Церемонија за доделување дипломи

Почитувани Дипломци, Специјалисти и Магистри,

Ни претставува особена чест да Ве поканиме на свечената церемонија во Ваша чест на која ќе Ви бидат врачени дипломите.

Ве известуваме дека на 11.04.2017 (Вторник) со почеток во 14 часот на Универзитетот ФОН во Скопје ќе се одржат церемонии за доделување на дипломи за оние кои дипломирале, специјализирале и магистрирале во перидот помеѓу 01.01.2016 и 01.01.2017

СПИСОКОТ НА СТУДЕНТИ ГО ИМАТЕ НА ОВОЈ ЛИНК. ДОКОЛКУ НЕ СТЕ НА СПИСОКОТ А СТЕ ДИПЛОМИРАЛЕ, СПЕЦИЈАЛИЗИРАЛЕ ИЛИ МАГИСТРИРАЛЕ во горе наведениот период ТРЕБА ДА СЕ ОБРАТИТЕ НА 02 2 44 55 03 или 070 345 999 или на info@fon.edu.mk

Важно студентите треба да дојдат еден час пред почетокот на церемонијата за да ги облечат свечените тоги и со себе да понесат уплатница со 1200 денари уплатени на жиро сметката на ФОН Универзитет со назнака - За диплома.  За тогата се доплаќа 800 денари.

Студентите може трошоците БЕЗ БАНКАРСКА ПРОВИЗИЈА да ги платат и пред почетокот на церемонијата во аулата на универзитетот.

Ве известуваме дека заради распоредот на доделување на дипломите ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да го потврдите вашето присуство на 02 2 44 55 03 или 070 345 999  или info@fon.edu.mk, НАЈДОЦНА до 10.04.2017 (Понеделник) доколку не го потврдите Вашето присуство, нема да бидете на списокот за доделување и нема да може да облечете свечена тога.

Ве молиме детално да ги пратите следниве упатства и распореди кои важат за сите кои дипломирале, специјализирале и магистрирале на одделенијата во Скопје, Струмица и Гостивар и Струга.

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?