доц. д-р Весна Јованова Симева Факултет за спорт и спортски менаџмент

  • Образование:
  • Предмети:

Научна област: Спортски менаџмент

Службен емаил: vesna.jovanovasimeva@fon.edu.mk

Кратка биографија

Весна Јованова-Симева е родена во Кавадарци. Основно образование завршила во "Димката Ангелов-Габерот" со одличен успех. Средно образование завршила во Гимназијата "Добри Даскалов" во Кавадарци, природно-математичка насока, со одличен успех. Од 1990 год. до 1996 год. настапувала за кошаркарскиот клуб "Тиквеш"- Кавадарци.

            Во 1994/95 год. се запишала на Факултетот за физичка култура при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Дипломирала на предметот Кошарка во 1999 год.

            По дипломирањето во 1999 год. се запишала на последипломски студии на Факултетот за физичка култура при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Магистерската работа успешно ја одбранила во февруари 2006 год. од предметот Кошарка на тема  "Влијанието на некои ситуациони кошаркарски варијабли врз крајниот резултат кај екипите што се натпреваруваат во НБА-лигата" со што се здобила со звањето Магистер по Кинезиологија.

            Во 2007 год. е примена за асистент на Факултетот за спорт и спортски менаџмент, при Универзитетот ФОН, на предметот Ракомет, а од 2007 до 2013 год. била асистент на повеќе предмети, меѓу кои на : Кошарка, Фудбал, Биомеханика, Фитнес, Методика и педагошка пракса, Стратегиски менаџмент во спортот. Истата учествувала во изработката на елаборатот за отварање на основните и последипломските студии на Факултетот за спорт и спортски менаџмент при Универзитетот ФОН.

            Во 2009 год. ја пријавила темата за изработка на докторската дисертација под наслов "Влијанието на менаџментот врз успехот на спортските клубови и федерации" на Економски факултет при Универзитет "Св.Кирил и Методиј" - Скопје, под менторство на Проф. д-р Љубомир Дракулевски.

Во декември 2013 год. успешно го одбранила својот докторски труд и се здобила со звањето Доктор по Економски науки.

На 10.11.2014 год. е избрана во звањето Доцент од областа на спортски менаџмент.

Проекти: Фабрика на знаење 2014 год.

Научни и стручни трудови ​

  1. "Влијанието на некои кошаркарски варијабли врз уфрлувањето на топка во кош од мало, средно и големо растојание кај екипите од NBA - лигата" (Физичка култура, (2)215-218, октомври, 2005).
  2. "Уфрлување на топка во кош зависно од аголот и растојанието" (Стручно-научен собир, Програмско-организациска, стручна и научна димензија на училишниот спорт, Пелистер, 21-23.06.2006 год. стр. 258-262).
  3. "Компарација помеѓу екипите учеснички на play-off натпреварите во NBA - лигата и екипите учеснички на finall-four натпреварите од Евролигата" (Стручно-научен собир, Програмско-организациска, стручна и научна димензија на училишниот спорт, Пелистер, 21-23.06.2006 год. стр. 263-266).
  4. "Техничко-тактички напади со преминување од една во друга зона" (Стручно-научен собир, Програмско-организациска, стручна и научна димензија на училишниот спорт, Пелистер, 21-23.06.2006 год. стр. 95-99). 
  5. "Влијание на некои антропометриски карактеристики врз некои моторни тестови за експлозивна снага кај ученички на возраст од 9 години " - (Стручно-научен собир, Програмско-организациска, стручна и научна димензија на училишниот спорт, Пелистер, 21-23.06.2006 год., стр. 222-226).
  6. "Утврдување на структурата на кошаркарската игра кај најдобрите екипи од Евролигата, NBA-лигата и СП Јапонија 2006 " (Физичка култура, бр.2, година 34, 2006, стр. 123-126).
  7. "Влијание на рангот на натпреварувањето врз уфрлувањето на топка во кош зависно од аголот и растојанието" (Физичка култура, бр.2, година 34, 2006,  стр. 219-222).
  8.  "Методска постапка на удар на гол со нога" (Физичка култура, бр.2, година 34, 2006, стр. 165-169).
  9. "Struktura tehničko-taktičkih dejstvija košarkaških ekipa NBA - lige " - (CRNOGORSKA SPORTSKA AKADEMIJA, “Sport Mont”, бр.12, 13, 14, 2007, Podgorica, str. 285-291).
  10. "Настава во природа " - (Физичка култура, бр.1, 2007, стр. 220-222).
  11. "Некои ситуационо психомоторни способности со потенцијално и актуелно значење за успех во фудбалската игра " (Физичка култура, бр.1, 2007, стр. 149-150).
  12. "Relacije između nekih testova za procenu fleksibilnosti i rezultata kod plivača različitog kvaliteta na 50 i 100 metara delfin " (CRNOGORSKA SPORTSKA AKADEMIJA, “Sport Mont”, бр.15,16,17, 2008, Podgorica, str.778-783).
  13. "Менаџмент на човечките ресурси во спортот". (Физичка култура, бр.2, 2008 год., стр. 155-157.)
  14. "The role of the manager in the sport activities"  (CRNOGORSKA SPORTSKA AKADEMIJA, “Sport Mont”, No.18,19,20./VI, 2009, Podgorica, pp. 128-131).
  15. "The relationship between the level of education and the professional-scientific advancement of the operational managers in the successful management of the sports clubs". (FIRST INTERNATIONAL SCIENTIFIC CONFERENCE, RESEARCH IN PHYSICAL EDUCATION, SPORT, AND HEALTH, Ohrid, 30-31 May 2014, pp. 353-358).
  16. "Determining the factor structure of the basketball club organizational setting subjective evaluation scale". (FIRST INTERNATIONAL SCIENTIFIC  CONFERENCE, RESEARCH IN PHYSICAL EDUCATION, SPORT, AND HEALTH, , Ohrid, 30-31 May 2014, pp. 463-468).
  17. "The connection between the education of the top managers with the ability to successful manage the sport clubs ". (Research in kinesiology, No. 1 , 2015, pp.11-15).

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?