проф. д-р Методија Анѓелески Факултет за детективи и безбедност

  • Образование:
  • Предмети:

Научна област: Општествени науки; подрачје: безбедност; области: општа  криминалистичка теорија со криминалистичка тактика (криминалистичка методика, криминологија, друго).

Службен маил: metodija.angeleski@fon.edu.mk

Кратка биографија:

Проф. д-р Методија Анѓелески (1951) е роден во с. Слепче, Прилепско. Основното образование го завршил во с. Костинци, а гимназијата во Свети НИколе. Со високо образование се стекнал во Скопје, каде што дипломирал на Филозофскиот факултет – група македонски јазик (1974) , магистрирал на кривично – правни науки (криминолошка насока) на Правниот факултет во Скопје (1982), а докторирал на Факултетот за безбедност  на тема „Теоретски проблеми на криминалистичката методика со посебен осврт на стопанскиот криминалитет“ (1991).

Дополнителни функции:

Проректор (2006-2009)

Декан на Факултетот за детективи и безбедност (2005).

Објави и литература:

Неговиот опус се состои од над 100 библиографски единици главно од областа на криминалистичката наука, меѓу кои спаѓаат и следниве 10 универзитетски учебници: Криминалистика (1993), Основи на економската криминалистика (1999), Криминалистичка тактика (2003), Оперативна криминалистика (2005), Безбедносни системи (коавтор со З. Ивановски, 2005), Вовед во криминалистика (2007), Криминалистичка тактика I (2007), Криминалистичка тактика II (2007), Криминалистичка методика (2008), Криминалистичка методика (2008), Криминалистичка техника (коавтор со Б. Симоновиќ и Д. Стојановски, 2009), Криминалистички теории (2014) , како и 2 практикуми: Криминалистичка тактика I - Практикум (2014) и Криминалистичка методика (општ криминалитет) - Практикум  (2014).


Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?