помл. асс. м-р Лилјана Димеска Архитектонски факултет

  • Образование:
  • Предмети:

Образование и признанија:

Лиlјана Димевска е родена во Штип, 1991 година. Во 2010 година завршува средно образование во Берово, со највисок перцептилен ранг во генерацијата. Истата година се запишува на студии на Архитектонскиот факултет, при Универзитетот,,Св. Кирил и Методиј’’, во Скопје, на петгодишни интегрирани студии по архитектура.

Дипломира 2013 година, со успешна одбрана на интермедијарен испит, на тема: Интерполација на група семејни куќи, нови типлогии на ниска станбена структура, под менторство на проф. д-р Зорица Блажеска, со просек 9,4 и се стекнува со звање дипломиран архитект. Истата година продолжува со магистерските студии на Архитектонскиот факултет, при УКИМ, Скопје. Во четвртата студиска година е изберена за студент на генерацијата со просек од 9,86. Во октомври, 2015 година, успешно го одбранува својот магистерски труд на тема: Истражување на колективната форма на домување, 1964 – 2015; Морфологија на домувањето, со наслов на магистерскиот труд:  Епизоди на домување, речна зона на град Велес, под менторство на проф.   д-р Минас Бакалчев и се стекнува со звање магистер инженер архитект.

Во текот на петгодишните интегрирани студиии по архитектура,  се здобива со вкупен просек од 9,5, истите ги завршува во рекордно време и добива Признание од Деканатот на Архитектонски факултет, за најдобар студент во генерацијата. Во мај, 2016 година, како студент со највисок просек на Архитектонски факултет, при УКИМ, е прогласена за добитник на најпрестижната награда за инженери, Инженерски прстен, која што и е доделена од страна на Инженерската институција и Комората на овластени архитекти и инженери на Р.М. Во јуни, 2016 година, и е врачен Инженерскиот прстен лично од Претседателот на Р.М. Ѓорѓе Иванов, преку свечен чин и манифестација под покровителство на Претседателот.

Во Октомври, 2016 година е примена на докторските студии на Градежниот факултет, при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, од страна на Докторската школа на УКИМ, каде што почнува со реализација на својата докторатура, во полето на техничко – технолошките науки, модул конструкции, со потесна област на истражување во енергетската ефикасност на објектите.

Во Ноември, 2016 година, како млад член на Клубот на носители на инженерски прстен – здружение кое што е дел од Инженерската Институција на Р.М. присуствува на свеченото доделување на едно од најголемите признанија во рамките на Републиката „Повелба на Република Македонија“ на Асоцијацијата на здруженија на инженери – Инженерска институција на Македонија повторно под покровителсто на Претседателот на Р.М.

Работно искуство:

Во текот на студентските денови, учествува во голем број на изложби, конкурси и проекти. Како соработник во идејни и основни архитектонски проекти учествува за прв пат во архитектонското студио за архитектура, урбанизам и дизајн ,,Студио ЛелеЛеле’’, во кое што волонтира на позицијата архитект  -  соработник во текот на 2013/14 година.

Во март, 2015 година, започнува со работа на позицијата архитект, во архитектонското студио, специјализрано за проектирање, ревизија и надзор ,,Тетрактис’’. Во текот на една година работно искуство во компанијата ,,Тетрактис’’, е соработник во голем број на основни, идејни и конкурсни архитектонски проекти и се стекнува со големо проектантско и практично искуство.

Во Април, 2016 година, започнува со работа на Архитектонскиот факултет, на Прв приватен универзитет, ФОН, на позицијата архитект – соработник. Во Мај, 2016 година, ја започнува својата универзитетска кариера со изборот за помлад асистент во областа на архитектонски конструкции. Од тогаш, па до денес, работи како помлад асистент на Архитектонскиот факултет, на ФОН универзитет.

Проекти:

  • Идеен проект ,,Реконструкција и доградба на хотел ,,МОЛИКА’’ Битола, Р. Македонија, конкурсно решение, 2016;
  • Основен проект за општинска зграда за Општина Маврово и Ростуше, 2015
  • Идеен проект за хотел со Спа центар Бања Банско, Струмица, 2015;
  • Идеен и Основен проект за реконструкција и доградба и надградба на деловно административен објект на бул.8-ми Септември,бр.18 Скопје, 2015;
  • Основен проект за базен и припратен објект, Центар за кинезитерапија, населба Злокуќани, Скопје,2015;
  • Основен проект за индивидуална семејна куќа, Тетово, 2015;
  • Идејно решение за објект Деловен центар на Мак Аутостар Скопје, конкурс, 2015;
  • Идеен и проект за хотел со Спа центар Катлановска Бања, Скопје, 2015;
  • Основен проект за реставрација на манастир Св. Јован Бигорски, проект за изведба на ентериер на дел од конаците  2013;
  • Основен проект за индивидуална семејна куќа, Скопје, 2013;
  • Идејно решение за плажи, Преспа – конкурс, 2013;
  • Проект за документирање и снимање на постоечка состојба на црквата ,,Св. Ѓорѓи”, Старо Нагоричани, 2014;

Научни и стручни трудови:

  • автор: Лилјана Димевска, ко-автор: Шукран Ќазми,  Capitalism and Architecture in Skopje, ARCHTHEO’16, DAKAM Conference, Istanbul, Turkey, October 2016, ISBN: 978-605-9207-51-5;
  • автор: Лилјана Димевска, ментор: Минас Бакалчев, Епизоди на домување речна зона на град Велес, магистерски труд, октомври 2015;
  • автор: Лилјана Димевска, ментор: Зорица Блажеска, Интерполација на група семејни куќи, нови типлогии на ниска станбена структура, октомври 2013;

Меѓународни конференции и симпозуми:

  • INTERNATIONAL SYMPOSIUM “PARTNERSHIP FOR GREEN CONSTUCTIONS”, Хотел ,,Гранит’’Св. Стефан, бб, Охрид, Р. Македонија, 08.05 – 10.05.2015;
  • INTERNATIONAL SYMPOSIUM ,,WORLD OF GLASS’’ Tulip Inn Hotel, Belgrade, Serbia, 15.10 – 17.10.2015;
  • INTERNATIONAL SYMPOSIUM for Architecture and Engineering, Hotel Internacional, Golden Sands, Bulgaria, 05.06 – 07.06.2015;
  • INTERNATIONAL CONFERENCE for Architecture ARCHTHEO’16, DAKAM Conference, Istanbul, Turkey, 27.10 – 28.10.2016

Награди и признанија:                                                                    

  • Награда ,,Инженерски прстен’’, од страна на Инженерската институција на Р.М. и Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Р.М, доделена од Претседателот на Р.М.
  • Признание за најдобар студент на Архитектонски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј’’, Скопје од страна на Инженерската институција на Р.М. и комората на овластени архитекти и овластени инженери на Р.М. за постигнат просек од 9.5;
  • Признание за најдобар студент на Архитектонски факултет, во четврта студиска година 2014/15, доделена од страна на Деканатот на Архитектонски факултет, при УКИМ, Скопје, за постигнат просек 9.86;

Членство во органи и тела:

  • Член на Клуб на носители, Инженерска институција на Р.М., Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Р.М.

Академски ангажман:

Во текот на зимскиот семестар, 2016 како помлад асистент на Архитектонски факултет, ФОН универзитет, Скопје, е вклучена по следните предмети:

Прв циклус на студии:

  • Архитектонски конструкции 1;
  • Проектирање на индустриски обекти 1;
  • Апликација на компјутерски програми Cad 1;
  • Апликација на компјутерски програми 3d 1;

Втор циклус на студии:

  • Проектирање на индустриски обекти 2;
  • Одбрани делови од ентериер, внатрешно уредување;
  • Одржлива архитектура;

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?