Engineering, Тузла, Босна и Херцеговина, Vol. 2013/1, pp.39-48.
  13. Ристиќ Д., Уве Д., Ристиќ Ј., „Advanced ML-MD GOSEB Seismic Isolation System for Efficient Seismic Protection of Bridges in South East Europe, 9-ти Германско-Јапонски Симпозиум за Мостови, Кјото, Јапонија 10-11.09.2012.
  14. Ристиќ Д., Ристиќ Ј., „New Integrated 2G3 Response Modification Method for Seismic Upgrading of New and Existing Bridges“, 15-та Светска Конференција за Земјотресно Инженерство, Лисабон (WCEE), Португалија, 24-28.09.2012.
  15. Ристиќ Д., Христовски В., Ристиќ Ј., ‘Advanced Method for Efficient Seismic Upgrading of Bridges Based on Integrated CET-Bridge State Diagnosis Concept – Initial Phase 1, 15-та Светска Конференција за Земјотресно Инженерство (WCEE), Лисабон, Португалија, 24-28.09.2012.
  16. Ристиќ Д., Христовски В., Ристиќ Ј., ‘Shaking Table Test of New Seismic Isolation System For Bridges Based on ML-MD-H Type Energy Dissipation Devices (EDD): Part III’, - Интернационална Конференција за Земјотресно Инженерство (SE-50EEE), Скопје, Р. Македонија, 29-31.05.2013.
  17. Ристиќ Д., Плана Н., Мисини М., Ристиќ Ј., ‘Practical Cost Effective CESI-K1-SF Seismic Isolation Technology for Efficient Seismic Protection of Bridges’, - Интернационална Конференција за Земјотресно Инженерство (SE-50EEE), Скопје, Р. Македонија, 29-31.05.2013.
  18. Ристиќ Д., Кокаланов Ѓ., Морина К., Ристиќ Ј., ‘Seismic Protection of Buildings With Optimized GB-SI-VB Seismic Isolation System’, - Интернационална Конференција за Земјотресно Инженерство (SE-50EEE), Скопје, Р. Македонија, 29-31.05.2013.
  19. Ристиќ Ј., ‘Нов концепт за модификација на сеизмички одговор применлив како ефикасен метод за сеизмичка заштита на мостовски конструкции – Дел 1’, Докторски семинар, Школа за Докторски студии, УКИМ, Јули 2013, Скопје, Р. Македонија.
  20. Ристиќ Ј., ‘Важност на примена на нелинеарна анализа при современо проектирање на сеизмички изолирани мостови, 15ти симпозиум на Друштво на Градежни Конструктори на Македонија (ДГКМ), 18-21.09.2013, Струга, Р. Македонија.
  21. Ристиќ Д., Христовски В., Ристиќ Ј., ‘Нов верифициран метод за сеизмичко унапредување на мостови базиран на современ концепт за дијагностика, 15ти симпозиум на Друштво на Градежни Конструктори на Македонија (ДГКМ), 18-21.09.2013, Струга, Р. Македонија.
  22. Ристиќ Ј., „Примена на нелинеарни сеизмички анализи при определување на одговорот на сеизмички изолирани мостови“, Građevinarstvo – nauka i praksa GNP 2014, 17-21.02.2014, Жабљак, Црна Гора.
  23. Ристиќ Ј., Напреден концепт за модификација на сеизмички одговор применлив како ефикасен метод за сеизмичка заштита на мостовски конструкции – Дел 2, Докторски семинар, Школа за Докторски студии, УКИМ, Април 2014, Скопје, Р. Македонија.
  24. Ристиќ Д., Фолиќ Р., Брујиќ З., Ристиќ Ј., Бошковиќ М., ‘Development and Testing of Innovative Energy Dissipation Devices of SB-Type - Part 1, Четврт научен стручен меѓународен собир на Сојуз на градежни инженери на Србија „Земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија“, 19-21.05.2014, Бор, Србија.
  25. Ристиќ Д., Фолиќ Р., Брујиќ З., Ристиќ Ј., Бошковиќ М., ‘Development and Testing of Innovative Energy Dissipation Devices of SB-Type - Part 2, Четврт научен стручен меѓународен собир на Сојуз на градежни инженери на Србија „Земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија“, 19-21.05.2014, Бор, Србија.
  26. Ристиќ Д., Брујиќ З., Фолиќ Р.,  Ристиќ Ј., Бошковиќ М., Златков Д., Вуќиниќ М., Здравковиќ С., Зенуновиќ Д., Лако А., ‘ReSIN: New Research Network Of South East Europe For Seismic Protection Of Structures By Innovative Technologies - Part 1, Четврт научен стручен меѓународен собир на Сојуз на градежни инженери на Србија „Земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија“, 19-21.05.2014, Бор, Србија.
  27. Ристиќ Ј., Христовски В., Ристиќ Д., ‘Seismic protection of bridges with application of new system for seismic response modification, 15-та Европска Конференција за Земјотресно Инженерство (ECEE), 25-29.08.2014, Истанбул, Турција.
  28. Ристиќ Д., Кокаланов Ѓ., Морина К., Ристиќ Ј., ‘Efficient seismic protection of buildings with new GOSEB-ZK seismic isolation system’, 15-та Европска Конференција за Земјотресно Инженерство (ECEE), 25-29.08.2014, Истанбул, Турција.
  29. Ристиќ Д., Плана Н., Мисини М., Ристиќ Ј., ‘Cost effective seismic isolation (CESI-SF) system for efficient seismic protection of bridges’, 15-та Европска Конференција за Земјотресно Инженерство (ECEE), 25-29.08.2014, Истанбул, Турција.
  30. Ристиќ Ј., Христовски В., Ристиќ Д., “Advanced Concept for Seismic Response Modification Applicable for Seismic Protection of Bridge Structures”, IZIIS-50 Интернационална конференција по земјотресно инжеерство и сеизмологија, 12-16.05.2015.
  31. Ристиќ Ј., Христовски В., Ристиќ Д., “Сеизмичка Заштита на Мостови со Примена на Иновативен Концепт за Модификација на Сеизмичкиот Одговор”, 16ти Симпозиум на ДГКМ, 01-03.10.2015, Охрид, Македонија.
  32. Ристиќ Ј., „Seismic resistance assessment of an existing bridge depending on the peak ground acceleration of the earthquake“, Građevinarstvo – nauka i praksa GNP 2016, 07-11.03.2016, Жабљак, Црна Гора.
  33. Ристиќ Ј., Ристиќ Д., „New Generalized Vertical Multi-Gap Seismic Isolation System (GVMG-SI System) For Buildings“, Трет интернационален научен собир „State and trends of Civil Engineering and Environmental Engineering“ – EGTZ2016, 02-04.06.2016, Тузла, Босна и Херцеговина.
  34. Ристиќ Ј., Ристиќ Д., New IRM Technology for Advanced Seismic Protection of Vital Structures“  Петти научен стручен меѓународен собир на Сојуз на градежни инженери на Србија „Земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија“, 28-30.05.2016, Сремски Карловци, Србија.
  35. Ристиќ Ј., Христовски В., Ристиќ Д., “Advanced Seismic Upgrading of Existing Bridges With New Adaptive IMSO-System for Seismic Response Modification”, 16та Светска Конференција за Земјотресно Инженерство, 09.01-13.01.2017, Сантијаго, Чиле. (прифатен)

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?