Втор колоквиум за прв циклус на студии

Почитувани колеги,

Вториот колоквиум за прв циклус на студии ќе се одржи од 19 до 28 декември 2016.

Уплаќање за ратата за школарина како и за пријавување колоквиуми се врши од 11.12 до 19.12.2016.

Плаќањето за школарина (согласно вашиот договор за студирање) и колоквиумите се врши на ПП10 уплатница на следнава жиро сметка: 300-000-003-207-729 Депонент Комерцијална Банка На уплатницата е задолжително читко да биде испишано вашето име и презиме како и вашиот матичен број и точно објаснување дали уплаќате за колоквиум или рата за школарина. Колоквиум чини 460 денари

Откако ќе ги платите колоквиумите, истите ги пријавувате во електронскиот систем кој ќе биде отворен од 12 до 18.12.2016. Доколку не сте го подигнале вашиот електронски индекс за пријавување колоквиуми треба да се обратите на support@fon.mk 

Полагањето на колоквиумите ќе биде согласно распоредот кој ќе биде објавен на интернет страницата на ФОН во делот Распореди.

ПРЕПОРАКИ:

- Ве молиме да не чекате до последен датум односно 16 декември за уплата на ратите за школарина и колоквиуми. На банките понекогаш им се потребни неколку дена да ги реализираат финансиите и истите нема да бидат веднаш видливи во вашиот електронски индекс. Доколку не се видливи, вие не можете да пријавувате колоквиуми.

- Датумите за пријавување на колоквиуми во електронскиот систем се фиксни односно од 12 до 18 декември. Студентите по овој датум нема да може да пријават колоквиуми.

- Студентите кои не полагале прв колоквиум немаат право да полагаат втор колоквиум!

- Пред полагање студентите треба да подигнат хартиена пријава ЗА ИСПИТ како и тетратка за испит од фотокопир или студентски прашања и двете да ги понесат со себе за време на полагањето на колоквиумот.

- Информации за вашите финансии можете да добиете и телефонски на 02 2 44 55 14 или 02 2 44 56 06

-Студентите кои не запишале семестар или пак не платиле навремено нема да може да полагаат втор колоквиум!

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?