проф. д-р Татјана Велкова Факултет за детективи и безбедност

  • Образование:
  • Предмети:

Научна област: кривично право и криминологија

Службен емаил: tatjana.velkova@fon.edu.mk

Кратка биографија:

Проф. д-р Татјана Велкова е родена 1963 год. во Куманово, каде се стекнува со основно и гимназиско образование со континуирано одличен успех по сите наставни предмети. Учествува на повеќе општински, републички и сојузни натпревари по странски јазици, одбрана и заштита, историја, млади техничари и природњаци и стрелаштво, на кои постигнува солидни резултати (повеќе први, втори и трети места на општински, републички и сојузни натпревари).

На Факултетот за безбедност при УКИМ студира во периодот 1981-1985 година и дипломира со просечен успех од 9,78, со што се стекнува со звањето дипломиран правник- насока безбедност. Како најдобар студент во дваесетипетгодишното постоење на овој факултет, станува добитник на пофалница и повелба на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Најзабележителна општествена активност на проф. Велкова во овој период е членувањето во Аеро клубот “Доне Божинов” во Куменово, кога завршува обуки за пилот на едрилица и за спортски моторен пилот и се стекнува со спортски дозволи за управување со едрилица и со моторен авион. Школото за резервни офицери на воздухопловството го завршува во првата класа за резервни офицери жени во Задар во 1984 год. и активно се занимава со спортско летање до 1988 година.       

Во периодот 1985-2004-тата година работи во СВР Куманово како приправник и самостоен инспектор, во СВР Штип како аналитичар, самостоен аналитичар и началник на одделението за аналитика и документација и во МВР на РМ како началник на одделението за европска интеграција во Секторот за меѓународна соработка и европска интеграција. Во 2004-тата година преминува на работа во Полициската академија во рамките на УКЛО Битола, како асистент по предметот криминологија.

Напоредно со професионалната работа во органите на МВР на РМ, проф. Велкова се надградува и на научно-теориски план. Во 1995-тата година, проф. Велкова магистрира на Правниот факултет “Јустинијан Први”во Скопје, со одбраната на магистерскиот труд на тема Повторот кај малолетните сторители на кривични дела, со што се стекнува со звањето магистер на науки во областа на кривичното право и криминологија.

Во 2005-тата година, проф. Велкова го брани докторскиот труд под наслов Феноменологија на малолетничкиот криминалитет во Република Македонија во периодот 1981-2000 година, на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје, со што се здобива со научното звање доктор на правни науки во областа на кривичното право и криминологија.

Во наставно-научното звање доцент на Факултетот за детективи и безбедност  е избрана во февруари 2006-тата година, а во вонреден професор во 2010-тата година. За в.д. декан на овој факултет е именувана со одлука од 30. 10. 2014-та година. На матичниот, Факултет за детективи и безбедност и на Факултетот за правни науки на ФОН Универзитетот, проф. Велкова предава криминологија, социјална патологија, малолетничка делинквенција, малолетничко казнено право, превенција на криминалитетот, еколошка криминалистика и методика за истражување на организираниот криминалитет.

Проф. д-р Велкова е член на Извршниот одбор на Здружението за казнено право и криминологија на Република Македонија од септември 2005-тата година и активно партиципира во проектите на ова здружение.

Проекти:

  • Хармонизација на законодавството на РМ со ЕУ,
  • Интегрирано гранично управување
  • Закон за малолетничка правда
  • Модули на Европска асоцијација на полициски колеџи со МВР на РМ
  • Истражување на повторот кај малолетните сторители на кривични дела
  • Истражување на малолетничкиот криминалитет во Република Македонија
  • Превенција на малолетничката деликвенција на подрачјето на Штип и Карбинци

 

Научни и стручни трудови: ​

            Проф. д-р Татјана Велкова има објавено вкупно 54 трудови (хронолошки долунаведени) во домашни и меѓународни научни и стручни списанија и зборници, од кои 5 научни монографии, 5 есеи, превод, прикази, осврти и други трудови и 44 научни и стручни трудови во областа на казненото право и криминологија:

М-р Татјана ВЕЛКОВА - За потребите од дефинирање и воведување нови поими и методи при следење на повторот кај малолетните сторители на кривични дела, Безбедност, бр.1-2, Скопје јуни 1996 год.;

            М-р Татјана ВЕЛКОВА - Кризата на вредностите и организираниот криминалитет, Безбедност бр.3, Скопје септември 1996 год.;  

            М-р Татјана ВЕЛКОВА - Темната бројка на криминалитетот од М-р Слаѓана Тасева, Безбедност бр.4, Скопје декември 1996 год.;

            М-р Татјана ВЕЛКОВА - Полицијата како регулатор на криминалитетот, Безбедност бр.4, Скопје декември 1997 год.;

            М-р Татјана ВЕЛКОВА - Полициско образование и остручување наспроти интерни и екстерни професионални импровизации, Годишник на Факултетот за безбедност, Скопје 1998, исто и Безбедност бр.1 -2, Скопје јануари-јуни1998;

            М-р Татјана ВЕЛКОВА - Извадоци од романот “Мравки” од Борис Вијан,  превод од француски јазик, СУМ , Центар за културна иницијатива Штип, зима/есен 1996/97 год.;

            М-р Татјана ВЕЛКОВА - Скица на проект за истражување на организираниот криминалитет, Безбедност бр.4, Скопје декември 1998 год.;

            М-р Татјана ВЕЛКОВА - Визијата на Етшегуајен за спречување на корупцијата, Безбедност бр.1-2, Скопје јануари-јуни 1999 год.;

            М-р Татјана ВЕЛКОВА - Повторот кај малолетните сторители на кривични дела, 2-ри Август-С. Штип 1999 год.;

            М-р Татјана ВЕЛКОВА - Превенција на малолетничката делинквенција, во  прилог на Акциониот план за превенција, Совет за превентива на малолетничка делинквенција, Кавадарци 2000 год., исто и Безбедност бр.4, Скопје декември 1999 год.;

            М-р Татјана ВЕЛКОВА - Расчеречена надеж, есеј на тема насилство над жената, Lettre international бр.18, НИП Ѓурѓа, Скопје 2000 год.;

            М-р Татјана ВЕЛКОВА - Положбата и третманот на малолетните сторители  на кривични дела во полициската постапка на расветлување, документирање и пријавување, Материјали од советување организирано од УНИЦЕФ на тема Малолетничко правосудство, Охрид 02-06 Октомври 2000-та год.;     

            М-р Татјана ВЕЛКОВА - Полициски оперативно-тактички средства и методи наспроти организираниот криминалитет, Материјали за V советување на Здружението за кривично право и криминологија, Ревија за казнено право и криминологија, Охрид 2000 год.;

            М-р Татјана ВЕЛКОВА - Безбедносна култура и воспитување, Воспитание, списание за теорија и практика на Педагошкиот факултет “ Гоце Делчев “ Штип, год.втора, бр.3, Штип 2002 год.;

            М-р Татјана ВЕЛКОВА  - Студирање и престој облагородени со ентузијазам, одговорност и верба, Монографија во чест на 25-годишнината на факултетот за безбедност, Скопје 2002 год.;

            М-р Татјана ВЕЛКОВА -  Слово во чест на драгиот професор  Јордан Спасески, Монографија во чест на 70 години од живот на професорот Јордан Спасески,   Живот исполнет со хуманизам приредена од Пеце Аслимоски, Полициска академија, Скопје  2003;

            М-р Татјана ВЕЛКОВА - Казнена или воспитно-ресоцијализирачка политика кон малолетните сторители на кривични дела, Македонска ревија за казнено право и криминологија, Материјали за VI советување на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија,  Охрид 2005;

            Доц. д-р Татјана ВЕЛКОВА - За реалацијата криминологија - полициска деонтологија, Годишник на Полициска академија, Полициска академија, Скопје 2005/2006;

            Доц. д-р Татјана ВЕЛКОВА - Малолетничката правда и средствата за јавно информирање, Зборник на трудови Комуникации -  медиуми - македонска транзиција, Европски универзитет Р. Македонија, Скопје 2006 год.;

            Доц. д-р  Татјана ВЕЛКОВА - Феноменологијата на малолетничкиот криминалитет во Република Македонија во периодот 1981-2000 година, 2-ри Август С,  Штип 2006 год.;

Доц.  д-р  Татјана ВЕЛКОВА - Од казненоправни одредби до практична имплементација, Македонска ревија за казнено право и криминологија, Седмо редовно советување на Здружението за казнено право и криминологија на тема 10 години од примената на Кривичниот законик на Република Македонија, Охрид,  септември 2006 год.;

            Доц. д-р. Татјана ВЕЛКОВА - Катастар на животна средина, Самостојна научноистражувачка институција Никодиновски, Скопје 2006.

Доц. д-р Татјана ВЕЛКОВА - Казненоправна заштита на изборите и  гласањето,  Европски универзитет  Р Македонија, Скопје, јуни 2006.

Доц. д-р Татјана ВЕЛКОВА  - За релацијата општество-малолетен сторител на кривично дело, Правни живот, Копаоник 2006.

Доц. д-р Татјана ВЕЛКОВА - Авторизиран труд за докторска дисертација, Правен Факултет “Јустинијан Први”, Универзитет Св. Кирил и  Методиј, Скопје 2007.

Доц. д-р Татјана ВЕЛКОВА - Еколошко право, авторизирани предавања, Прв приватен универзитет ФОН, Скопје 2007.

Доц. д-р Татјана ВЕЛКОВА - Феноменолошки карактеристики на малолетничкиот криминалитет- Полициска академија, Скопје 2007.

Доц. д-р Татјана ВЕЛКОВА - Правда и внатрешни работи во процесот на евроинтегрирање, Зброник на трудови од научен собир, Прв приватен универзитет ФОН, Скопје  2007.

Доц. д-р Татјана ВЕЛКОВА - Законот за малолетничката правда во вкупните реформи на казненото процесно право, Македонска ревија за казнено право и криминологија бр.2/2007, Осмо редовно советување на Здружението за казнено право и криминологија на тема 10 години примена на Законот за кривична постапка, Охрид,  септември 2007.

Доц. д-р Татјана ВЕЛКОВА - Во пресрет на донесувањето на Законот за малолетничка правда, Правни живот, Копаоник 2007.    

Доц. д-р Татјана ВЕЛКОВА - Процедурален дискурс или илузија за одот, Зборник во чест на професорот Панта Марина, Правен Факултет „Јустинијан Први”, Скопје 2007.

Доц. д-р Татјана Велкова - Бранителот и малолетничката правда, Адвокатура  бр.1/2008, Скопје 2008.

Академик Владо КАМБОВСКИ, доц. д-р Татјана ВЕЛКОВА – Малолетничка правда – Документи на ОН – Закон за малолетничка правда, Со коментари, 2-ри Август С, Скопје 2008.

Доц. д-р Татјана ВЕЛКОВА – За (не) ефикасноста на новото малолетничко законодавство, Македонска ревија за казнено право и криминологија бр.2-3/2008, Девето  редовно советување на Здружението за казнено право и криминологија, Охрид,  септември 2008.                                        

Доц. д-р Татјана Велкова – Малолетнички криминалитет као масовна појава у Републици Македонији- Правни живот, Копаоник 2008.

Доц. д-р Татјана Велкова – Личноста на малолетниот деликвент и неговата одбрана-Адвокатура, Скопје декември 2008.

Доц. д-р Татјана Велкова – Дигитален еко катастар- Самостојна научноистражувачка институција Никодиновски, Скопје 2007/2008.

            Доц. д-р Татјана ВЕЛКОВА, Вовед во криминологијата (авторизирани предавања), 2-ри АвгустС, Штип 2009..

            Доц. д-р Татјана ВЕЛКОВА,  Мисијата на криминологијата и криминолозите во совремието, Годишник на ФОН Универзитетот, Скопје 2009.

Доц. д-р Татјана ВЕЛКОВА, Приказ на: Малолетничка правда – Документи на Обединетите нации, Закон за малолетничка правда (Со коментари) од авторите академик Владо Камбовски, доц. д-р Татјана Велкова во издание на 2-ри Август С, Штип 2008, Македонска ревија за казнено право и криминологија бр.1/2009, Скопје 2009.

Доц. д-р Татјана ВЕЛКОВА, Имплементација на насоките на ИНСПИРЕ директивата во катастарот за животна средина и другите евиденции во функција на казненоправната заштита на животната средина во Република Македонија,  Скопје 2009.

            Доц. д-р Татјана ВЕЛКОВА, Економскиот, поточно организираниот криминалитет во сте               , чајните постапки, Македонска ревија за казнено право и криминологија бр.2/2009, Скопје 2009. (10-то редовно советување на ЗКПК).

Доц. д-р Татјана ВЕЛКОВА, Социопатолошките појави како криминоген фактор, Адвокатура бр. 1/2010, Скопје 2010.

Проф. д-р Татјана ВЕЛКОВА, Малолетни сторители на прекршоци и спроведување на Законот за малолетничка правда, Македонска ревија за казнено право и криминологија бр. 1-2/2010, Скопје 2010.

Проф. д-р Татјана ВЕЛКОВА, За примената на посебните истражни мерки, Зборник во чест на проф. Никола Матовски, Правен факултет Јустинијан Први, Скопје 2010.

            Prof. Magdalena Damjanovska, prof. Temelko Risteski, prof. Tatjana Velkova, Profesor as a leader in higher education and his ethical profile, Faculty of Organizational Sciences, XIII International simposium Zlatibor 2012, стр.560-567.  

            Prof. d-r Tatjana Velkova,  Efficient Restorative Justice Disfavoring Crime Calculation, International Scientific Conference- Archibald Reiss days III, Academy of Crimеnalistic    and Police Studies, Beograd, 2013.

            Проф. д-р Татјана ВЕЛКОВА, Семејно насилство – превенција и сузбивање, советување на ЗКПК, Македонска ревија за казнено право и криминологија бр. 1/2013, Скопје 2013.   

            Prof. d-r Tatjana Velkova, ass. м-r Sofka Hadzijevska, The Violence - An Element Of Criminality Or A Way Of Modern Living, 1-th International Scientific Forum, 12-14 December, Tirana 2013.

            Проф. Д-р Татјана Велкова, Казнената политика на Република Македонија помеѓу владеењето на правото и реалноста, Македонска ревија за казнено право и криминологија бр.1/2014, Здружение за кривично право и криминологија,  Редовно советување одржано во МАНУ, Скопје 04.06.2014.

Prof. d-r Tatjana Velkova, prof. d-r Vladimir Pivovarov, The Role of Information Sharing in the Prevention and Impediment of Organized Crime, International scientific conference A hundred years after the world war: security and Euro-Atlantic integration, Faculty of security,   03-05 June 2014, Faculty of security, Ohrid 2014.

Prof. d-r Tatjana Velkova, The Decanis of Penal-Lаw Reforms in Republic of Macedonia, Prevention and Repression of Crime and Legal safety, Center for Legal and Political Research. Faculty of Law, Goce Delchev University, Shtip 2014.

Проф. Татјана Велкова, За релацијата право-законитост-достоинство на носителите на полициските овластувања во актуелните негативни општествени состојби и процеси, Меѓ.конференција Во чест на Професорот Водинелиќ, Факултет за безбедност, Скопје, октомври 2014.

            Prof. d-r Tatjana Velkova, Applicable Criminology- a “Functional” Criminology with Tangible Results in the Fight against Crime, International Scientific Conference- Archibald Reiss days III, Academy of Crimеnalistic  and Police Studies, Beograd, 2015.

Проф. д-р Велкова работи на финалната верзија на својата шеста книга во областа на социјалната патологија, во коавторство со проф. Љупчо Арнаудовски.

Се служи со францускиот и англискиот јазик.


Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?