доц. м-р Татјана Ќурчинска Пепељугоска Факултет за дизајн и мултимедија

  • Образование:
  • Предмети:

Наставно научна област: продукција и монтажа (сценско-уметнички дејности, филм, радио и ТВ, ТВ монтажа)

Службен и-маил: tanja.pepelugoska@fon.edu.mk

 

I. Образование

Магистерска тема „Проблемот на филмската дистрибуција во Република Македонија“ одбранета на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ –Скопје,  отсек Продукција

Професионално усовршување на Универзитетот во Лутон, Велика Британија

Практично усовршување во ЕМЕА одделот на филмската компанија Warner Bros. Во Лондон

Високо образование на Филозофскиот факултет – Скопје на група социологија при Универзитетот „Кирил и Методиј“ –Скопје

 

II. Работно искуство

  • Основач и директор на Друшво за дистрибуција на филмови и видео касети „Манакифилм„ дооел Скопје
  • Уредник на филмска програма во претпријатитето за дистрибуција на филмови „Македонија филм„ Скопје 
  • Професор на Филмската академија на Универитетот „Гоце Делчев“ Штип по предметот „Основи на филмска продукција 1“
  • Судски преведувач од англиски јазик на македонски јазик и обратно
  • Судски преведувач од српски јазик на македонски јазик и обратно

 

III. Учество на домашни и странски семинари и фестивали

  • Филмски фестивал во Берлин
  • Еуроимаж
  • Претставник на Република Македонија од областа на филмската дистрибуција на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан
  • Претставник на Република Македонија од областа на филмската дистрибуција на Филмскиот фестивал во Талин
  • Претставник на Република Македонија од областа на филмската дистрибуција  на Филмскиот фестивал во Сараево
  • Филмски фестивал во Кан

 

IV. Членство во управни одбори и совети

- Член на Советот на Меѓународниот филмски фестивал за камера „Браќа Манаки“ Битола

- Член на Управниот одбор на ЕМЕА Warner Bros. дистрибуција во Лондон

- Член на групацијата ЦИЦ Лондон (CIC - Paramount/Universal)

- Член на Советот на Филмскиот фестивал ФЕСТ во Белград

- Член на Советот на Филмскиот фестивал во Пула

 

V. Учество на домашни и меѓународни проекти и стручни трудови

  • Екслузивен дистрибутер на филмската програма на американските филмски компании Парамаунт, Универзал, Ворнер Брос, Сони, Колумбија Трајстар, Буена Виста за територија на Република Македонија
  • Координатор на дистрибуција на филмскиот опус на режисерот Милчо Манчевски во Република Македонија и во странство
  • Извршен продуцент на најголемиот меѓународен проект на Министерството за култура за дигитализација на целокупното творештвото на Милчо Манчевски, кое е прогласено за културно наследство, и тоа :
    • Дигитализација долгометражниот игран филм ПРЕД ДОЖДОТ во координација и соработка со странските копродуценти;
    • Дигитализација долгометражниот игран филм ПРАШИНА во координација и соработка со странските копродуценти;
    • Дигитализација долгометражниот игран филм СЕНКИ во координација и соработка со странските копродуценти;
    • Дигитализација долгометражниот игран филм МАЈКИ во координација и и соработка со странските копродуценти
  • Автор на „Прирачник за брендирање“ во рамките на  USAID Проектот „Цели, рекламирање, маркетинг, идентитет на производ“, објавен на Веб страната на Агенцијата за претприемништво на Република Македонија кој се користи во едукативни цели во област на маркетингот на малите и средни претпријатија

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?