проф. д-р Нада Петрушева Факултет за економски науки

  • Образование:
  • Предмети:

Научна област: Финансии

Службен е-маил: natka.petrusheva@fon.edu.mk

Биографски податоци:

Нада Петрушева е родена на 30 ноември 1977 година во Гевгелија. На Економскиот факултет во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се запишала во учебната 1996/97 година, како редовен студент на смерот надворешна трговија, а во март 2001 година ја одбранила дипломската работа. Како апсолвент на Економскиот факултет преку AIESEC остварала тримесечен престој и практична работа во реномираната американска кредитна рејтинг агенција Dun&Bradstreet, во нејзината филијала во Тунис, каде имала можност да се здобие со практично искуство во областа на одредување на кредитен рејтинг на претпријатие.

            Почнувајќи од 2001 година се вработила во Стопанската комората на РМ, каде работното место и дало можност да присуствува на бројни регионални и меѓународни конференции, а имала учество и во неколку проекти реализирани во Македонија и во земјите од регионот.

Веднаш по дипломирањето, во 2001 година ги запишала постдипломските студии на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2003 година го пријавила магистерскиот труд, а одбраната ја имала на 15.10.2004 година кога се здобива со звање магистер по економски науки.

Паралелно со постдипломските студии, во учебната 2002/03 година била студент на Академијата на Dun&Bradstreet во Лондон, каде по една година се стекнала со специјализација од областа на кредитните рејтинзи и со Диплома за авторизиран аналитичар за одредување на кредитен рејтинг на претпријатие. Во текот на 2005 година била студент на Европската Академија, организирана од Стопанската комора на Словенија и Британската Амбасада во Љубљана, каде со завршниот испит добива Сертификат за специјализација од областа на правото на ЕУ.

На 22.04.2005 година го има изборот за асистент по предметот Меѓународен транспорт, шпедиција и осигурување на Економскиот факултет во Скопје, УКИM, каде во период од девет месеци асистира на предметниот наставник.

Од 15.09.2005 година го има изборот за асистент на ФОН Универзитетот, на предмети од областа на финансиите и осигурувањето.

Во 2006 година на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја пријави докторската дисертација со наслов „Осигурување на извозни кредити и нивно финансирање“, а јавната одбрана на трудот ја имаше на 11 март 2009 година, кога и се здоби со звањето Доктор на Економски науки.

На 12.05.2009 година Д-р Нада Петрушева го има изборот во наставно-научно звање Доцент од областа на финансии, a на 12.05.2014 година го стекна звањето Вонреден професор од областа на финансии на Економскиот факултет при ФОН Универзитетот.

Петрушева од ННС на Еконосмкиот Факултет е именувана за претседател на Комисијата за признавање на испити на студенти што прават трансфер на Факултетот за економски науки на Универзитетот ФОН, а е член и во други органи и комисии.

Ментор е за изработка на специјалистички и магистерски трудови, претседател и член на комисии за оцена и одбрана на истите.

Како ментор учествувала во подготовката на студентите од Проектот „Фабрика на знаење“ во годините 2010/2011 со компанијата Везе Шари -  Тетово, 2011/2012 со Комерцијална Банка АД Скопје, 2012/2013 со Халк Банка АД Скопје, 2013/2014 со Медиа Принт Македонија Скопје и 2014/2015 со Парк Резиденс Скопје.

Објавени научни трудови:

Објавена книга (учебник):  Економика на осигурување, Фон Универзитет – Скопје, 2011 година, ISBN 978-608-4506-29-4, во коавторство со проф. д-р Александар Николовски

Има учество на повеќе научни конференциии, а во продолжение е даден список на позначајните научни трудови од економската област:

  1. Determination of the height of the damage and compensation for the damage in credit insurance, The II International Scientific Conference 2014 (Knowledge – Capital of the future), Knowledge management institute – Skopje, Institute of social, political and juridical research – UKIM Skopje, Faculty of Management, MIT University Skopje, 21-23 May 2014, Ohrid. (ISSN 1857-923X) - Nada Petrusheva Ph.D, Aleksandar Nikolovski Ph.D
  2. Determination of the height of the damage and compensation for the damage in credit insurance, JPMNT – Journal of Process Management – New Technologies, International, ISSN: 2334-7449 (Online), Special Edition, May 2014 (pp.217-222)
  3. Analysis of the credit risks and determination of credit ratings before the decision for financing and insurance of export credits, The II International Scientific Conference 2014 (Knowledge – Capital of the future), Knowledge management institute – Skopje, Institute of social, political and juridical research – UKIM Skopje, Faculty of Management, MIT University Skopje, 21-23 May 2014, Ohrid. (ISSN 1857-923X)  - Nada Petrusheva Ph.D, Ivica Smilkovski Ph.D, Valdrina Fetai MSc.
  4. Analysis of the credit risks and determination of credit ratings before the decision for financing and insurance of export credits, JPMNT – Journal of Process Management – New Technologies, International, ISSN: 2334-7449 (Online), Special Edition, May 2014 (pp.207-212)
  5. Export credit agencies as supporters of economic activity through provision of funding and insurance of export, The 6th International Scientific Conference “Economy and Politics”, Higher Educational Instituton for Applied studies of Entrepreneurship – Belgrade, Institute for political studies – Belgrade, Centre for Industrial Relations – Belgrade, Banja Luka College – Banja Luka, 6th June 2014, Belgrade. (ISBN 978-86-86707-60-4) - Nada Petrusheva Ph.D, Aleksandar Nikolovski Ph.D, Mirko Tripunoski Ph.D (pp. 97-108)
  6. Export credit agencies in industrialized countries, developing countries and countries in transition, VISIONE no. 22, - Nada Petrusheva Ph.D
  7. Macedonian economy in terms of foreign investments and their benefits, The Third International Scientific Congress-Biennale ICON BEST 2013, University of Tourism and Management Skopje, 5th October, 2013, Skopje. (electronic ISSN:1857-6982, print ISSN:1857-6974), - Nada Petrusheva Ph.D
  8. Foreign investments as development factor for overcoming economic stagnation in the Republic of Macedonia, The III International Scientific Conference EDASOL 2013 (Economic development and standard of living), The Pan-European University „Apeiron“ Banja Luka, 25 October 2013, The Book of abstracts, ISBN 978-99955-91-25-0
  9. Foreign investments as development factor for overcoming economic stagnation in the Republic of Macedonia (pp.245-258) EMC Review – Economy and Market Communication Review, Vol.3, No.2, December 2013, ISSN 2232-8823 (Print); ISSN 2232-9633 (Online)
  10. Credit Rating Agencies and moral values in the evaluation of credit risks, The 5th International Scientific Conference “Moral effects of economy and economic effects of morality”, Proceedings, Belgrade, 14 June 2013, ISBN 978-86-86707-58-1 
  11. Insuring and financing of export credits in the Republic of Macedonia, The 3rd International Conference “Law, economy and management in modern ambiance” LEMIMA 2013, Proceedings Volume 2, ALFA University Belgrade and Faculty for Education of the Executives Novi Sad, Serbia, 18-20 April 2013, ISBN 978-86-87333-31-4
  12. Contemporary capitalism and corporate governance of joint stock companies, The 3rd International Scientific Conference „Capitalism in transition“, Proceedings, Higher Educational Institution for applied studies of Entrepreneurship, Belgrade, June 2012, ISBN 978-86-86707-53-6
  13. Regional development of the Southeastern European countries with a retrospect of the situation in the Republic of Macedonia, II International scientific conference CCEDEP (Climate change, economic development, environment and people conference), University of Preshov, Slovak Republic, 12-13 September 2012
  14. Economical measures for the reduction of poverty and social exclusion – some aspects of the situation in the Republic of Macedonia, The II International Scientific Conference EDASOL 2012 (Economic development and standard of living), Book of Proceedings, The Pan-European University „Apeiron“ Banja Luka, 12-13 October 2012
  15. Economical measures for decrease of unemployment and poverty in the Republic of Macedonia, International Scientific Conference „Migration and labour market“, Conference Proceedings, University St. Kliment Ohridski – Bitola, Faculty of Economics – Prilep, Krushevo, 19-20 October 2012
  16. Осигурување на меѓународни трансакции, Годишник на ФОН Универзитетот, 2008/2009 година
  17. Студија за корпоративната општествена одговорност во Македонија -  2007 год., UNDP (дел од истражувачкиот тим на проектот на UNDP)
  18. Македонската економија и интеграцијата на Републиката во ЕУ, Научен собир организиран од ФОН Универзитетот и Институтот за социолошки и политички науки, Зборник на трудови „Република Македонија на патот кон НАТО и ЕУ – состојби и перспективи“, Скопје 2007 година
  19. Проценка на кредитните ризици пред донесување одлука за осигурување на извозни работи - Зборник на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ - Скопје, 2006 година
  20. Македонската економија, изборите и нивното влијание врз стопанството, Зборник на трудови „Парламентарните избори 2006 и македонските аспирации за членство во ЕУ и НАТО“, ФОН Универзитет, Скопје 2006 година
  21. Стратешки план на Стопанска комора на Македонија во процесот на приближување кон ЕУ, Публикација на Стопанска комора на Словенија, 2006 година
  22. Кредитна анализа на претпријатие, Dun & Bradsteet Review, UK 2004

Учество на меѓународни и домашни обуки и усовршувања:

Во 2002 година:  EMC Correspondent Diploma - Dun & Bradstreet, London UK (LDL)

            September 2002: Modul One: Export Credit

            October 2002: Modul Two: Data sources

            November 2002: Modul Three: Export Credit Insurance

            December 2002: Modul Four: Line of business

            January 2003: Modul Five: Legal forms, capital and structures shares

            February 2003: Modul Six: DUNS numbering & linkage

            March 2003: Modul Seven: Getting paid

            April 2003: Modul Eight: Balance Sheets and Profit & Loss Accounts

            May 2003: Modul Nine: Financial Ratios & Trend

            June 2003: Modul Ten: Credit rating, credit appraisal, credit conclusion

Во 2003 година:

            - Тесалија, Грција - Проект за социо-економски развој од поголем размер – Подготовка на план за регионален развој на пограничниот регион, во организација на Европската агенција за реконструкција и Министерството за финансии на Република Македонија.

- Софија, Република Бугарија – Проект на ABC/DIHK (Асоцијација на балкански комори и Унија на германски трговско-индустриски комори) на тема: Градење на индустриски кластери.

Во 2004 година:

- Белград, Србија – Проект “Партнерс” на тема: Интра-регионална трговија и соработка на земјите од Југоисточна Европа, во организација на Eurochambres – Асоцијација на европските комори за трговија и индустрија.

- Скопје, Партнерски проект на Асоцијацијата на балкански комори (ABC) и Унијата на трговски и индустриски комори на Германија (DIHK), на тема: Меѓународни увозно-извозни договори.

Во 2005 година:

Проект: Европска Академија за вработените од коморите од Западен Балкан, во организација на Стопанска комора на Словенија и Британската Амбасада во Љубљана.

            - Блед, Словенија – Модул 1: Слободно движење на стоки, луѓе и капитал

            - Сараево, Босна и Херцеговина – Модул 2: Даноците во ЕУ

            - Вршац, Србија – Модул 3: Заедничка трговска политика на ЕУ

            - Јахорина, Босна и Херцеговина - Модул 4: Информатичко општество

            - Рисан, Црна Гора – Модул 5: Царинска унија и царински процедури

            - Љубљана, Словенија - Модул 6: Заштита на потрошувачите во ЕУ

            - Белград, Србија - Модул 7: Проектен менаџмент

            - Порторож, Словенија - Модул 8: Подготовка на буџет на ЕУ проекти

Во 2007 година:

            Проект: Корпоративна општествена одговорност (Baseline Study on Corporate Social Responsibility in Macedonia) - UNDP


Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?