проф. д-р Баки Колеци Факултет за економски науки

  • Образование:
  • Предмети:

Научна област: Маркетинг менаџмент

Службен е-маил: baki.koleci@fon.edu.mk

Кратка биографија

Проф. д-р Баки Колеци е роден на 11.05.1957 во Дебар. Основното и средното образование ги завршил во Дебар, додека во 1991 година заврши економски факултет во Приштина.

По завршување на средното училиште  Гимназија Здравко Чочковски во Дебар (1976), школувањето го продолжи во Приштина. На Факултетот за Економски Науки во Приштина е запишан на 1985/86, дипломирал на 1991 година.

На Земјоделскиот Универзитет, насока на агробизнисот и претпријатиата, каде во 2003 година со успех  ја одбранил темата „ Сосотојбата и перспективите на развојот на семејствените претпријатие во Македонија„ и со здоби со звање Магистер на економски науки.

На Институтот за Социолошки, Правно-Политички Истражувања при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј„, на 22.09.2006 година ја пријавил докторската дизертација под наслов „Менаџмент на надворештно-трговската размена на Македонија, Албанија и Косово„, и со тоа се стекнал со научното звање „Доктор по менаџмент„.

 

Работна кариера

Од 1981 до 1984 работил како економист во трговското претпријатие „Дарданиа„ во Приштина. Потоа од 1984 па до 1991 година како раководител на секторот за финансии во претпријатието  „Дарданиа комерц„ во Приштина. Од 1992-1999 година бил директор во приватното трговско претпријатиа „Ќендрими„ во Ѓаковица.

Од 2001 година бил директор на Поштата во Дебар, а од 2002- до 2003 година бил директор на Пошта за Дебар, Струга и Охрид, а потоа до 2006 година бил директор на Поштата во Дебар.

 

Универзитетска работна кариера

Од 2002 година бил педагог на Тетовскиот Универзитет, а воедно бил и професор по предметите „Јавни финансии „ и „Деловно планирање„.

 Од академската  2006/07 година бил декан на Универзитетот за Организациски Науки „Пјетер Буди„ во Приштина, каде во соработка со универзитетот „Свети Климент Охридски„ бил избран како професор за предметите Основи на економија и Јавни финансии.

Од 2007 година до 2010 е ангажиран како професор по предметите Основи на економија,Основи на маркетинг, Основи на менаџмент,Претприемништво, а бил и продекан на Факултетот за Економски Науки при ФОН Универзитет.

Од академската година 2008/09 е ангажиран на последипломските студии при Државен Тетовски Универзитет на предметот по Стратешки менаџмент, Спортски маркетинг.

Во 2009 година е ангажиран  и во Универзитетот ААБ во Приштина по предметите „Основи на економија„ и „Основи на менаџмент„.

Од 1 октомври 2008 година до ден денес е во редовен работен однос на Факултетот за економски науки при Универзитетот ФОН, ангажиран на  следните предмети „Основи на економија„, „Основи на маркетинг„, „Основи на менаџмент, Економика на претпријатие, Претпримеништво и Менаџмент информациони системи.

Во академската година 2007/08 до денес е ангажиран и на последипломските студии прии Универзитетот ФОН по предметите „Маркетинг менаџмент„ и „Маркетинг логистика„ и „Производен менаџмент„.

 

Научна активност

Досега ги има објавено следните книги

  1. „Основи на економија„ (книга, ФОН Универзитет, 2008 година Скопје.).
  2. „Основи на економија„ (Универзитет „Пјетер Буди„-Приштина, 2008 година).
  3. „Основи на менаџмент„ (ФОН Универзитет, 2009 година, Скопје).
  4. „Основи на менаџмент„ (Универзитет ААБ, Приштина, 2009 година).

Стручни научни трудови

  1. „Не треба да се потценува потенциалниот ризик„ за Р.Македонија (ЗАМАН, 2008 година, Скопје.
  2. Изгубени во економскиот развој (КОХА; Скопје, 27 август, 2009 година).
  3. „Економски раст од само 1 %„ (КОХА; СКопје, 2010 година).
  4. „Порастот на цените влијае на семејните односи„ (КОХА, 2008 година, Скопје).
  5. „Странскиот капитал влијае на внатрешната политика„ (ЛАЈМ, Скопје, 2005 година).
  6. „Приватни инвестиции„ (ФАКТИ, Скопје 2004 година).
  7. „Во услови на жестока конкуренција„ (ФАКТИ, Скопје, 2004 година).

Учество на меѓународни конференции

  • Царините на Косово и како до нови перспективи, конференција, Приштина, Р.Косово, 2006 година.
  • Зачленување на земјата во СТО во функција на менаџментот на извозот и развојот на Р.Македонија, конференција, Охрид, 2007 година.
  • 6 th Research/expert Conference with Internacional Participation Quality in High Education Asociacija za kvalitet u Bosni i Hercegovini QUALITY 2009 June 04-07.2009 Neum B i H. (Конференција „Квалитетот во високото образование„ Босна, 2009 година.
  • 13 th INTERNATIONAL RESARCH /EXPERT CONFERENCE TMT 2009 Information system in supporting the management of produktion intheenterprise ,,Silcapor’’,,Trends in the development of machinery and associated technology 16-21 october  Tunisia 2009. (Конференција, „Информационите системи во поддршка на менаџментот и продуктот, Тунизија, 2009 година.)

                      -BUSINESS RESEARCH YEARBOOK Balancing Profitability and Sustainability Shaping the Future of Business VOLUME XVIII 2011 NUMBER 2 University of Texas at San Antonio All rights reserved Printed in the United States of America Co-published by arrangement with The International Academy of Business Disciplines ISBN 1-889754-16-1 одржан на ден 7-9 април 2011 година на тема: The first Two years of Idependence in Kosovo: Relationships Between Political systems and Business Enterprises. Страна 384 до 391. New Orlenas Louisiana.

                  -  Department of Accountaancy, Kavala institute of techology 2nd International conference EBEEC 2010 Kavala,  Greece may 7-9,2010 the Economies of Balkan and Eastern Europe countries in the changed world ,,Information systems in the insurance company’’

                   -Научен труд на тема “Окружувањето како важен фактор во управувањето со подобрувањето на туризмот во Косово”, Меѓународната заедничка светска Конференција за културен туризам, Хангжу, Кина, 12-14 ноември 2010 година, веб сајт линк: www.kasct.co.kr/eng/ 11th % 20 Conference % 20 Program (Final).pdf


Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?