Пријава на дипломски труд за апсолвенти

Почитувани апсолвенти,

Ве известуваме дека во периодот до 30 април студентите на прв циклус на студии е потребно да пријават дипломски труд преку архивата на Универзитетот.

1. За да пријавите дипломски труд, потребно е да го имате запишано тековно 6-ти семестар во академската 2017-2018г. односно 8-ми семестар на факултетот за странски јазици.

2. Испитите од втора година треба да ви се положени

3. Потребно е да одберете ментор од редот на професорите од вашиот факултет и во договор со менторот да одберете тема за дипломска работа

4. Пријавата на темата се одвива преку архива со уплатница од 3080 денари.

5. Правилникот за подготвување на дипломската работа, форматот, содржината и самата одбрана може да го преземете на овој ЛИНК

6. Доколку пријавувате тема надвор од предвидениот рок од 30 април а задоволени се условите во точка 1 и точка 2 од ова соопштение, возможно е да нема ментор на располагање во следните 6 месеци.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?