м-р Тамара Адамова Факултет за детективи и безбедност

  • Образование:
  • Предмети:

М-р Тамара Адамова е родена на 04.09.1990 година во Велес., Основно и средно образование има завршено во Неготино.. Во 2012 година дипломирала на Факултетот за детективи и безбедност во Скопје при првиот приватен Универзитет ФОН, и се стекнува со звање дипломиран детектив,

М-р Адамова завршила постдипломски студии по безбедносни науки на Факултетот за детективи и безбедност во Скопје, каде што во 2015 година магистрирала на тема:”РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА НА СЛУЖАТА ЗА ВОЕНА ЕЗБЕДНОСТ И РАЗУЗНАВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО БОРБА ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ“ и се стекнува со звање магистер на безедносни науки.

Во 2013 година служи воен рок во касарната „Алексо Дамниевски Бауман“ и се стекнува со воените вештини како и ракувањето со оружје.

М-р Адамова, од 2013 година, исто така е ангаирана како демонстратор од областа на криминалистичките и безбедносните науки во состав на Првиот приватен Универзитет ФОН во Скопје.

М-р Адамова како демонстратор беше ангажирана по предметите: Безбедносни системи, Справување со Кризи, Ракување со оружје, полициско работење во заедницата, Методика на истражување на оштиот криминалитет, и превенција на криминалитетот.

Во периодот 2015, 2016,2017 е избрана и  вработена како помлад асистент  ( соработник ) на Факултетот за детективи и безбедност при ФОН универзитетот.  Ангажирана е по следниве предмети: Безбедносни системи, Справување со Кризи, Ракување со оружје, полициско работење во заедницата, Приватна безбедност, Оперативна техника и опрема, Аналитичка дејност на безбедносните служби, Методика на истражување на пожари и експлозии, Човекови права, Корпорациска безбедност, Методика на истражување на тероризмот, Вовед во криминалистика, Криминалистичка тактика 1, Криминалистичка тактика 2, Криминалистичка Методика, Криминалистичка техника. Топографија во летни услови, Топографија во зимски услови,, Практична обука 1, Практична обука 2.

М-р Адамова во 2012 година беше учесник на летниот кампус организиран од НАТО, кој се одржуваше на воената база во Криволак и Пепелиште, која се здоби со високи оцени од таа обука.


Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?