Запишување на зимски семестар 2016/2017 за втор циклус

Почитувани,

Следува ДЕТАЛНО соопштение за Вашите студии, ве молиме детално да го прочитате и да постапите по истото, со цел да се избегнат несакани последици.

Ве известуваме дека во периодот од 10 до 16 ноември 2016, студентите на втор циклус (4та и 5та година) на студии треба да поднесат семестрални листови и да извршат упис на зимски семестар 2016-2017.

1. Запишувањето на семестар се врши со семестрален лист на студентски прашања.

2. Доколку се уште не сте добиле електронски индекс (важи за ново запишаните студенти) треба веднаш да испратите маил на support@fon.mk со ваше Име и Презиме и матичен број за да може IT службата да ви го достави. 

3. Студентски прашања ќе работат од 08 до 18 часот секој ден од 10 до 16 ноември со цел да им се излезе во пресрет на вработените студенти.

4. Студентите кои минатата година биле 4та година на ФОН Универзитет а продолжуваат во 5та година, покрај горенаведените точки треба да ја следат и оваа процедура:

а) Најпрво треба да се јавите во сметководство за да се изврши контрола врз вашиот модел на плаќање

б) Да имате најмалку 30 освоени кредити за продолжување во 9ти семестар

в) Доколку не продолжувате во 5та година треба ВЕДНАШ да ја известите студентска служба да ви го променат статусот или пак преку email на info@fon.edu.mk или 02 2 44 55 03, мобилен/Viber 070 345 999

4. Распоредите се во фаза на објавување согласно интерните координации со деканите, на сајтот на ФОН Универзитет во делот распореди.

Студентите кои не го запазиле горенаведениот рок, ќе се сметаат како незапишани студенти на втор циклус на студии и нема да влезат во матична книга на студенти. 


Студентите треба да извршат контрола на своите финансии и лични податоци досие во електронскиот индекс и доколку имаат неточни или некомплетни податоци треба да ги известат студентски прашања или пак преку email на info@fon.edu.mk или 02 2 44 55 03, мобилен/Viber 070 345 999. Доколку имате дополнителни прашања може да се обратите на 02 2 44 55 03 или за финансии на 02 2 44 55 14 и 02 2 44 56 06

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?