Известување за сите студенти и за февруарска испитна сесија

Студентите кои имаат последни или заостанати испити во оваа испитна сесија и се во фаза на диломирање/специјализирање/магистрирање, треба внимателно да постапат по соопштението, заради законските рамки на губење статус на апсолвент или студент.

Се известуваат сите активни студенти како и аплсовентите и останатите студенти дека Февруарската испитна сесија ќе се организира во периодот од 13.02.2017 заклучно со 26.02.2017 год. 

Пријавувањето на испитите преку електронскиот индекс ќе се врши од 01-12.02.2017

Заради зимскиот распуст, Консултација со предметните професори ќе може да се изврши од 6 до 10 февруари 2017. Или по емаил.

Се напоменува дека студентите кои нема да ги имаат подмирено своите заостанати трошоци и трошоци по однос на школарина нема да може да пријавуваат испити. Крајниот рок за уплати е 1 февруари 2017.

Уплатата за испит изнесува 630 денари за испит од тековен семестар односно 1510,00 денари за испити од претходни учебни години.

Уплатата за школарина, семестрални трошоци и испити се врши на посебни уплатници на жиро сметката на ФОН 300-000-003-207-729 Депонент Комерцијална Банка

Проверка на вашите финансии можете да извршите во службата за сметководство или на 02 2 44 55 14 или 02 2 44 56 06.

Се препорачува студентите да ги проверат своите податоци и финансиски информации во електронските индекси во периодот пред почеток на пријавувањето на испити.Доколку има неточни информации ве молиме да се обратите на студентски прашања или во финансии со цел истите да бидат корегирани. 

Редовните студенти кои не положиле на колоквиуми, треба да пријават испит во Февруарска сесија.

Студентите кои ја користат Февруарска испитна сесија за дипломирање, специјализирање или магистристрирање согласно законските рокови, треба да го организираат своето време заради консултации и комуникација со своите професори и ментори.

Студентите на кои им поминал апсолвентски/специјалистики/магистерски стаж, треба да се обратат до своите Декани заради продолжување на истиот доколу полагаат или пријавуваат испити пред сесијата. И да се обратат до студентски прашања. Потсетуваме дека заради зимскиот распуст се работи од 09 до 13 јануари. А се до 05 февруари се работи со скратно работно време и дежурства.
 

Ве потсетуваме дека пред испит треба да си подигнете хартиена пријава и тетратка за испит од униврзитетската копирница или студентски прашања.

Распоредите се објавени на Универзитетскиот сајт.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?