проф. м-р Александар Рашковиќ Факултет за дизајн и мултимедија

  • Образование:
  • Предмети:

Александар Рашковиќ, роден 1977 година во Куманово. 

Средно образование завршува во Скопје, во Училиштето за применета уметност "Лазар Личеноски" на отсекот Дизајн на текстил и облека, кај професорите Проф. Д-р Ѓорѓи Здравев и Проф. М-р Лира Грабул. 

Додопломски студии завршува во Софија, Р. Бугарија, на Национална Ликовна Академија, Факултет за применета уметност, на катедрата за дизајн  на текстил и облека, во класата на Проф. Д-р Васил Овчаров и Проф. Д-р Марија Трендафилова

Постдипломски студии завршува во Софија, Р. Бугарија, на Национална Ликовна Академија, Факултет за применета уметност, на катедра за дизајн  на текстил и облека, во класа на професорот Проф. Д-р Анна Бојаџиева

Во својот професионален опус работи како  костимограф и моден дизајнер во и надвор од државата и научен советник во институциите во државата. 

Во образивниот и научниот опус, работи како хонорарен професор на Факултетот за драмски уметности (од 2007 година. ...) по предметите Костимографија и историја на костим, професор на Фин Универзитет, на Факултетот за дизајн и мултимедија (од 2015 година. ...) по група на предмети од област на моден дизајн и костимографија, и професор на Универзитетот ААБ во Приштина, Р. Косово (од 2015 - 2019 година) по група предмети од област моден дизајн.


Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?