доц. д-р Самир Салиевски Факултет за детективи и безбедност

  • Образование:
  • Предмети:

e-mail: samir.salievski@.fon.edu.mk

Вид на образование, насока на завршено образование:

  • Завршува основно образование во о.у. “Григор Прличев”–Охрид во 1998 год.
  • Завршува средно образование во У.С.О. “Св. Климент Охридски”-Охрид во 2002 год.
  • Дипломира на Правниот факултет “Јустинијан Први” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”-Скопје во 2006 година;
  • Магистрира на Факултетот за правни науки при “Прв приватен ФОН-Универзитет”–Скопје на ден 07.07.2010 година на тема “Заедничка казнена политика во законодавствата на државите членки на ЕУ и заедничка соработка во борбата против меѓународниот тероризам”, под менторство на проф. д-р Стојмен Михајловски;
  • Јавно го одбрани трудот на докторската дисертација на тема “Доказна вредност на увидот во казнената постапка” на ден 14.09.2017 година на Правниот Факултет “Јустинијан Први” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”-Скопје под менторство на проф. д-р Гордана Бужаровска-Лажетиќ.

Работно искуство:

  • Од 18. 10. 2006. година е ангажирана како демонстратор на Факултетот за правни науки при Фон Универзитетот на изведување на вежби по предметите Социологија на право, Уставно право, Финансово право, Административно право, Вовед во криминалистика, Криминалистичка техника, Криминологија .
  • Со одлука на наставо-научниот совет на Факултетот за правни науки при Фон Универзитетот во јуни 2007 година е избран како помлад асистент во областа на уставното право, и од тогаш е во редовен работен однос на Универзитетот.
  • Со одлука на наставно-научниот совет на Факултетот за правни науки при Фон Универзитетот во 2011 година е избран во соработничко звање асистент од областа на правните дисциплини. Изведува вежби по предметите Социологија на право, Уставно право, Граѓанско право, Стварно право, Административно право, Семејно и наследно право, Облигационо право, Организиран криминал, Вовед во криминалистика, Криминологија, Малолетничка деликвенција, Социјална патологија, Криминалистичка техника и по други предмети од наставните програми на Факултет за правни науки и Факултетот за детективи и безбедност при Универзитетот.
  • За време на ангажманот на Факултетот за правни науки при Фон Универзитетот   во периодот од 2008 до 2016 година е и професор во Приватното средно училиште “5-та приватна гимназија” каде со успех ги предава предметите: Социологија, Конституционо уредување, Основи на право Право, Граѓанско образование. Исто такa е вклучена во мноштвото проекти на ниво на Универзитетот.
  • Со одлука на Наставно-научниот совет на Факултетот за детективи и безбедност во рамките на ФОН Универзитет на седница одржана на 22.05.2018 год. едногласно е избран во наставно звање Доцент од областа на казнено-процесно право и криминалистика.
  • Активно се служи со англискиот и српскиот јазик, а има познавања и од германскиот јазик. Одлично се служи со оперативните програми од Microsoft Office апликативниот пакет. Досега посетувал и обуки за пишување на правни документи.

Учество на меѓународни научни конференции, собири и семинари меѓу који:

  • XIII th International conference “The teacher of the future” 26-28 May 2017 Budva, Montenegro;
  • Четврта меѓународна научна конференција “Општествените промени во глобалниот свет”, Универзитет “Гоце Делчев”-Штип 06-07 Септември 2017
  • XIV th International conference “The power of knowledge” 29.09.-01.10. 2017, Agia Triada, Thessaloniki, Greece

Автор/коавтор на следниве научни и стручни трудови објавени   во земјава и во странство:

  • Temelko Risteski, Samir Salievski, Tanja Popova, Vesna Sijic, Special administrative procedures for the protection of the right to fridom of expression, XIII th International conference “The teacher of the future” 26-28 May 2017 Budva, Montenegro;
  • Samir Salievski, International cooperation in the fight against terrorism, Visions-international social sciences magazine, number 28, 25 July 2017;
  • Методија Ангелески, Самир Салиевски, Застапеноста на криминалистиката на правните факултети во Република Македонија, Четврта меѓународна научна конференција “Општествените промени во глобалниот свет”, Универзитет “Гоце Делчев”-Штип 06-07 Септември 2017;
  •  Самир Салиевски, Corporate crime, XIV th International conference “The power of knowledge” 29.09.-01.10. 2017, Agia Triada, Thessaloniki, Greece.
  • Samir Salievski, The Rights of the suspect and role of defence in the previous procedure, Visions-international social sciences magazine, number 29, Fevruar, 2017;

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?