Прв колоквиум за летен семестар 2017

Динамиката за полагање прв колоквиум за прв и втор циклус за летниот семестар 2017 ќе се одвива на следниов начин:

Колоквиумската недела ќе се спроведе од 06 до 17 април 2017. 

Уплаќање за ратата за школарина како и за пријавување колоквиуми се врши од 01.04 до 05.04 2017.

Колоквиум чини 460 денари

Полагањето на колоквиумите ќе биде согласно распоредот кој ќе биде објавен на интернет страницата на ФОН во делот Распореди.

ПРЕПОРАКИ:

- Ве молиме да не чекате до последен датум односно 5 април за уплата на ратите за школарина и колоквиуми. На банките понекогаш им се потребни неколку дена да ги реализираат финансиите и истите нема да бидат веднаш видливи во вашиот електронски индекс. Доколку не се видливи, вие не можете да пријавувате испити и колоквиуми.

- Датумите за пријавување на испити и колоквиуми во електронскиот систем се фиксни  Студентите кои нема да го почитуваат рокот за пријавување нема да може да полагаат во колоквиумската сесија.

- Не придржувањето кон динамиката за плаќање на школарината и навремено запишување на семестрите, повлекува автоматско префрлање на вашиот статус на студент во СПОРЕН.

- Доколку во вашиот електронски индекс не ви е овозможено од било која причина да пријавите колоквиум, тогаш треба да се обратите на студентски прашања. Последниот ден за пријавување на студентски прашања е 6 април 2017.

Информации за вашите финансии можете да добиете и телефонски на 02 2 44 55 14 или 02 2 44 56 06

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?