м-р Ардиан Ислами Факултет за детективи и безбедност

  • Образование:
  • Предмети:

Научна област : Криминалистички науки

Службен eмaјл: ardian.islami@fon.edu.mk

Кратка биографија:

М-р Ардиан Ислами е роден на 04.10.1991 година во Куманово, oсновно и средно образование има завршено во Куманово. Во 2012 година дипломирал на Факултетот за детективи и безбедност во Скопје при Првиот Приватен Универзитет ФОН, и се стекнува со звање дипломиран детектив,

М-р Ислами завршил постдипломски студии по криминалистички науки на Факултетот за детективи и безбедност во Скопје, каде што во 2015 година магистрирал на тема: ”СОЦИОПАТОЛОШКИ ПОЈАВИ – МАЛОЛЕТНИЧКА ДЕЛЕКВЕНЦИЈА ВО РЕГИОНОТ НА КУМАНОВО“ и се стекнува со звање магистер на криминалистички науки.

М-р Ислами, од 2013 година, исто така е ангажиран како демонстратор од областа на криминалистичките и безбедносните науки во состав на Првиот Приватен Универзитет ФОН во Скопје.

М-р Ислами како демонстратор беше ангажиран по предметите: Безбедносни системи, Справување со Кризи, Полициско работење во заедницата, Методика на истражување на оштиот криминалитет, и Методика на истражување на тероризам, Криминалистичка тактика 2.

Во периодот  2016 - 2017 е избран и  вработен како помлад асистент  ( соработник ) на Факултетот за детективи и безбедност при ФОН универзитетот.  Ангажиран е по следниве предмети:

Вовед во криминалистика, Вовед во полициски науки, Криминологија, Криминалистичка тактика 1, Криминалистичка тактика 2, Криминалистичка техника, Криминалистичка методика, Криминалистички теории, Ракување со оружје, Економска криминалистика Малолетничка делинквенција, Еколошка криминалистика, Полициско работење во заедницата, Методика на истражувње на тероризам, Методика на истражувње на општ криминалитет, Методика на истражувње на организиран криминал, Приватна безбедност, Корпорациска безбедност.


Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?