Вонредна мајска испитна сесија

Се известуваат студентите дека вонредната мајска испитна сесија ќе се организира во периодот од 15.05.2017 заклучно со 19.05.2017 год.

Ве известуваме дека во оваа сесија студентите кои поднеле молба до своите декани и добиле одобрение за предвремено полагање од јунска сесија имаат право да ги пријават и испитите од летниот семестар.

Уплата, логирање и пријавување на испит за априлската испитна сесија ќе се врши во периодот од 05.05.2017 до 16.05.2017 год. ИСКЛУЧИВО ПРЕКУ ВАШИОТ ЕЛЕКТРОНСКИ ИНДЕКС. Доколку имате проблеми со електронскиот индекс испити може да пријавите и на студентски прашања. 

Уплатата за испит изнесува 1510 ден. Студентите со неподмирени долгови за школарина или незапишан семестар нема да имаат можност за полагање.

Уплатата за школарина, семестрални трошоци и испити се врши на посебни уплатници на жиро сметката на ФОН - 300-000-003-207-729 Депонент Комерцијална Банка.

Проверка на вашите финансии можете да извршите во службата за сметководство или на 02/ 2 44 55 14

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?