Фотографирање за апсолвентско табло

Почитувани апсолвенти,

Ве известуваме дека фотографирањето за апсолвенстко табло ќе се одржи во просториите на  ФОН Универзитетот според следниов распоред:

Прва група – Факултет за правни науки, Факултет за применети странски јазици и Архитектонски факултет на ден 27.03.2017 г. од 09:00 до 16:00 часот.

Втора група – Факултет за економски науки, Факултет за политички науки и дипломатија и Факултет за спортски менаџмент на ден 28.03.2017 г. од 09:00 до 16:00 часот.

Трета група – Факултет за детективи и безбедност, Факултет за информатика и Факултет за дизајн и мултимедија на ден 29.03.2017 г. од 09:00 до 16:00 часот.

Цената на комплетот за фотографирање изнесува 1000 денари.

Во цената е вклучено:

  • 12 фотографии со формат 6х9см
  • 24 фотографии со формат 3,5х4,5см
  • 2 фотографии со формат 10х15см
  • 2 фотографии со формат 13х18см
  • 1 фотографија со формат 15х21см со диплома
  • 1 реплика од апсолвентското табло со формат 30х45см
  • ЦД со избраните фотографии од сите апсолвенти
  • Фотографирање и снимање на апсолвентската вечер
  • Снимен и монтиран HD материјал од апсолвентската вечер за преземање од интернет
  • Изработка на генерациско табло во соодветна големина за надворешно изложување. Истото ќе биде изработено за секој огранок на Универзитетот посебно.

Уплатата се врши во Сметководство (просторија 204 на ФОН Универзитетот).

Студентите од одделенијата во Струга и Струмица ќе добијат дополнителни известувања од одговорните лица.

Со почит,

ФОН Универзитет

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?