ЕДУКАТИВНА ПОСЕТА НА СТУДЕНТИТЕ И АКАДЕМСКИОТ КАДАР НА АРХИТЕКТОНСКИОТ ФАКУЛТЕТ ПРИ ФОН УНИВЕРЗИТЕТ НА ФАБРИКАТА НА KNAUF ВО ДЕБАР

ЕДУКАТИВНА ПОСЕТА НА СТУДЕНТИТЕ И АКАДЕМСКИОТ КАДАР НА АРХИТЕКТОНСКИОТ ФАКУЛТЕТ ПРИ ФОН УНИВЕРЗИТЕТ НА ФАБРИКАТА НА KNAUF ВО ДЕБАР.

Компанијата Кнауф е регионален и светски лидер во пронаоѓање решенија во градежната индустрија и производител на градежни материјали со преку 20.000 вработени, кои работат во повеќе од 150 фабрики во целиот свет. Еден од ретките рудници богат со најчист кристал од којшто се прозведува гипсот, кој е единствен во светот со такви карактеристики, се наоѓа токму во Македонија, во близина на градот Дебар.

Како идни архитекти кои што треба да се стекнат со практични знаења од областа на архитектонските конструкции и градежните материјали, студентите на Архитектонскиот факултет при ФОН Универзитет ја посетија кристалната јама, присуствуваа на стручни предавања за прозиводите на Кнауф и детално се запознаа со технолошкиот процес во фабриката за производство на материјали. Со тоа студентите на најнепосреден начин во практиката имаа можност да ги прошират своите знаења за својствата на најновите градежни материјали и нивната примена во архитектурата и градежништвото.

Галеријата со фотографии може да ја погледнете на овој линк

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?