Информација за продолжување во 5 година

Почитувани

Ве известуваме дека сите студенти кои се запишани на специјалистички студии односно во 4та година, најдоцна до 20 јули треба да се изјаснат преку писмена изјава на студентски прашања на ФОН Универзитет во Скопје, Струмица или Струга дали ќе продолжуваат во 5та година односно магистерски студии.

Школарината за 5та година ќе изнесува 2000 евра во денарска противредност, истата се плаќа на следниов начин:

- 30850 денари при поднесување на изјавата

- 5 месечни рати по 18510 денари од Јануари до Мај 2018

Студентите кои нема да се изјаснат писмено до 20 јули, ќе се смета дека остануваат само во 4та година и по Септемвриската испитна сесија ќе треба да се подготват за пријавување на специјалистички труд.

Студентите кои продолжуваат во 5та година не подготвуваат специјалистички труд туку само магистерски по завршувањето на 10тиот семестар.

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?