Патрон празник на ФОН Универзитет

Почитувани,

На 20 Март (Понеделник) Првиот Приватен Универзитет ФОН ќе го одбележи својот патрон празник – 14 години од основањето на Универзитетот со пригодна програма која е составена од три работни дела:

1.     Научна конференција на тема “Јубилејот на основањето на ЕУ – 60 години од потпишувањето на Договорот од Рим и Патот на РМ кон ЕУ“. На овој настан ќе учествуваат повеќе експерти, амбасадори на ЕУ во Скопје, гости од странство како и наши професори. Почеток во 11 часот во Амфитеатар 1, на ФОН Универзитет

2.     Свечена Академија во 19 часот на која ќе присуствуваат и Ректорите од другите Универзитети во Македонија и Дипломатскиот кор

3.     Забава “Ла Туна“ со почеток во 20 часот под покровителство на амбасадата на Кралството Шпанија во РМ, со богата програма од шпански мелос, гитари, танц и сл., проследено со богат коктел на шпански специјалитети и сангрија од страна на Амбасадата на Шпанија.

Ве покануваме да бидете дел од овие активности

Со почит,

Проф. д-р Нано Ружин, Ректор на ФОН Универзитет, Проф. д-р Лидија Горачинова Проректор, М-р Фијат Цаноски, основач на ФОН Универзитет, М-р Сефер Цаноски, потпретседател на УО, М-р Миранда Цаноска, Директор, Леон Бакрачески, Административен директор. 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?