Вонредна испитна декемвриска сесија

Почитувани студенти,

На барање на студентите, е одобрена дополнителна вонредна декемвриска испитна сесија.

СЕСИЈАТА НЕ ВАЖИ ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ СЕ ЗАПИШАНИ ВО 2016/2017 ПО ПРВ ПАТ, НА ПРВ И ВТОР ЦИКЛУС ВО АКАДЕМСКАТА 2016-2017.

СЕСИЈАТА ВАЖИ ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ КОИ СЕ ЗАПИШАНИ ВО ИЗМИНАТИТЕ ГОДИНИ И КОИ ИМААТ НЕПОЛОЖЕНИ ИСПИТИ ИЛИ ПАК ИМ ФАЛИ КРЕДИТ КАКО И ТРАНСФЕР СТУДЕНТИ КОИ ОВАА ГОДИНА ИЗВРШИЛЕ ТРАНСФЕР И ИМААТ ИСПИТИ ЗА ДОПОЛАГАЊЕ! НАПОМЕНУВАМЕ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИ Е ИСКЛУЧИВО ПРЕКУ ВАШИОТ ЕЛЕКТРОНСКИ ИНДЕКС!

ГИ ПОТСЕТУВАМЕ СТУДЕНТИТЕ КОИ НЕНАВРЕМЕНО ДИПЛОМИРАЛЕ НА ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ ДЕКА ДЕКЕМВРИСКАТА СЕСИЈА НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ КАКО УПИС ВО 4ТА ГОДИНА.

Декемвриската испитна сесија ќе се организира во периодот од 28 ноември заклучно со 8 декември 2016 год.

Уплата, логирање и пријавување на испит за декемвриската испитна сесија ќе се врши во периодот од 15 ноември до 25 ноември 2016 год.

Уплатата за испит изнесува 1510,00 ден. студентите со неподмирени долгови за школарина нема да имаат можност за полагање. Истото се однесува и на студентите кои немаат запишано тековен семестар. 

Напомена пријавувањето од оваа сесија е исклучиво преку вашиот електронски индекс: Упатство за користење имате на следниов ЛИНК

Уплатата за школарина, семестрални трошоци и испити се врши на посебни уплатници на жиро сметката на ФОН 300-000-003-207-729 Депонент Комерцијална Банка

Проверка на вашите финансии можете да извршите во службата за сметководство или на 02/ 2 44 55 14 или 02/2 44 56 06

Студентите се должни на испит да се упатат покрај електронската пријава во електронскот индекс и со хартиена пријава која може да ја подигнат на студентски прашања. 

Истовремено ве информираме, дека студентите се должни да ги погледнат своите електронски индекси и доколку имаат направено промена на телефонски број или адреса на живеење да ја достават промената на студентски прашања или info@fon.edu.mk

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?