с.с. м-р Јасна Грујоска Архитектонски факултет

  • Образование:
  • Предмети:

Биографија и академско образование

Јасна Грујоска е родена на 22.03.1988 год. во Струга, каде што завршува основно и средно образование. Во 2012 година дипломира на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во 2014 год. се запишува на постдипломските студии на Градежниот факултет во Скопје (конструктивна насока). Во 2016 год., со одбрана на магистерскиот труд под наслов „Примена на отпадно стакло како агрегат во бетонот“ ги завршува постдипломските студии и се стекнува со титулата Магистер по технички науки од областа на градежништвото.

Работно искуство

Од 2012 год. има работно искуство како проектант и надзорен инжинер при реализација на проекти од областа на архитектурата.

Научно истражувачки трудови:

Ј. Грујоска: Примена на отпадно стакло како агрегат во бетонот, магистерски труд, (2016)

Познавање на странски јазици

Англиски јазик и делумно познавање на Италијански јазик.

Службен емаил:  jasna.grujoska@fon.edu.mk

 


Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?