доц. м-р Антонио Аранѓеловиќ Факултет за дизајн и мултимедија

  • Образование:
  • Предмети:

Биографски податоци:

Антонио Аранѓеловиќ е роден во Скопје, Македонија на 23.02.1986. Завршува средно уметничко училиште Д.С.У.П.У. Лазар Личеновски на отсекот Графика во Скопје во 2004. На Ликовната Академија во Скопје се запишува во 2006 година, а дипломира во 2010 на отсекот Графика во класата на проф. м-р Мирко Вујисиќ. Во 2011 се запишува на постдипломски студии на Ликовната Академија во Скопје во област Графика кај проф. м-р Мирко Вујисиќ. Магистрира во Мај, 2014 со магистерскиот труд ,,Куќичка на дрво”. Од најрана возраст  твори успешно во повеќе уметнички медиуми како што се ликовната уметност, стрипот, музиката, графичкиот дизајн и анимацијата.

Творечки актовности до 2015:

Во полето на ликовната уметност до 2015 има остварено две самостојни изложби, првата во 2011 во Младинскиот Културен Центар каде беа изложени 28 дела (графики, цртежи и слики), а втората во Графичкото студио во Музејот на Град Скопје каде беа изложени 10 традиционални графики. Има учествувано на повеќе групни изложби и ликовни колонии во Македонија и во соседните земји.

Во полето на стрипот  до 2015 има издадено 3 изданија заедно со неговиот тогашен стрип партнер. Станува збор за трите продолженија на сега веќе култниот стрип насловен ФАЦИЗАМ. Вреди да се спомне дека првиот дел (Фацизам 1), издаден во Декември 2010, на промоцијата одржана во Музејот на Град Скопје, успеа да продаде над 250 примероци за една вечер и цел тираж од 500 примероци низ текот на следната година што е рекорд во оваа област. Стрипот учествувал на неколку Стрип фестивали ширум Балканот.

Во полето на музиката е познат како ТОНИО САН кое подоцна му станува уметничко име во сите области и уметнички и творечки медиуми, член е на култната хип хоп групација ЛЕГИЈАТА и дел од триото ГРИН АУТ (GREEN OUT) . До 2015 има издадено три соло албуми, два со својот бенд ГРИН АУТ, два албуми со ЛЕГИЈАТА и еден во коалиција со КЕМП О.Д., има учествувано на многу хип хоп компилации во Македонија и надвор од неа,

и настапувано на сите можни важни фестивали кои подржуваат субкултурна музика во скоро сите градови во земјава. Со својот бенд има настапувано  во Македонија, Србија, Бугарија, Словенија, Хрватска... има учествувано на два документарни филмови за Македонската Хип Хоп сцена и неколку години бил радио водител на Канал 103 на емисијата ЗДРАВА ХРАНА посветена на хип хоп музиката.

Во полето на анимацијата досега има еден краткометражен цртан филм ,,Празен Ум’’ (Empty Mind) од 5 минути каде се јавува како комплетен автор (режисер, аниматор, карактер дизајнер, цртач и монтажер). Цртанот беше завршен во 2014 и истата година учествуваше на Белградскиот фестивал за анимација Балканима и на Скопскиот Филмски фестивал каде во програмата беа и филмови кои добија оскар во 2015. Цртанот е одлично прифатен и на двата фестивали каде што е проектиран.

Во полето на графичкиот дизајн  има работено во Маркетинг Агенцијата JWTво Скопје од 2010 до Септември 2011 кога ќе реши да ја напушти агенцијата за да запише постдипломски студии. Како графички дизајнер во фирмата и како freelancer има изработено безброј дизајни како што се амбалажи на продукти, банери, постери, плакати, клубови и дискотеки, музички кавери и омоти, насловни страни на книги, каталози, логоа и така натаму.

Научно – наставни ангажмани на доц. м-р Антонио Аранѓеловиќ од 2015 до 2020:

Антонио Аранѓеловиќ од 2015 работи како Професор на Факултетот за Дизајн и мултимедија при Фон Универзитетот. Покрај матичните предмети кои му се доделени од почетокот на образовната кариера, па до денес, а тоа се: Техники на цртање 1, Техники на цртање 2, Графички дизајн 1 и Графички дизајн 2, Сториборд, Стрип дизајн, Графички дизајн-напредно ниво 2, изведува настава и на предметите: Ликовна естетика во дизајнот, Подготовки за печат и Дизајн на подвижна слика. Од 2015 до 2019 е професор по предметите Ликовно изразување 1 и 2, кои се дел од програмата на Архитектонскиот Факултет при Фон Универзитетот. Покрај наставата, учествува во солиден број на дипломски и магистерски одбрани, како ментор, член или претседател на комисиите. Неколку пати е учесник во настаните на научно – наставниот  и апликативен проект на Фон Универзитетот ,,Фабрика на знаење’’ како еден од менторите на тимовите.

Творечки активности, проекти и научни трудови во полето на Уметноста од 2015 до 2020:

Антонио Аранѓеловиќ во Јули, 2015 учествува на Ликовната колонија во Плав, Црна Гора. Во склоп на колонијата, со две слики учествува на групните изложби во Плав и Нови Пазар.

Во 2016 изработува тотален дизајн или корпоративен идентитет на 27 – Европско првенство во Кендо, одржано во Скопје од 21 март до 3 април, под покровителство на Македонската Иаидо – Кендо федерација и Европската Кендо федерација. Аранѓеловиќ е главен графички дизајнер на официјалниот плакат за првенството, официјалното лого на првенството, официјалниот каталог, медалот за прво, второ и трето место, благодарниците и дипломите, брендираните продукти како што се маици, привезоци, чаши итн. За својот труд на официјалната завршна вечер од првенството, Македонската Кендо федерација му врачува благодарница и почесна награда за својот професионален придонес.

Во 2016 се ангажира и учествува околу конкурсот за студентски плакат на тема ,,Република Македонија како туристичка дестинација’’ и целокупниот проект ,,Полската школа на плакат’’. Во март 2017, Полската амбасада, Музејот на град Скопје и Плакарт, му врачуваат благодарница за укажаната поддршка и заложба за успешното реализирање на целокупниот проект.

Во мај 2016, се одржува промоција на вториот музички албум на Легијата, проект на кој Антонио се потпишува како дизајнер на корпоративниот идентитет и тотален дизајн на каверот на ЦД-то, кое содржи и буклет од 16 страни со оргинални цртежи и дизајни од А. Аранѓеловиќ.

Во мај 2017, се одржува промоција на ФАЦИЗАМ 4, четвртиот дел од Стрип серијалот ФАЦИЗАМ, каде А. Аранѓеловиќ се јавува како еден од двајцата автори кои комплетно го пишуваат, илустрираат и дизајнираат стрипот. Делото доживува сличен успех како и претходните изданија на серијалот.

Во септември 2017, во Музејот на град Скопје, Антонио ја отвара својата трета самостојна изложба насловена како ,,Чиј е мојот град?’’. Изложбата ја сочинуваат 28 дела, традиционални графики и цртежи. Изложбата ја отвара кураторот Александар Ристевски од Центар за промоција на култура и туризам, а предговорот во каталогот го напиша проф. Д-р Марија Ветероска. Суштински е да се спомне дека Музејот на град Скопје, каде што, како што вели Антонио, голема чест и привилегија е да се изложува, го отстапи својот главен изложбен простор две седмици за поставката на делата.

На 30 септември 2017, во Музеј Дебар маало, во организација на Реборн, се случува голем настан посветен на локалната култура и уметност , вклучувајќи сликарство, скулптура, музика и филм. На групната изложба во изложбениот салон под областа на сликарството, Антонио учествува со цртеж насловен ,,Маалскиот змај’’ изработен во техниката лавиран туш, со димензии 55 Х 100 цм.

 Во септември 2018, во Културно Информативниот Центар, се одржува групна изложба на дела од македонски ликовни уметници, насловена ,,Донирај Уметност’’, поттикнатa од пожарите во Атина, со повод после поставката во Скопје, делата да заминат како хуманитарна донација во Атина. Антонио учествува во групната изложба со графика во дигитален печат, насловена ,,Поврзаност’’ во димензии 70 Х 100 цм.

На 8 мај 2019 во Младинскиот културен центар во Скопје, Антонио Аранѓеловиќ прави промоција на, како што кажува самиот тој, едно од неговите најкомплетни дела. Вечерта ја издава својата прва Графичка новела од 112 страни под наслов ,,Некои мали нешта’’. Стрипот е заведен во Националната и универзитетска библиотека ,,Св. Климент Охридски’’, Скопје, под издавачката куќа ,,Пропоинт”. Антонио Аранѓеловиќ е комплетен автор на приказната, сценариото, дизајнот, како и на сите 370 илустрации во делото.

Некои од поважните издадени творечки активности, истакнати хронолошки:

1996 – издавање на боенка за деца од приватната сликарска школа ,,ДЕГА’’

2002 – музички компилација:  SHURIKEN records  - Skopje Street Beats

2004 – музички албум: Тонио Сан (Р.Н.С.) – Цветот на Светот

2005 – документарен филм за Хип Хоп музиката во МК: Магијата на една Култура

2008 – музички албум: Легијата – Лош ден за Империјата

2009 – музички албум: Грин Оут – Некои градски бандити

2010 – стрип: Фацизам 1

2010 – музички албум: Легијата – Деценија

2010 – музички албум: Тонио Сан – Друштвото на мртвите поети

2010 – музичка компилација: Living Records Tokyo/Japan – World Rap

2011 – стрип: Фацизам 2

2012 – музички албум: Тонио Сан – Синтеза на ум и меч

2012 – стрип: Фацизам 3

2013 – музички албум: Тонио Сан и Кемп О.Д. – Чаирскиот Албум

2014 – музички албум: Грин Оут – Рапаноја

2016 - музички албум: Легијата – Легијата на Проколнатите (тотал дизајн)

2017 – стрип: Фацизам 4

2019 – графичка новела: Некои мали нешта

Позначајни јавни и културни активности:

1998 – групна изложба на приватната сликарска школа ,,Дега’’

2001 – концертен настап со Легијата на Таксират Демо Вечер, МКЦ, Скопје

2004 – концертен настап на Тонио Сан на 103 Фестивал, Градски Парк, Скопје

2005 – концертен настап со Грин Аут на 103 Фестивал, МКЦ, Скопје

2006 – концертен настап со Грин Аут на EXIT FESTIVAL, Нови Сад, Србија

2007 – концертен настап на Грин Аут ,,Звуците на Чаршијата’’ , Скопје

2008 – Самостоен концерт на Грин Аут во Кастро, Скопје

2008 – концертен настап на Грин Аут на Фонетика Фестивал, Струга

2009 – Самостоен концерт на Легијата во МКЦ, Скопје

2009 – концертен настап на Грин Аут на SILVER FEST, Градиште, Охрид

2009 – концертен настап на Легијата на Фонетика Фестивал, Струга

2010 – Групна изложба на Остен, Скопје

2010 – концертен настап на Легијата во Дом на Млади, Штип

2010 – концертен настап со Грин Аут во Велес

2011 – Самостојна изложба на графики, цртежи и слики во МКЦ, Скопје

2011 – концертен настап на Грин Аут на KAM FEST, Камник, Словенија

2011- Самостоен концерт на Легијата во клуб Кадмо, Охрид

2012 – учество на Ликовна колонија во Плав, Црна Гора

2012 – групна изложба на слики во Нови Пазар, Србија

2012 – концертен настап со Грин Аут на ,,Здраво Млади’’ Мкц, Скопје

2012 – Самостоен концерт на Грин Аут во Клуб Хавана, Скопје

2012 – концертен настап на Тонио Сан на Хип Хоп Камп, Градиште, Охрид

2012 – изложба на цртежи и слики во Јапонски дух, МКЦ, Скопје

2013 – учество на Стрип изложба и презентација на Фацизам 1, 2 и 3 на Стрип Фестивалот во Лесковац, Србија

2013 – Самостојна изложба на традиционални графики во Графичко Студио, Музеј на Град Скопје

2013 – учество на ликовната графичка колонија ,,Софија’’, Богданци

2013 – групна изложба на графики во Музеј на Град Скопје

2013 – концертен настап на Грин Аут на Д Фест, Дојран

2013 – концертен настап на Грин Аут на Фонетика Фест, Охрид

2013 – концертен настап на Грин Аут на Mix-Tape Fest, Софија, Бугарија

2014 – групна изложба на цртежи, слики и графики во К.И.Ц., Скопје

2014 – концертен настап на Грин Аут на Chill Out Fest, Пловдив, Бугарија

2014 – Самостоен концерт на Грин Аут во МКЦ, Скопје

2014 – учество на фестивал за анимација со краткометражниот цртан филм ,,Empty Mind’’ на BALKANIMA FEST, Белград, Србија

2014 – учество на Скопскиот Филмски фестивал CINEDAYS со краткометражниот цртан филм ,,Empty Mind”

2014 – концертен настап на Грин Оут  на Фестивалот ,,Слободна Зона’’, Виница

2015 – учество на Ликовна колонија во Плав, Црна Гора

2015 – групна илзожба на слики во Плав, Црна Гора

2016 – 27 Европско првенство во Кендо (тотал дизајн на плакат, лого, каталог, медал и останато)

2016 – учество и ангажман за конкурсот за студентски плакат на тема ,,Република Македонија како туристичка дестинација’’ под проектот ,,Полска школа на плакат’’

2017 – самостојна изложба на традиционални графики и цртежи ,,Чиј е мојот град?’’ во Музеј на град Скопје

2017 – групна изложба на Реборн во Музеј Дебар Маало

2018 – групна изложба ,,Донирај Уметност’’во Културно Информативен Центар, Скопје 

Работно искуство:

2011 – графички дизајнер во Маркетинг Агенцијата JWT во Скопје

Како слободен графички дизајнер и илустратор има работено на повеќе проекти за разни клиенти, фирми и агенции.

Од 2015 е Професор на Факултетот за Дизајн и Мултимедија при ФОН Универзитетот во Скопје.


Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?