ДО ПОДОБРО РАБОТНО МЕСТО!
ОБУКА - ПРАКТИЧНИ ВЕШТИНИ ВО СМЕТКОВОДСТВО, ДАНОЧНО ЗАКОНОДАВСТВО И КОНТРОЛА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ
Бесплатен софтвер, прирачници, и попуст за студентите на ФОН Универзитет
ТЕРМИН
17-ти Maj 2017, понеделник/среда од 17:00 до 20:00 часот, 16 дена
НАЧИН НА РАБОТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЕДУКАЦИЈА
- Обуката е поделена во два модула:
Модул 1 Практично запознавање со начинот на евидентирање на настаните, запознавање со законите за ДДВ и ДД:
- Евидентирање на сметководствени настани
- Пресметки поврзани со евидентирани настани (амортизација, отпис на ситен инвентар, даноци и придонеси од плата)
Модул 2 Изработка и контрола на финансиски извештаи за три пилот компании:
- Контрола на салдата на сметките и логичка контрола на процедури на евидентирање
- Изготвување на пријави за данок на додадена вредност и даночен биланс за данок на добивка
- Изготвување на финансиски извештаи за пилот компаниите
- Работа во мали групи, што гарантира висока интерактивност.
- Фреквенцијата на одржување на обуката е два пати неделно во траење од два месеци.
- Специфика на Центарот за обука е тоа што не постојат PowerPoint слајдови, туку тренерот активно пишува, визуелизира, објаснува при што несебично го пренесува своето знаење и богато искуство. Овој метод се покажа како најдобар начин за пренесување на знаењето.
- Секој учесник работи самостојно, и има можнот сам да ги изготвува и контролира финансиски извештаи со користење на софтвер снимен на USB.
ЦЕНА
Цена со попуст за студенти на ФОН 15.000 ден
Плаќање на три рати
За кого е наменета обуката
„Нашите обуки се значајни како за младите кои штотуку навршуваат високо образование, а немаат практично искуство кое честопати е предуслов за вработување, така и за сите оние кои имаат амбиција да имаат подобро работно место во финансиските сектори. Тука спаѓа и онаа група на сегашни или идни претприемачи кои сакаат да се запознаат со даночното законодавство заради намаллување на даночната изложеност во нивната компанија. Со оглед на динамиката и апетите за раст и развој на бизнисите денес, овие знаења и вештини кои ние ги пренесуваме на нашите слушатели се неопходни за успешна интеграција во бизнис заедницата“, вели Кристина Тилиќ, менаџер на Нова консалтинг и едукација.
ПРЕДАВАЧ
Кристина Тилиќ е еден од најискусните професионални тренери во Македонија од областа на сметководство, финансии и контролинг, со повеќе од 20 годишно искуство како тренер и над 200 одржани двомесечни обуки. Таа има повеќе од 22 години искуство во областа на финансиите, контролингот и менаџментот, работејќи како програмер, раководител на сметководствено одделение, контролор, менаџер на контролинг, финансиски менаџер и извршен директор. Има развиено 4 различни тренинзи од областа на сметководство, финансиите и контролинг.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Секој учесник треба да достави ПРИЈАВА ЗА ОБУКА, на следниов линк http://novakonsalting.mk/edukacija/smetkovodstvo-1/prijava/
КОНТАКТ
Тел. (02) 3 22 00 54, 078 383 053, 070 383 052, www.novakonsalting.mk
